Во тек е „Конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст“ распишан од Министерството за култура, во соработка со Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Целта на конкурсот е афирмација на современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори.
Право на учество на конкурсот имаат сите автори, државјани на Република Македонија, кои може да конкурираат со најмногу два македонски драмски текста кои не биле објавени ниту поставени на сцена претходно.
Врз основа на Конкурсот денеска Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ – Прилеп распиша повик за комисија која ќе ги избере текстовите.
Комисијата за избор , како што информира МТФ „Војдан Чернодрински“, треба да ја сочинуваат пет члена од редот на вработените и/или дипломирани драматурзи, театарски режисери и театролози.
Секој што сака да учествува може да испрати своја кратка биографија и список на објавени книги, драмски текстови или поставени театарски претстави на [email protected] најдоцна до 15 февруари 2023 година.
Тука е линкот до конкурсот на Министерството за култура