7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Традицијата продолжува, Прилеп ја чествува градската слава Свети Никола

Чествувањето на градската слава „Св.Никола“ како и секоја година точно на пладне започна со  прережувањето на славскиот колач пред Параклисот во центарот на Прилеп, посветен на заштитникот на градот „Св.Никола“. Прилеп по 17-ти пат ја  слави својата градска слава посветена на Свети Николај Чудотворец, светецот кој што својот живот го посветил на праведноста, помошта за немоќните, а се слави и кај римокатоличката црква.  Светиниколската трпеза ја благослови владиката Петар, кој при тоа посочи за почитување на вистинските вредности, како луѓе, како христијани, но и како држава, наместо, како што рече да бидеме водени од интересите.

   „Интереси на верата почнавме да имаме, а не вистинска вера како што треба, браќа и сестри. Св. Николај бил милостив кон сите оние што биле онеправдани. А кај нас кој не е онеправдан? Онеправдани сме прво како држава, ни го сменија името и ни се подбиваат. Сега уште други некои промени ќе правеле, па и Устав ќе менуваме и што уште не ќе правиме само да им угодиме на другите на наша штета“, рече владиката Петар.

Прилеп е познат по негувањето на традиционалните вредности и ќе продолжи по тој пат, посочи градоначалникот Борче Јовчески.

Традицијата претставува идентитет на секоја држава, а нешто што не прави горди нас како прилепчани е токму ова, чувањето и негувањето на вистинските вредности, верата, традицијата и историјата. Токму затоа нашата Локална самоуправа ќе продолжи да го развива актуелното творештво но исто така и да ги чува и негува локалните традиции и духовноста, обновувајќи го Прилеп како препознатлива дестинација во која ќе може секој гостин добронамерник да не посети и да го доживее духот на вековното традиционално наследство, рече Јовчески.

Годинешните кумови Гордан Бошкоски и Коста Тошески од Теракота Инжинеринг, повикаа и упатија порака за единство и надминување на разликите.

„Ние како прилепчани да се обединиме, да заборавиме на антагонизмите и да ги оставиме суетите настрана заради тоа што само обединети и само заеднички можеме да го оствариме сонот Прилеп да стане еден од најубавите градови за живеење , рече Бошкоски.

Следната година домаќин ќе биде Ирена Јакимовска со компанијата „Комфи Ангел”, таа потсети дека ние, луѓето, сме тие кои што ја градат традицијата.

„Овој град знаел да покаже дека се сакаме меѓусебе и покрај тоа што знаеме да бидеме понекогаш сурови, меѓутоа едно треба да запаметиме – ние сме оние кои што ја правиме традицијата“, – рече  Јакимовска.

Домаќините на годинешната слава обезбедија над 300 порции светиниколски ручек со сармички, риба, гравче… кои беа поделени во центарот на Прилеп.

Би можело да ве интересира

Утре, (сабота) без струја ќе останат неколку улици и села во прилепско

Пела Редакција

Трета година по ред “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” во сите општини во Македонија (ФОТО)

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Карески: Фокусирани сме на аранжманите кон земјите од соседството (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе