12.8 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Да ги поддржиме пациентите со цистична фиброза на протест в сабота, пред Владата

В сабота во 12 часот пред Владата во Скопје, Асоцијацијата за цистична фиброза организира протест со цел Министерството за здравство да ги исполни нивните барања за современа терапија. Од Прилеп пријатели, роднини организираа бесплатен превоз за сите кои сакаат да дадат поддршка со претходна најава кај Сашко на тел. 077 535 500 . Тргнувањето е од 8 часот и 45 минути, од Стара автобуска станица, Прилеп.   Пациентите со цистична фиброза се борат со институциите на системот, современата терапија потребна за лекување на оваа тешка болест да се најде на позитивната листа од Фондот за здравствено осигурување.

– Борбата продолжува со надеж дека ќе се ослободат нашите бели дробови од бодликавата жица и ќе пораснат 65 рози. Борбата продолжува со надеж дека ЦФ ќе значи Целосно Функционални наместо Цистична Фиброза – велат од Асоцијацијата.

Порачаа дека борбата продолжува со надеж дека „ќе се ослободат нивните бели дробови од бодликавата жица и ќе пораснат 65 рози“.

Би можело да ве интересира

Информиран пациент – подобра грижа за сопственото здравје

Елизабета Филипоска

Вечер на староградска музика „Звуците на градот“

Проданоски: Прилеп бил и ќе биде градот херој, предвесник на новите промени!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе