7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(20)

Пишува: Зоран Момироски 

  • ЦИРКУС ПРЕДНОВОГОДИШНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП. ЗА СОВЕТНИЦИТЕ ОД СДСМ АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ВИКА ИЛИЈА ЈОВЧЕСКИ. ЗА СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО ДПМНЕ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ВО ТЕКОТ НА РАСПРАВАТА ЗА НОВИОТ БУЏЕТ ЗА 2023 ГОДИНА ТЕЖОК ОКОЛУ 25 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КОЈ ОСНОВЕН Е 8 МИЛИОНИ И 700 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА СДСМ Е Е БУЏЕТ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ, А НЕ ЗА ВЕТЕНИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ РАЗВОЈ. ЗА СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ БУЏЕТОТ Е СКРОМЕН, НО ,,ЕДЕН ДЕН,, ЌЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТО СЕ’ ШТО Е ВЕТЕНО. ВАКОВ  БУЏЕТ ЗА ВМРО –ДПМНЕ Е РЕЗУЛТАТ НА НЕСПОСОБНОСТА И НЕДОМАЌИНСКОТО РАБОТЕЊЕ  НА ПРЕТХОДНАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ПРЕДВОДЕНА ОД ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ. СЕ СПОМНУВАШЕ И ФИНАНСИСКАТА ДУПКА ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ШТО БОРЧЕ ЈА НАСЛЕДИ ОД СВОЈОТ КОЛЕГА И МЕНТОР ИЛИЈА. ЗА СДСМ ПАК, СЕГАШНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ ПОТРОШИЛА 2.500.000 ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА ДВА НАЈМНОГУ ТРИ КИЛОМЕТРИ ЛОКАЛНИ ПАТИШТА. ТИЕ БАРААТ ИЗГРАДБА НА МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР, А ИМААТ И  УШТЕ СЕДУМ ПРЕДЛОЗИ КОИ ИМ СЕ ОДБИЕНИ. ДРУГИВЕ,МИСЛАМ СОВЕТНИЦИТЕ  ОД ВМРО-ДПМНЕ САКААТ, АМА ИМ ВЕЛАТ – ПАРИ НЕМА. НИВНИОТ СТАВ И НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГО БРАНИ ИРЕНА СТЕРЈОСКА-ЛОКВЕНЕЦ, И КАКО ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК И КАКО СОВЕТНИК. СЕДИ ДО НЕА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ И  КАКО ВОСОЧНА  ФИГУРА ИЗВАДЕНА ОД МУЗЕЈОТ ,, МАДАМ ТИСО “ СИ МОЛЧИ. АКО НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ОСТАВИЛ НЕЗАКОНСКА ДУБИОЗА ТРЕБА ДА ПОКРЕНЕ СООДВЕТНА ПОСТАПКА, А КАКО БИ ПОКРЕНАЛ ПРОТИВ КОЛЕГА МЕНТОР И ДРУГАР. ТОЈ САКА АМА ДУШАТА НЕ МУ ДАВА. И ТАКА УШТЕ ЕДЕН ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ ОРТОПЕДСКО ТРАУМОТОЛОШКИ МАНДАТ ЌЕ СИ ПОМИНЕ. А СЛЕДНИОТ КОЈ ЌЕ БИДЕ ИЗБРАН НА СЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ НЕКА МУ ЈА МИСЛИ КАКО ЌЕ ГИ САНИРА ,,ИСКРШЕНИЦИТЕ,,ОД ОВИЕ ДВАЈЦА ПРОФЕСИОНАЛНИ КРШАЧИ И МЕСТАЧИ. А ОВИЕ ОД ЛЕВИЦА ВИСТИНСКИ „ЦАРЕВИ“ СО ЕДНО ПРОСТО ПРАШАЊЕ ЗА КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ ГО ВАДАТ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ ОД „КОЛОСЕК“ КАКО ГОЛЕМ ТОВАРЕН ВОЗ КОГА СО ГОЛЕМА БРЗИНА НЕКОНТРОЛИРАНО ЌЕ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ. НЕ ДАЈ МОЖЕ ДА МУ ПОСТАВАТ НЕКОЕ ПОСЛОЖЕНО ПРАШАЊЕ!!!

 

  • ВЕСТА ДЕКА ПРЕДНОВОГОДИШНО НАВОДНО  ЌЕ ,,РОКААТ,,ТРИ БОМБИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ,  ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И БЛАЖЕ КОНЕСКИ ВО ГРАДОВ ЈА ПРИМИВ СО ИЗМЕШАНИ ЧУСТВА. ПРВО, БЕВ МНОГУ РАДОСЕН ШТО КОНЕЧНО ХАКЕРИТЕ СЕ СЕТИЈА ДЕКА ПОСТОИ  И ПРИЛЕП. СИ МИСЛЕВ ВО СКОПЈЕ, КУМАНОВО, БИТОЛА, АБЕ ВО ЕДНО ДЕЛЧЕВО И КАВАДАРЦИ ДВА МЕСЕЦИ СТИГНУВАЛЕ ЗАКАНИ ЗА ЛАЖНО ПОСТАВЕНИ БОМБИ ВО УЧИЛИШТА И ИНСТИТУЦИИ, А ВО ПРИЛЕП НЕМА?! СИТЕ КРЕНАЛЕ РАЦЕ ОД ОВОЈ ГРАД, ПА ДУРИ  И ОВИЕ КОИ ИМ ГИ ХАКИРААТ МЕЈЛОВИТЕ НА ДИРЕКТОРИТЕ. СИ ПОСТАВИВ ПРАШАЊЕ:  ЗАРEM  И ТИЕ ТОЛКУ ГО МРАЗАТ И ФРЛИЛЕ КАМЕН ОД ОВОЈ НАШ ГРАД?! ИСТО КАКО ПОЛИТИЧАРИТЕ, И ОНИЕ ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ И ОНИЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА, НО ETE ТРЕБАЛО ВРЕМЕ И ТРПЕНИЕ. НАСТАВНИЧКИОТ КАДАР И УЧЕНИЦИТЕ СПОРЕД СИТЕ ПРАВИЛА БЕА ЕВАКУИРАНИ, .А СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИТЕ ЕКИПИ ЗА АНТИТЕРОРИЗАМ УТВРДИЈА ДЕКА ЗАКАНИТЕ СЕ ЛАЖНИ.

 

  • ПРИЛЕПЧАНИ КАКО ПОЗНАТИ ШЕГАЏИИ ВЕСТА БЕЗ ДВОУМЕЊЕ ПОВЕЌЕ ЈА ПРИФАТИЈА КАКО ТЕМА ЗА МАЈТАП, ОД КОЛКУ СОСТОЈБА  ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ И ВОЗНЕМИРЕНОСТ. ЕДИНСТВЕНО ДЕЛ ОД  РОДИТЕЛИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ САМО ГЛАСНО РАСМИСЛУВАА И СЕ  ПРАШУВАА : КАКО МОЖЕ БAШ НА ДЕНОТ КОГА СЕ ЗАКАЖАНИ ТЕСТИРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ ДА СТИГНУВААТ МЕЈЛОВИ ЗА ЛАЖНО ПОСТАВЕНИ БОМБИ.?! НО И ПОКРАЈ ШЕГИТЕ НЕГОДУВАЊАТА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ПРЕКУ СООПШТЕНИЕ ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ. Е ТОА ТОЛКУ МНОГУ МИ СОЗДАДЕ НЕКАКОВ ПОСЕБЕН МИР И СПОКОЈСТВО ВО ДУШАВА ШТО СИ ПОМИСЛИВ: БРАВО ГРАДОНАЧАЛНИК ,,ЦАР“СИ БИЛ СЕ’ ТИ Е ПОД КОНТРОЛА! ЗНАЧИ  ТАТКОТО НАШ МИЛ ВЕЛИ: МИРНО МОЖЕ ДА СПИЕTE!!!! ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА МАКЕДОНИЈА ОСОБЕНО ОД КАКО СТАНА  ЧЛЕНКА НА НАТО Е  ПОД СИЛЕН ХИБРИДЕН НАПАД. ЗАКАНИТЕ ИМААТ ГЕОСТРАТЕШКА, ПОЛИТИЧКА И АВАНТУРИСТИЧКА ПОЗАДИНА, АМА БОРЧЕ НАШ И ПО СЕДНИЦАТА НА ОПШТИНСКИОТ КРИЗНИОТ ШТАБ НЕМА ПРВИЧНА ПРОЦЕНКА ОД КОЈ ТИП НА ЗАКАНИ ТИ Е ОВОЈ НАШ ПРИЛЕПСКИ СЛУЧАЈ.

 

  • ФАЛИМЕ УСТО ОТИ ЌЕ ТЕ РАСКИНАМ!!! ВО ИСТ ДЕН БЕЗМАЛКУ ВО ИСТ ЧАС ПРЕД НОВОГОДИШНО, ПРВА СЕ ПОФАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА КЕТИ СМИЛЕСКА. ГИ СОБРА НОВИНАРИТЕ ДА ИМ КАЖЕ ДЕКА НАБАВИЛЕ РЕТКИ  АПАРАТИ И ТОА  ЗА ИСТЕГНУВАЊЕ НА ТЕЛОТО ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ. ФИЗИКАЛЦИТЕ МИСЛАМ  НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА ВЕЛАТ ДЕКА ДОБИЛЕ ПОСЕБЕН АПАРАТ ЗА ЕЛЕКТРО ПРОЦЕДУРИ И АПАРАТ ЗА ЈАКИ УЛТРА ЗВУЧНИ БРАНОВИ. ЗА ОВА БИЛЕ ОБЕЗБЕДЕНИ НАД 20.000 ЕВРА. НЕ  ОСТАНА ПОКУСО НИ ВМРО-ДПМНЕ.ЈП КОМУНАЛЕЦ ДОБИ НОВ КАМИОН –ЦИСТЕРНА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ СО ВОДА. СЕГА УЛИЦИТЕ И ТРАТОАРИТЕ  ЌЕ БИЛЕ МНОГУ ПОЧИСТИ. ОТИ ДОСЕГА БИЛЕ, АМА НЕ ТОЛКУ. ВРЕДЕЛ 100.000 ЕВРА АМА ПАРИТЕ БИЛЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ПРЕКУ БИРОТО ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ. ВО ОВАА ПРИЛИКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВЧЕСКИ НАЈВЕРОЈАТНО ВОЗБУДЕН ОД НОВИОТ КАМИОН ЦЕСТИРНА ВЕЛИ: ПОСЕБНА ЧЕСТ МИ Е И ЗАДОВОЛСТВО МИ Е НА ТЕРЕНОВ НА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА НА КОМУНАЛЕЦ  ДА ЈА ПРЕДАДЕМЕ ВО УПОТРЕБА ОВАА ДЕВЕТТО – ТОНСКА ЦИСТЕРНА. ГО СЛУШАМ ЧОВЕКОВ И СЕ ПРАШУВАМ: ДАЛИ ИМА НЕКОЈ ДА МУ НАПИШЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОВ ТРИ РЕЧЕНИЦИ, ДА ГИ ПРОЧИТА И ДА ДАДЕ ИЗЈАВА КУСО ЈАСНО И ГЛАСНО. ИЛИ ВИ ПРИЧИНУВА ЗАДОВОЛСТВО ДА СЕ ,,МАЧИ“ И ДА ОБЈАСНУВА НА КОЕ МЕСТО КОЕ КОМУНАЛНО ВОЗИЛО ГО  ПРЕДАВА ВО УПОТРЕБА.

 

 

  • ПОСТХУМНО ПРОМОВИРАНА  КНИГАТА ,,ЧЕСТ И ВЕСТ “ОД  УРБАНАТА НОВИНАРСКА ЛЕГЕНДА ТАЧКО ЛОКВЕНЕЦ. ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА ,,БОРКА ТАЛЕСКИ,“ ПРЕД УРБАНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ЕЛИТА ВО ГРАДОВ И ОД ДРУГИ ГРАДОВИ ЗА ЛЕГЕНДАТА ТАЧКО ЛОКВЕНЕЦ И ЗА КНИГАТА ГОВОРЕА ЕРОЛ РИЗАОВ И ИВАН БОЈАЏИСКИ И ДИРЕКТОРКАТА НА БИБЛИОТЕКАТА МОНИКА ТАЛЕСКА. СО ЧЕСНИ ИСКЛУЧОЦИ ЕДИНСТВЕНО ШТО НЕДОСТИГАШЕ НА ОВАА ПРОМОЦИЈА БЕА ОНИЕ ОД НЕУРБАНАТА ЦЕЛИНА. ГИ НЕМАШЕ НИТУ ОНИЕ ОД ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ, НАЈВЕРОЈАТНО ПОРАДИ НАБИЕНА АГЕНДА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, ТРАДИЦИОНАЛНО ВО СВОЈСТВО НА ,,ДЕДО МРАЗ“ ГИ ПОСЕТУВАШЕ УЧИЛИШТАТА, А ЗА ДРУГИТЕ ОД СОВЕТОТ НА ГРАДОТ ШТО ЌЕ МУ Е ДА ГУБАТ ВРЕМЕ СО ПРОМОЦИЈА НА КНИГА, ПА ОД ТАЧКО ЛОКВЕНЕЦ.?!! ПА ОД НЕКОЈА СИ ТАМУ СЕГА ПОЧИНАТА НОВИНАРСКА ЛЕГЕНДА! НЕ ИМ ЗАБЕЛЕЖУВАМ НО ПРЕТПОСТАВУВАМ  ДЕКА ОВИЕ ОД ЛОКАЛНАВА САМОУПРАВА ВЕЌЕ СЕ УМОРЕНИ ОД ПРОМОЦИИ НА КНИГИ ВО НЕУРБАНИ СРЕДИНИ, И ЕТЕ РЕШИЛЕ ИЛИ ОД НЕВНИМАНИЕ ПРОПУШТИЛЕ ПРЕД УРБАНАТА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ЕЛИТА ДА НЕ СЕ ПОЈАВУВААТ.

