11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Ракометарите стартуваат од денеска – Чантурија ќе го “крои” составот (ФОТО)

По едномесечната пауза , попладнево од 16 часот е првиот собир и тренинг за ракометарите на Прилеп , во салата од СОУ Ристе Ристески – Ричко. Нормално за продолжението од шампонатот во суперлигашкото друштво , за плеј-аутот и борбата за опстанок , следуваат подготовки. Ќе биде познато и со кој играчки кадар ќе располага стручниот штаб на прилепчани , предводен од Реваз Чантурија.

Формата ќе се темпира за клучните натпревари сезонава и тоа до 12 февруари кога е и стартот на продолжението од плеј аутот , каде прилепските ракометари ќе ја бараат шансата за опстанок во лигата против Јуниор КВ , Скопје и Голден Арт м Струга , Куманово , Радовиш и Вардар Неготино. Првите пет екипи обезбедуваат опстанок , шестопласираниот ќе игра бараж а последните двајца во оваа конкуренција одат ранг подолу.

 

Би можело да ве интересира

РК Прилеп собир и упис во младите категории од 8 до 12 години

Пела Редакција

Затоа се на врвот во македонскиот бокс – БК АС пред своја публика се претстави во одлично светло (ФОТО)

Никола Димески

Крушевчанец ќе го носи знамето на ЗОИ – Македонија со тројца претставници во ПјонгЧанг

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе