30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

„Соседска патрола“ на полицијата со родителите во ноќно патролирање во Прилеп

При синоќешната „Соседска патрола“ активност која ја спроведува полицијата со родители, во рамките на проектот „Безбедно лето“, во Прилеп, полицијата, во два угостителски објекта затекнала пет малолетници кои консумирале алкохол.

Мешаната патрола, од полиција, тодители и  педагошки служби од основни училишта, која патролираше по 22 часот, посети паркови, повеќе кафулиња, ноќни локали имаше со цел да видат каде младите, особено малолетниците ги поминуваат вечерните часови, со кого и како.

Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола соопшти  дека ваквите превентивни активности ќе продолжат и во наредниот период.

– Целта на ваквите активности е родителите на малолетниците да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца и како да се препознаат и превенираат ризиците од вакви појави на девијантно однесување, вели Стаматова.

Би можело да ве интересира

Малолетно момче со ловечка пушка го застрелал малолетниот братучед

И го украл накитот – уапсено лице заради поседување марихуана и прашкаста материја

Претрес во крушевско, пронајдено оружје

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе