8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

ВОДИЦИ 2023 Прилеп – Втора среќа за Марко Ристески (ВИДЕО)

Во Стара Црква – Св. Благовештение во Прилеп претпладнево се одржа централната манифестација за еден од најголемите православни празници Богојавление – Водици. Голем број на верници, во присуство на градоначалникот Борче Јовчески, претседателот на Советот Дејан Проданоски, во духот на верата и традицијата од рано утринава присуствуваа на црковната служба, чинот на осветување на водите и традициолното пуштање на гулаби  како симбол на Богојавление.

 

На чинот на положувањето на светиот крст  во водите на  базенот во дворот на црквата, учествуваа 20 тина деца, меѓу кои и една девојка, а најсреќен беше 14 годишниот Марко Ристески кој по втора среќа го извади светиот крст од осветената  вода на базенот во најстарата црква во Прилеп Св.Благовештение.

 

„Посакувам здравје и среќа. Ова ми е втора година како учествувам на Водици и лани го фатив крстот и сакам секоја година да учествувам,“ рече Марко Ристески, ученик во ООУ Блаже Конески во Прилеп кој доби пригодни награди од неколку општествено одговорни компании, од црквата и градоначалникот на Прилеп.

На чинот на осветување на водите на Водици присуствуваа голем број верници, кои понесоа од осветена вода за здравје и заштита на нивниот дом, а црковниот двор на црквата Св. Благовештение беше исполнет  од голем број верници кои сакаа да бидат дел од овој свет чин.

Чинот на положување на Светиот Крст во водите на Богојавленије – Водици се одржа и во сите останати црковни храмови  во Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Концерт на КУД Дримкол од Вевчани пред Цепенков

Гордана Цветаноска

Колку ќе чини буџетот за 2018 на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Депонии, депонии, депонии- се чистат, пак, со наши пари, а ние, пак, фрламе! Каде „лежи„ проблемот?!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе