8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

СОУ „Ристе Ристески Ричко“ учествуваше во Erasmus+ проект „Next level of education“

СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп ова лето, во период од 3 седмици, учествуваше во Erasmus+ проектот „Next level of education“, односно „Напредно ниво на образование“, во градот Барселос, Португалија. Група од 16 ученици од секторот Графичарство и секторот Сообраќај, транспорт и складирање, придружувани од 2 професори, во периодот од 30 јуни до 20 јули имаа можност да ги усовршат своите вештини, работејќи и стекнувајќи пракса во реални компании и центри за обука во Португалија.

Истовремено учениците ги подобрија и своите комуникациски вештини на англиски јазик и имаа можност да ги посетат позначајните места во Португалија за да се запознаат со тамошната традиција и култура. Проектот беше поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија, преку Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Прилеп: Планираме капитални инвестиции од буџетот од 8 и 8,5 милиони евра на годишно ниво за општина Прилеп

Пела Редакција

Промоција на нова книга за деца од Лина Димоска

Пела Редакција

За понеделник ЕВН планираат прекин на струјат на две прилепски улици

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе