11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прв меморијален шаховски турнир “МАТ”, учествуваа над 120 шахисти

Во чест на тројцата прилепски шаховски великани Митре Џајкоски, Александар Тодоровски и Тане Дулев,во организација на Шаховскиот клуб Прилеп и шаховскиот клуб Пелагон денеска во Прилеп се одржа првиот меморијален шаховски турнир “МАТ”. Прилеп отсекогаш бил и е град на шахот, каде преку шаховска игра се укинуваат сите бариери и разлики и континуирано се учат лекции и достоинствени победи, реми и порази.

Турнирот свечено го отвори претседателот на Шаховски клуб „Прилеп“ – Тони Кироски, а свое обраќање имаше Тереза Златеска директорка на СОУ “Орде Чопела” кое е домаќин на турнирот.

Љубовта и успесите во шахот ги споделија истакнати шахисти од нашиот град – примариус д-р Благоја Дамески и Никола Милошески кои веќе долги години се истакнуваат со своите вештини на победливо движење на фигурите на шаховската табла.

На турнирот учество зедоа над 120 учесници на возраст од 7 до 87 години, не само од нашиот град туку од целата држава.

„Се надеваме дека овој шаховски турнир кој воедно е и рејтингуван во ФИДЕ ќе прерасне во традиција и белег на градот Прилеп и во наредните години ќе прерасне во меморијален турнир препознаен во границите надвор од нашата држава,“ посочуваат организаторите.

Придобивките од изучувањето шах се многубројни и долготрајни, а Шаховскиот клуб „Прилеп“ и шаховскиот клуб „Пелагон“  преку турнири го промовираат шахот како алатка за дружење, едукација, забава истовремено промовирајќи го главното мото на шахистите: Сите сме еднакви.

Би можело да ве интересира

Што одговорија прилепчани на прашањето „Како денеска се живее во Прилеп?„

Елизабета Филипоска

Дизелот поскапува за 3 денари од полноќ!

Волонтери и матични лекари помагаат во прилепската болница, а има и слободни кревети

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе