14.5 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

Македонската амбасада во Австрија донираше книги и едукативни помагала за изучување на германскиот јазик во училиштата

Со поддршка на македонската амбасада во Виена, Австрија, на иницијатива на ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Мрежата на ЛАГови беше обезбедена донација на книги, учебни помагала и едукативни игри за учење на германски јазик, како и литературни дела од австриски автори и авторки. Деновиве едукативниот материјал се распределува по училиштата во Прилеп и останатите градови во Македонија.

Донацијата е за основните училишта во нашата држава со што учениците ќе имаат можност да ги зајакнат своите јазични вештини за германски јазик и ќе се запознаат повеќе со австриското литературно творештво. Познавањето на странски јазик е богатство и голема предност во денешно време.  Македонската амбасадата со вакви иницијативи ќе продолжи да ги подобрува достапноста и квалитетот на изучувањето на странски јазици односно на германскиот јазик, и ќе им овозможи на учениците да се запознаат повеќе со културата и литературата на Република Австрија, посочи Марина Тошеска од Лаг Агро Лидер.

 

 

Би можело да ве интересира

Чешка ќе ја поддржи Македонија за влез во ЕУ и Нато

Елизабета Филипоска

Првото бебе во Прилеп во новата година е девојче

Пела Редакција

Невидливо геолошко наследство

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе