21.6 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Божиќен ручек за 500 деца во Прилеп

Заедничкиот Божикен ручек по 17 пат на Божик, утре, сабота ќе се одржи во Прилеп. Околу 500 деца од сите краишта на земјава ќе седнат заедно на Божикниот ручек и ќе ги упатат своите пораки за мир, благосостојба и радост на децата и безгрижно детство. Манифестацијата ја организира здружението Детската амбасада за сите деца во светот.

Целта и значењето на овој настан се мотив за нашата посветеност кон единството на децата, сплотени под едно небо, без никакви разлики по верска, етничка, јазична, или било која друга определба на децата, вели Петар Стојаноски од здружението.

Ручекот кој е на Божик напладне во прилепскиот хотел „Кристал Палас” ќе го благослови митрополитот Петар кој е и покровител, а како домаќин своите желби за безгрижен живот на децата ќе им ги упати прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Би можело да ве интересира

Бочварски: новиот автопат Прилеп – Битола започнува со изградба во април

Пела Редакција

Ѕуница доби донации од две прилепски училишта

Пела Редакција

Општина Прилеп доби Локален Младински Совет

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе