7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп ќе обезбеди помош за населението погодено од земјотресот во Турција и Сирија

Прилеп ќе обезбеди финансиска и логистичка помош за населението погодено од земјотресот во Турција и Сирија, информираат од општината. Солидарноста и рака за поддршка во овие тешки кога е најпотребно,  ќе подаде и Општина Прилеп, за што, градоначалникот Борче Јовчески поднел барање за итна седница на Советот.

После немилите вести на кои сите бевме сведоци во текот на вчерашниот ден и искрено изразеното сочувство до народот во Република Турција и Сирија, денес веднаш презедов иницијатива и во координација со претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, поднесов барање за одржување на итна седница на Советот, на која што преку одлука ќе бидат обезбедени финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп како донација за семејствата на настраданото население.
Искрено подаваме рака на целокупното погодено население и до сите градови и општини на нашиот братски народ во Република Турција.
Како градоначалник на Прилеп, заедно со претседателот на Советот и општинска делегација, имавме прилика изминативе денови лично да бидиме во Република Турција, во општина Бајрам паша, на покана на почитуваниот градоначалник Атила Ајданер, по повод збратимување на овие две општини и меѓусебна економска, културна и секаква друга соработка.
Веднаш после немилите сцени и настани кои што се случија во земјата, со длабоко жалење, во мојот говор пред градоначалникот, членовите на советот и сите присутни, изразив подготвеност дека нашата општина Прилеп ќе обезбеди финансиска помош во рамките на нашите можности и им понудивме друга помош и логистика доколку е потребно, а со тоа да знаат дека подадената рака значи дека нашата поддршка и солидарност веднаш ќе ја реализираме и дека нашите мисли во овие тешки мигови се искрено со нив!
Воедно упатувам апел до сите наши сограѓани од општина Прилеп во рамките на своите можности доколку се во состојба да помогнат преку Фондот на солидарноста на Црвен крст или телефонските броеви за донација!
Секоја помош е добредојдена!
Посакувам што побрзо закрепнување на повредените и што поскоро санација на погодените области од овој катастрофален земјотрес, општина Прилеп е со вас, посочува градоначалникот Јовчески.

Би можело да ве интересира

Крушево дезинфицира по најавата за отворање на сместувачките капацитеит

Елизабета Филипоска

Нема економски развој без квалитетни социјални услуги!

Сеземјоделски протест „ ИДНИНАТА НА ТВОИТЕ ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ“ на Петровден во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе