16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Почина Пеле бразилскиот крал на фудбалот

Пеле, бразилскиот крал на фудбалот кој освои рекордни три титули на светските првенства и стана еден од најпопуларните спортисти на 20. век, почина денеска на 82 години.  Легендарниот фудбалер се лекуваше од рак на дебелото црево од 2021 година. Смртта ја потврдил неговиот агент Џои Фрага.

Пеле се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Тој помина две децении на фудбалските терени како најдобар стрелец на бразилскиот клуб Сантос и на бразилската репрезентација. Вкупната бројка на голови во кариерата на Пеле се движи од 650 до 1.281, во зависност од изворите.
Во дебатите за најдобар фудбалер на сите времиња, неговото име се споменува во конкуренција на Диего Марадона, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Би можело да ве интересира

Гиче Локвенец : Одбојкарскиот клуб 11-ти Октомври ми е во срцето (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

(ВИДЕО)-Прилепските боксери во одлично издание на 32-то државно првенство

Никола Димески

Се испотепаа кошаркарите на Прилеп (Мега Баскет) и Тетово (Тетекс)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе