5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Централната прослава во Прилеп за 70 години од Сојузот на македонски извидници

Централната прослава на Сојузот на извидниците на Македонија по повод 7 децении од постоењето денеска се одржа во Прилеп на паркот „Могила на непобедените“. По тој повод повеќе од 400 извидници учествуваа во манифестацијата, а на прославата најмладите извидници од 6 до 10 години ја положија извидничката заклетва. Сојузот на извидници брои над 3.000 членови во земјава. За прв пат централната прослава се случува надвор од Скопје.

– Имаме континуитет и како организација се трудиме младите да ги упатиме на вистинскиот пат, да бидат сигурни и одговорни личности кои ќе придонесуваат во општеството. Имаме поддршка од прилепскиот извиднички одред „Феникс” и од градоначалникот, посочи Бобан Москов, претседател на Сојузот на извидници на Македонија.

Одбележувањето по повод 70 години од постоењето на Сојузот беше збогатено со низа пропратни настани. Извидничкото движење кое во светот има околу 60 милиони членови е големо и влијае на формирањето на карактерот, доблесните особини кај младите и формирањето на сигурна и одговорна личност.

„Во денешно време кога сме пренатрупани со технологијата, се’ поголем е интересот да се биде на отворено, да се дружиме да се социјализираме и секако, да изградиме извиднички вештини кои прераснуваат во животни вештини. Државата треба и финансиски да помогне, ние сме непрофитна доброволна организација и едноставно, да нè промовира како организација која придонесува за подобро утре на државата“, рече Ана Плетварец од Сојузот и началник на извиднички одред „Феникс” од Прилеп.

Младите велат дека недостига поддршка од државата за реализирање на активности со кои младит ќе ја изградат вистинските вредности.

„Недостасуваат повеќе активизам, волонтерство, правилни вредности кои се трудиме да ги негуваме, да се изградат млади во возрасни личности со повеќе вредности. Државата треба да помогне со институционална поддршка, со поддршка во настани, за програми кои се имплементираат за младите, со вклучување на младите во организациите и поддршка на стратегии и насоки за млади, во имплементирање акциски планови и програми во подобрување на образовниот систем, формалниот и неформалниот“, вели извидникот Дарко Тошиќ.

Извидништвото е движење кое промовира мир и традиционални вредности неопходни за младиот човек. Извидниците работат на практични, животни вештини и на развивање на тимскиот дух.

 

Би можело да ве интересира

Прилеп одбележува 77 години од смртта на народниот херој Кузман Јосифоски Питу

Гордана Цветаноска

Кога уметноста е во служба на човештвото – Билјана Јуруковски

Гордана Цветаноска

Градската болница се закити со признание од Владата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе