5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

„Биди креатор на својата автономна зона„ порачаа младите од Младински Совет Прилеп

„Младите имаат идеи, креативност и голема енергија да обликуваат подобар свет. Младите се полни со надеж и преку иновации и имагинација, тие решаваат проблеми и имаат голем потенцијал да генерираат позитивна општествена промена во светот. Ајде да им помогнеме и на младите од Прилеп да ја остварат својата визија и да имаат Младински Центар!-порачаа младите од Прилеп собрани во центарот на Прилеп на Инфо Ден, во организација на Младински Совет – Прилеп.
Младинскиот Совет – Прилеп, преку проектот „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“, се залага за интересна иновативна иницијатива во Прилеп, Отворање на Младински Центар во Прилеп  каде младите ќе можат да креираат и создаваат политики за млади, за да можат да бидат активни во опшественото живеење во локалната заедница .
За да влиајат во подигнување на јавната свест кај младите, но и кај креаторите на локалните политики за нивна поголема одговорност и отчетност во локалната заедница, Младински Совет Прилеп во Центарот на градот, пред градскиот саат, организираа  ИНФО ДЕН, трет по ред. Преку т.н  методот „Булевар на Мислења“,на Инфо денот, младите кои го посетија центарот на Прилеп, имаа можност да даваат свои коментари, мислења, ставови за тоа „Каков тип на активности сакаат да нуди Младинскиот Центар“  иницијатива, која неодамнa започна да ја релизира Младинскиот Совет – Прилеп.

Младите, на Инфо денот,  рекоа дека сакаат да бидат активни креатори на младинските политики во својата локална заедница и затоа ја спроведуваат иновативната граѓанска иницијатива за да ја мобилизираат заедницата,  да ги поддржат и да ги активираат носителите на одлуки во локалната заедница да бидат потранспарентни во носење на одлуки за млади, па од центарот на Прилеп порачаа:  „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар!“

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) , а искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.

Би можело да ве интересира

Во среда 16 октомври во театар „Види, летам!“ претстава за траумите на лицата бегалци и лица без државјанство

Пела Редакција

„Промени го мислењето – остани надвор од маѓепсаниот круг“ Радио Пела во Северна Македонија ќе емитува радио драма за подигнување на јавната свест за спречување на трговија со луѓе

Енергетско ефикасни практики во земјоделствотo

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе