23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Злоупотребени концесии за над 2 000 хектари земјоделско земјиште

За неколку месеци продолжува распределбата под концесија на државното земјоделско земјиште, најави денеска министерот Цветан Трифуновски, а паралелно инспекторатот прави контроли на злоупотребите кои биле вршени изминатиот период.

– Завршија петте јавни повици кои беа ставени на располагање во декември и во јануари. Веќе се изготвени договорите, се испраќаат кај земјоделците. Нова распределба на земјиштето се очекува во јуни или во јули месец. Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на преземањето на Министерството, станува збор за околу 2000 хектари кои се откриени, но има и злоупотреба на субвенции кои се користеле од државата, биле бесправно. Контролата на инспекторатот за злоупотребата континуирано трае – рече министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска во Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

ОПШТИНА НОВАЦИ ДОБИ ЕВРОПСКО ПРИЗНАНИЕ ЗА ИЗВОНРЕДНОСТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Две втори места за учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ од Мало Коњари

Претседателски избори 2024: во Прилеп излезноста до 13 часот 31,35 %

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе