7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем (30)

Пишува: Зоран Момироски 

  • НЕДЕЛАВА ОДМИНА ВО ЗНАК НА 8 ми МАРТ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА. ЗАПОЧНА ВО НЕДЕЛАТА СО ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАРШ НА ЖЕНИТЕ ОД СДСМ. ПРОДОЛЖИ ВО СРЕДАТА СО ЗАБАВИ СЕДЕНКИ И ПРОСЛАВИ ПО ПРИЛЕПСКИТЕ КАФУЛИЊА. А ЗАВРШИ ВЧЕРА СО ИМСПРЕСИИ КОЈА ОД КОЈА БИЛА ПОУБАВО ОБЛЕЧЕНА, КОЈА КОЛКУ ПОПОДОБРО ИГРАЛА ОД ДРУГАТА ИЛИ КОЈА КОЛКУ ПОВЕЌЕ ВО ОПУШТЕНА АТМОСФЕРА ИСПИЛА ПОВЕЌЕ ОД ДРУГАТА. МЕЃУВРЕМЕ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ НА ЖЕНИТЕ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНАТА И ИНСТИТУЦИИТЕ ПОД НАДЛЕЖНОСТ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ НАМЕСТО ДА ИМ ПОДАРИ ИМ ПОДЕЛИЛ ПО ЕДЕН КАРАНФИЛ ВО ЗНАК НА ВНИМАНИЕ. КАРАНФИЛИ ИМАШЕ И ЗА СОВЕТНИЧКИТЕ ВО СОВЕТОТ АМА  ОВИЕ ОД СДСМ РЕШИЛЕ И ГОДИНАВА ДА ГО ИГНОНИРААТ ЧОВЕКОВ НЕБАРЕМ 8 МАРТ Е ОД СДСМ ИЛИ ОД ВМРО-ДПМНЕ. ИЛИ ПАК ИМПРЕСИОНИРАНИ ОД МАРШОТ  НЕ САКАА ДА СИ ГО РАСИПАТ НИВОТО, ВПЕЧАТОКОТ И РАСПОЛОЖЕНИЕТО СО ОВИЕ ОД ЛОКАЛНАВА ВЛАСТ. МАРШИРАА ОНАКА ЦВРСТО ВО СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ ДУХ СО ЈАСНИ ПОРАКИ И УШТЕ ПОЈАСНИ БАРАЊА: РОДОВА ЕДНАКВОСТ, НОВИ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЖЕНАТА И ЗА ПОГОЛЕМА ЗАСТАПЕНОСТ НА ЖЕНАТА ВО ПОЛИТИКАТА ВО ЛОКАЛНАТА И ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ. БАРААТ ВО СОВРЕМЕН СТИЛ НА ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ, А ВО СУШНОСТ ГО БАРААТ ИСТОТО ШТО ГО БАРАЛЕ 1913  КЛАРА ЦЕТНИК И РОЗА ЛУКСЕМБУРГ И МИЛИОНИ ДРУГИ ЖЕНИ ВО АМЕРИКА, АВСТРАЛИЈА, ДАНСКА, ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА И ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ. САМО ШТО ТОГАШ ТИЕ БАРАЛЕ ПОВИСОКИ ПЛАТИ, А СЕГА БАРААТ ПОГОЛЕМА МИНИМАЛНА ПЛАТА. СО ВНИМАНИЕ ГО СЛУШАМ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ ТАЧЕ ВО СВОЕТО ОБРАЌАЊЕ И ВО СЕБЕ СИ ВЕЛАМ : БРАВО ПРЕТСЕДАТЕЛЕ СИТЕ БАРАЊА СЕ НА МЕСТО. СЕГА Е ВРЕМЕ ТИЕ ТАКСАТИВНО НАВЕДЕНИ И ПРЕЦИЗИРАНИ ДА МУ ГИ ЛУПНИШ НА МАСА НА ПРЕМИЕРОТ ДИМИТАР КОВАЧЕСКИ, ПА ДА ВИДИМЕ ДАЛИ ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ПРИФАТИ И ИМПЛЕМЕНТИРА ИЛИ ЌЕ ГИ ИГНОРИРА. А ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ГО ПОСЛУШАШ ГЛАСОТ НА ЖЕНИВЕ ОД СДСМ И УШТЕ ВЕДНАШ ЌЕ ИНИЦИРАШ ЗАСТАПЕНОСТ НА ЖЕНИТЕ И ТОА 50:50 ВО СИТЕ СЕГМЕНТИ ВО ПАРТИСКИТЕ ОРГАНИ И ТЕЛА. ПА ПОТОА ВО ПАРЛАМЕНТОТ ВО ИЗВРШНАТА ВЛАСТ И НА ПОВЕЌЕ РАКОВОДНИ ФУНКЦИИ. АМА ТОА ДА БИДАТ ВРЕДНИ ЖЕНИ, А НЕ САМО ВЕРНИ НА ПАРТИЈАТА И НА ПОЕДНИЦИ ВО ПАРТИЈАТА. ОТИ ЗА ОВА МАХЕРИ СЕ И ОВИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ. ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА МАРШОТ ТИ ИЗЛЕГУВА СО РЕАКЦИЈА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ. И УБАВО МУ КАЖА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ И ПРЕМИЕР НА РСМ. ПРВО ДА И’ СЕ ИЗВИНЕЛ ШТО НАВРЕДИЛ НЕКОЈА НИВНА ПРАТЕНИЧКА ВО ПАРЛАМЕНТОТ, ПА ПОТОА ДА ЗБОРУВА ЗА ЖЕНСКИТЕ ПРАВА. ДА И ЈАС СУМ ДА И’ СЕ ИЗВИНИ И ГО ОСУДУВАМ ШТО ЈА НАВРЕДИЛ. МЕЃУТОА, ЈА СЛУШАМ РЕАКЦИЈАВА УПАТЕНА ОД ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА  И СИ ВЕЛАМ: БРАВО ВМРО-ДПМНЕ ,,СЕЛОВО ГОРИ-БАБАТА СЕ ЧЕШЛА“ А ВИЕ НА ЧЕШЕЛОТ МАНА МУ НАЈДУВАТЕ. ИМА ТОЛКУ МНОГУ ДРУГИ И МНОГУ ПОВАЖНИ РАБОТИ ДА СЕ АДРЕСИРААТ НА ОВАА АДРЕСА, А НЕ ДА СЕ МАРГИНАЛИЗИРААТ.

 

  • НИ ОВИЕ ОД СДСМ НИ ОВИЕ ОД ВМРО ДПМНЕ НЕ НАЈДОВТЕ СИЛА ОТВОРЕНО ДА ПРОГОВОРИТЕ ЗА ЗАЧЕСТЕНИТЕ ФИЗИЧКИ НАПАДИ И СЕКСУАЛНИ ЗЛОСТАВУВАЊА ВРЗ ЖЕНАТА, ЗА УБИСТВАТА И МАЛЕТРЕТИРАЊАТА. НО И ЗА МОБИНГОТ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА КОЈ СЕ КРИЕ ОД СТРАВ ЗА ДА НЕ СЕ ЗАГУБИ  И ТАА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД СЕГАШНИТЕ 18.000 ДЕНАРИ. НИ ЕДНИТЕ НИ ДРУГИТЕ НИТУ ПАК ОВИЕ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ НЕ ГО ОТВОРИЈА ПРАШАЊЕТО ЗА МОБИНГ НА РАБОТНО МЕСТО ШТО НА ЖЕНИТЕ ИМ ГО ПРАВАТ ШЕФОВИТЕ- ЖЕНИ, ОТКОЛКУ ШЕФОВИТЕ-МАЖИ. ПОЈАВА МНОГУ АКТУЕЛНА И ЗАГРИЖУВАЧКА КОЈА ЗАСЛУЖУВА  ЗА МНОГУ СЕРИОЗН ПРИСТАП. ПА ДА СЕ ОТВОРИ ПРАШАЊЕТО ЗОШТО Е ЗГОЛЕМЕНА И АГРЕСИВНОСТА МЕЃУ ЖЕНИТЕ. ПОТОА ЗОШТО ЗАЧЕСТИЈА  ФИЗИЧКИТЕ НАПАДИ НА ЖЕНИ КОН ЖЕНИ! А ДА НЕ СПОМЕНУВАМ ЗА НЕШТО КОЕ МНОГУ ТИВКО СЕ ГОВОРИ : СОПРУГА И ЌЕРКА ГО ПРЕТЕПАЛЕ НИВНИОТ СОПРУГ И ТАТКО, СЕСТРА ФИЗИЧКИ ГО  НАПАДНАЛА СВОЈОТ БРАТ, НАПУШТЕНО НОВОРОДЕНЧЕ ОД СВОЈАТА МАЈКА. ВРЕМИЊАТА СЕ МЕНУВААТ ТОЛКУ ВРЕМЕ ШТО ТРЕБА БРЗА ПРЕЦИЗНА И ТОЧНА РЕАКЦИЈА И ПО ОВИЕ ПРАШАЊА, ТРЕБА ПЛАН ТРЕБА СТРАТЕГИЈА. ТРЕБА АКЦИЈА, А НЕ ФЛОСКУЛИ, ПОЛИТИЧКИ СПИНОВИ И ДЕМАГОГИИ. И СЕТО ЗА УШТЕ ПОДОБАР ПОДОСТОИНСТВЕН СТАТУС НА ЖЕНАТА ВО СЕМЕЈСТВОТО И ВО ОПШТЕСТВОТО.

 

  • НЕОФИЦИЈАЛНО ОД ПРИЛЕП ЗАМИНУВААТ НАД 3200 НАШИ СОГРАЃАНИ !!! ХРВАТСКА ШИРОКО ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ИМААТ ЖЕЛБА ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ. НЕДОСТИГОТ НА РАБОТНИЦИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО, ТУРИЗМОТ И ЗДРАВСТВОТО ГИ ПРИНУДИ РАБОТОДАВАЧИТЕ  ДА ОТВОРАТ ИНТЕРЕСНИ И ПРИМАМЛИВИ ПОНУДИ. ДОДЕКА ОВИЕ ОД ЦЕНТРАЛНАТА И ОД ЛОКАЛНАТА СИ ИГРААТ ВЛАСТ, СЕ ЗАНМАВААТ СО „РЕКЛА-КАЖАЛА“ И СЕ ЗАТВОРЕНИ ВО СВОИ ТЕСНО ПАРТИСКИ ИНТЕРЕСИ, НЕОФИЦИЈАЛНО ОД ПРИЛЕП ДО ПРВИ МАЈ ТРЕБА ДА ЗАМИНАТ НАД 2000 ГРАЃАНИ И ТОА САМИ ИЛИ СО СВОИТЕ СЕМЕЈСТВА. ЛУЃЕТО ЕДНОСТАВНО НЕМААТ ВРЕМЕ И ПРЕКУ ГЛАВА ИМ Е ДОЈДЕНО ОД БИЗНИС КОАЛИЦИЈАТА ВМРО-ДПМНЕ –СДСМ. ОД НЕСПОСОБНИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ И ОД АДМИНИСТРАТИВНИ УСЛУГИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ОНАА НАРОДНАТА „ЛЕЖИ ЛЕБУ ДА ТЕ ЈАДАМ“. СО МНОГУ ЗНАЕЊЕ И СО ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ ЛУЃЕТО НЕ САКААТ И НЕ ДОЗВОЛУВААТ ПОВЕЌЕ ДЕКИОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ  СО ТАЈФАТА ИЛИ ЦАКИОТ ОД СДСМ СО НЕГОВАТА ТАЈФА  ДА ИМ ГИ РЕШАВААТ ЛИЧНИТЕ СУДБИНИ. НАПРОТИВ, СЕ’ ПОГОЛЕМ БРОЈ НАШИ СОГРАЃАНИ СИ ГО ФАЌААТ ПАТОТ СО КАРТА ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ. КАКО ТРГНАЛА РАБОТАВА НЕ ТРЕБА ДА НЕ’ ЗАЧУДИ АКО ЗА БРЗО  ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ДОБИЕ НОВА ФУНКЦИЈА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПЕНЗИОНЕРИСКИ ПРИЛЕП. ДОБРО УПАТЕНИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА И ЗА АПРИЛ СЕ  ПОДГОТУВА НОВА ХРВАТСКА ПОНУДА ОД ТАМОШНИТЕ РАБОТОДАВАЧИ. НО ТАА ПРЕД СЕ’ ЌЕ БИДЕ ЗА МАТУРАНТИ КОИ ЌЕ ЗАВРШАТ ЧЕТВРТА ГОДИНА ВО ЕДНО ОД ПРИЛЕПСКИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА.

 

  • ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГОТ НА ЛЕБОТ БРЗО СЕ НАДМИНА. АМА  ЦЕХОТ СЕГА ГО ПЛАЌААТ ГРАЃАНИТЕ. ВО БИТКАТА  МЕЃУ ВЛАДАТА И ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НЕМА ПОБЕДНИК. ЛЕБОТ НАШ НАСУШЕН НАМЕСТО 500 ГРАМА СЕГА СЕ ПРОДАВА ПО УТВРДЕНАТА ВЛАДИНА ЦЕНА 33 ДЕНАРИ АМА СО ТЕЖИНА ОД  450 ГРАМА. ФУРНАЏИИТЕ РЕШИЈА ДА НАМЕТНАТ  ИГРА  СО БРОЈКИ И БУКВИ ВО КОЈА  НАВИДУМ ИМА МНОГУ НЕПОЗНАТИ. И ТОА САМО СО ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ – НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА НЕ ИМ БИДЕ ЈАСНО ЗА ШТО СТАНУВА ЗБОР. ДИЛЕМАТА ЈА ОТКРИ ПЕРО СТОЈКОСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ НА МАКЕДОНИЈА.ТОЈ ТВРДИ ДЕКА ЛАНИ ПЧЕНИЦАТА СЕ ОТКУПУВАШЕ ЗА 20 ДЕНАРИ ЗА ЕДЕН КИЛОГРАМ. ГОДИНАВА ТАА  Е НАМАЛЕНА ОД 17 ДО  16 ДЕНАРИ. ИСТОВРЕМЕНО ДОДЕКА БЕРЗАНСКАТА ЦЕНА НА ПЧЕНИЦАТА ПАЃА, А ДРЖАВАТА СУБВЕНЦИОНИРА ЗА  ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА  И ЗА ФУРНАЏИИТЕ ТИЕ  БАРААТ СЛОБОДНО ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ БИДЕЈЌИ ТАА ИМ БИЛА МНОГУ НИСКА. ПО СЕГАШНА ОТКУПНА ЦЕНА НА ПЧЕНИЦАТА, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВЕЛАТ ЛЕБ ОД 500 ГРАМА НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПОСКАП  ОД 22 ИЛИ 25 ДЕНАРИ И ТОА ЗА ПАРЧЕ ЛЕБ ОД ПОЛОВИНА КИЛОГРАМ. ЗА РАБОТИТЕ ДА БИДАТ ПОЈАСНИ УПАТЕНИТЕ НИ ОТКРИВААТ: ОД ЕДЕН КИЛОГРАМ ПЧЕНИЦА СЕ ПРОИЗВЕДУВА 700 ГРАМА БРАШНО ЗА ЛЕБ. А ОД ЕДЕН КИЛОГРАМ БРАШНО СЕ ПРАВАТ ТРИ ЛЕБА ОД ПО 500 ГРАМА. ПО ОВАА МНОГУ ПРЕЦИЗНА И ПРОСТА МАТЕМАТИКА МОЖЕ ЈАСНО ДА СЕ ВИДИ  КОЈ ВО ОВАА ДРЖАВА ОД КОГО ПРАВИ БУДАЛА. СПОРЕД ОВИЕ ПАРАМЕТРИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕСМЕТААТ И ДЕЛ ОД БЕЛИТЕ ПЕЧИВА.

 

  • НА РЕГИОНАЛНИТЕ ПАТИШТА ВО ОПШТИНАВА ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ ТИ БИЛЕ УКРАДЕНИ 54 СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ. НАЈМНОГУ 26 СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ ОД ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ПРИЛЕП МАКЕДОНСКИ БРОД. ОСТАНАТИТЕ ШТО БИЛЕ ПОСТАВЕНИ НА ПАТНИТЕ ПРАВЦИ ПРИЛЕП -ТОПОЛОЧАНИ И ПРИЛЕП -КРУШЕВО. ЗНАЦИ, КЛУЧНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ, А СО ТОА И НА ЖИВОТИТЕ ОД СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ. ОВА Е ДЕЛ ОД ВЕРТИКАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА КОЈА НЕДОСТИГА, А ЈА ЕВИДЕНТИРАЛЕ НАДЛЕЖНИТЕ. НЕМА, А НЕ СУМ УБЕДЕН ДЕКА ЗА БРЗО ЌЕ ИМА ПОДАТОК, БИДЕЈЌИ НИКОЈ НЕ ГО ИНТЕРЕСИРА КОЛКУ ЗНАЦИ СЕ УКРАДЕНИ ИЛИ НЕДОСТИГААТ ВО ГРАДОТ?! НО СУМ УБЕДЕН ДЕКА ДЕФИНИТИВНО ВО 21 ВЕК ОВОЈ НАРОД И ОВАА ДРЖАВА НЕ ЛИЧАТ НА ЗЕМЈА СО ПРЕТЕНЗИИ ДА СЕ НЕГУВААТ ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ, ЗА КОИ, НА СИТЕ ИМ Е ПОЛНА УСТАТА. ОВДЕ НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ЗЛОБА ЗА НЕЗАДОВОЛСТВО ИЛИ ЗА ЕГЗИСТЕНЦИЈА, ИЛИ ПАК ЗА НЕДОСТИГ НА КУЛТУРА. ОВА НАЈМНОГУ ЛИЧИ НА МАЛОУМНОСТ И ДИВЈАШТВО КОЕ НИТУ НЕКОЈ ЗНАЕ, НИТУ СЕ ТРУДИ, НИТУ ПАК МОЖЕ ДА МУ СТАВИ КРАЈ.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (51)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (65)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (42)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе