14.7 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Ќе се бара чаре за Универзалната сала!

Група спортски работници, вљубеници во спортот, спортисти, покренаа иницијатива за повторно ставање во функција на Универзалната сала, легендарниот спортски храм со кој што се поистоветуваат  многу успеси на прилепските екипи и незаборавни мигови на радост и пријателство. Ќе се бара Агенцијата за млади и спорт да биде посредник во изнаоѓање решение меѓу Јавното претпријатие за станбен простор во чија сопственост е објектот и Локална самоуправа Прилеп.

За таа цел денеска, вторник, 7 ми февруари во 18 часот, во големата сала на Општина Прилеп ќе се одржи состанок на кој што ќе се потпише петиција, со која ќе се делува овој проблем да се реши и конечно градот и спортистите, публиката, да имаат спортски објект каков што заслужува.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО- ГАЛЕРИЈА) ИКТ Центарот во Прилеп – основа за идниот Шенгенски информациски систем

Гордана Цветаноска

Седум дeна жалост во Македонија за трагичната несреќа во Кочани

Пела Редакција

Реализацијата на развојните планови во Прилеп наместо за една се развлекува за две наредни години

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе