30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчанец приведен од полицијата-бил пијан и со забрана за возење

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци ноќеска во 03.25 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, го лишиле од слобода А.М.(28) од Прилеп.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. Исто така, било констатирано дека возилото го управувал под активна забрана за управуање на моторно возило од „Б“ категорија, соопшти МВР.

А.М. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Прилеп домаќин на Европскиот куп во параглаjдинг

Во пресрет на Пиво Фестивалот се уредува централното градско подрачје

Пела Редакција

Во Градската библиотека се отвора прва трајна поставка на дела од прилепските уметници

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе