1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Од март зголемување на минималната плата и во приватниот и во јавниот сектор

Минималната плата идниот месец најверојатно  ќе биде околу 20 500 денари во приватниот и јавниот сектор. Зголемувањето ќе значи за 2 000 денари линеарно да се покачат и платите во државната администрација, средства што се предвидени во сите институции, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој што е убеден дека за законското решение ќе дадат поддршка сите политички партии.

Министерството за финансии ги направило сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.

-Воведовме законско решение за утврдување на минималната плата. Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите. Имајќи го предвид зголемувањето на минималната плата, очекувам дека покачувањето ќе биде над 2 000 денари линеарно за секоја категорија во државната администрација. Ако некој се спротивстави на зголемување на платите, мислам дека ќе направи голема грешка, а ако треба да се носи законско решение, најверојатно ќе го поддржат сите политички партии. Треба да направиме се што е во наша можност за да ги зголемиме платите, имајќи ги предвид инфлацијата и очекувањата на граѓаните и во таа насока ќе постапиме како Влада, посочува министерот Бесими.

Би можело да ве интересира

Група здравствени работници протестираа пред прилепската болница

Пела Редакција

Прилеп втор ден под водена опсада

Гордана Цветаноска

Трибина на тема: Што е тоа културно наследство?

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе