10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Општинскиот кризен штаб заклучи: Едукација и показни вежби за евакуација без паника при лажни дојави

Итна седница на Општинскиот кризен штаб за мерките кои ќе се преземат при дојавите на бомби во прилепските училиштата и за безбедносната состојба во градот свика градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, на која присуствуваа  претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, претставници од Општина Прилеп,  од МВР – ОВР Прилеп , преставници од ТППЕ Прилеп, јавните комунални претпријатија, јавните здравствени установи, преставници од подрачната единица на ЦУК – Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување.

Инспекторот за заштита и спасување на Дирекцијата за зашита и спасување, Аврамоски ја истакна важноста од вежбите за евакуација во училиштата, детските грдинки, болници, старски домови. .. Секоја година , рече тој, се доставуваат правилниците за заштита и спасување во институциите и тие се задожени да ги спроведуваат  показни вежби  за евакуација, заштита и спасување.

„По дојавата за бомби , училиштата правилно реагираа со правилна евакуација на учениците и наставниците. Но, мора почесто да се пременуваат тие показни вежби за да се скрати времето на евакуација и да се избегне  паниката. Се работи за објекти од посебно значење, во овој слуачај училишта,  и токму таквите обкти потребно е да бидат подготвени за спроведување на  безбедна евакуација„

Градоначалникот на Прилеп на седница на Општинскиот кризен штаб посочи дека децата, учениците и воопшто, граѓаните на Прилеп се на прво место  кога е во прашање безбедноста и соопшти  дека како прв човек на градот ќе остане во контакт и во координација со сите надлежни институции до целосно расчистување на овие случаи кои предизвикаа паника кај родителите, децата и вработените во образовните колективи каде беше потенцирано дека се поставени експлозивни направи.

 

Би можело да ве интересира

Најрадосната – Бадниковата поворка го најави Раѓањето Христово Божик (ВИДЕО-ФОТО)

Пела Редакција

На Плетварското езерце и оваа година ќе се полага Светиот крст за Водици

Пела Редакција

Песната „А бре, Македонче“ и Музичкото училиште слават јубилеј

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе