Акцијата за пронаоѓање на исчезнатото лице, Кирил Пипуноски, од Крушево кој е на возраст од 64 година, продолжува и денеска со проширувањето на периметарот на трагање и вклучување на повеќе луѓе, информираат од ЦУК. Во акцијата учествуваат 30 полициски службеници од ОВР Крушево, 4 лица од единиците за брзи интервенеции од ДЗС, една екипа од МВР со куче трагач и се очекува пристигнување на хеликоптерот од МВР, РЦУК Крушево со тројца вработени, а истовремено се ангажирани уште едно куче трагач од страна на семејството, ловното друштво ЕЛЕН со околу 60 ловџии кои трагаат на терен на различни локации, двочлена екипа од Шумска полиција со едно возило и околу 50-тина граѓани доброволци.
Се пребаруваат сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места. Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации.
Инаку, потрагата трае во континуитет од самото пријавување во МВР, од 14:45 часот во Полициската станица (ПС) Крушево во четвртокот (22.12.2022 година). Во акцијата вчера учествувале 14 полициски службеници од ОВР Крушево, 3 лица од единиците за брзи интервенеции од ДЗС, една екипа со куче трагач и еден хеликоптер од МВР, ловно друштво „Елен“ со 15 ловџии, екипа од Шумска полиција и околу 50-тина граѓани доброволци. Се пребарувале сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места. Потрагата во вечерните часови продолжила во градот, населените места (колиби, напуштени куќи, штали) и слични места. Полицискиот хеликоптерот што трагаше беше повлечен вчера во 16:00 часот. Се трагаше кон шумските појаси кон с. Бирино и манастирот Свети Спас, но лицето до вчера не беше пронајдено.
Семејството апелира за помош и информира дека оној кој ќе го види да ги контактира на тел: 078 466 516