 

  • КОГА СУМ КАЈ КОЛЕГАТА ТАЧКО ЛОКВЕНЕЦ МОРА ДА КАЖАМ ДЕКА ЛИЧНО ГО ПОЗНАВАВ ОД ДАЛЕЧНАТА 1964 ГОДИНА. КАКО ЦИМЕР НА МОЈОТ ПОКОЕН БРАТ ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО НИКОЛА МОМИРОСКИ. ЗА ЛИЧНИОТ НЕГОВ КАРАКТЕРОТ НЕ ГОВОРАМ. НО КАКО КОЛЕГА СЕКОГАШ БЕШЕ КОРЕКТЕН КОН СИТЕ НОВИНАРИ И НИКОГО НЕ НАВРЕДИ. ЕТЕ ТОЈ ТАКОВ, КАКОВ ШТО БЕШЕ ТАЧКО, ДЕНОВИВЕ РАЗБРАВ ДЕКА ТИ ГО ДОЖИВЕАЛ ДУХОВНО ПОНИЖУВАЊЕ. ИМЕНО, ДОДЕКА БЕШЕ ЖИВ ВО ТЕКОТ НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД МАНДАТОТ НА СДСМ ТИ ИМАЛО ПОЕДИНЕЧНИ ПРЕДЛОЗИ И РАЗМИСЛУВАЊА ЗА ЛОКВЕНЕЦ  ДА ДОБИЕ ТРЕТОНОЕМВРИСКА НАГРАДА. ЧОВЕКОТ БИЛ ПРАШАН И  ДАЛ СОГЛАСНОСТ, БИДЕЈЌИ СЕКОЕ ПРИЗНАНИЕ ЗА НЕГО  БЕШЕ ПРИЗНАНИЕ. АМА ОД СВОЈОТ РОДЕН ПРИЛЕП ТОА ЌЕ ГО ДОЖИВЕЕШЕ КАКО  НАЈГОЛЕМО И НАЈДРАГО. ЗА ЖАЛ, ПОРАДИ НЕИНТЕЛЕКТУАЛНИТЕ ГЛЕДАЊА И РАЗБИРАЊА НА НЕШТАТА КВАЗИ ИНТЕЛЕКТУАЛНИТЕ СИЛИ РЕКЛЕ НЕ!!!  ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА, ПОСМРТНО ОВА ПРИЗНАНИЕ МУ ГО ДОДЕЛИ СЕГАШНАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ОД ВМРО-ДПМНЕ. СЕГА СЕ БАРА АКТУЕЛНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ ДА ГО ВПИШЕ ИМЕТО НА ТАЧКО ВО ПАТЕКАТА НА СЛАВНИТЕ ПРИЛЕПЧАНИ НАПРАВЕНА  ОД ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ, А ТОТАЛНО ЗАБОРАВЕНА ОД ПРЕТХОДНИКОТ НА ЈОВЧЕСКИ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ, ИАКО ИМАШЕ ВО ПОСЛЕДНИВЕ ШЕСТ ГОДИНИ  ПОЧИНАА ПОВЕЌЕ  ПОЗНАТИ ПРИЛЕПЧАНИ ЧИИ ШТО ИМИЊА ТРЕБА ДА СЕ НАЈДАТ НА ПАТЕКАТА НА СЛАВНИТЕ.

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (68)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (35)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (29)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе