13.6 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Роденденот на Гоце Делчев во Прилеп се слави со песна (ВИДЕО)

Играорната група од основното училиште во Прилеп кое со гордост го носи името на великанот и апостол на македонската револуционерна мисла и дело – Гоце  Делчев, предводена од наставникот Трајче Каралиоски, денеска на уникатен начин го одбележа неговиот роденден. Со оро и песната „Софка на татко“ во избедба на Каралиоски, автентична мелодија од кукушко, родниот крај на Гоце Делчев, беа чествувани 151 година од неговото раѓање.

„Играорната група во која членуваат 30 тина ученици со голема љубов ги подготвува сите настапи, а особено оваа песна која потекнува од Егејска Македонија, од градот Гумеџа, кукушко. Децата беа пресреќни што на ваков начин го одбележавме роденденот на нашиот патрон,“ вели Каралиоски.

 

Би можело да ве интересира

Нови рестриктивни мерки, проширен полициски час, угостителските објекти се затвораат

Гордана Цветаноска

Градоначалникот Јованоски, побара од Петар Ристески извинување и повлекување на изјава

Елизабета Филипоска

Одводен канал за атмосферска вода – нов значаен инфраструктурен проект на ЈКП В и К

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе