3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Станкоски: 150 години Тутунски Комбинат АД Прилеп – историја со предизвици и големи успеси

Тутунски комбинат Прилеп годинава одбележува голем јубилеј – 150 години постоење, што воедно ја прави и најстарата компанија во државата. Долга историја која е нераскинливо врзана за Прилеп, првиот град во Р.С. Македонија во кој почнало организирано тутунопроизводство, кој бил центар на тутунската индустрија на Балканот и главен производствен центар за тутун, цигари и научни сознанија за тутунот. Во овие еден и пол век имаше подеми,но и пад кој траеше 20 години и кој се закануваше да доведе до згаснување на Комбинатот. За сегашната позиција на ТКП како успешна компанија, резултатите и стратешкото партнерство со Филип Морис зборуваме со Кире Станкоски, генерален директор на ТКП.

Тутунски комбинат Прилеп годинава слави навистина голем јубилеј. Комбинатот е една од најстарите активни компании не само во земјава, туку и на Балканот. Како течеше развојот на ТКП?

Станкоски: Слободно може да се каже дека Тутунски комбинат Прилеп е нераскинливо врзан со она по што Прилеп е најмногу познат –  тутунопроизводството. Прилеп е првиот град во Македонија каде почнало организирано тутунопроизводство, главен производствен центар за тутун, цигари и научни сознанија за тутунот и центар на тутунската индустрија на Балканот. Во Прилеп тутунот е повеќе од растение, тој е културен и социјален феномен.Овде, според тоа кога се сади тутунот, кога се ниже, суши, кога се предава и се очекува да се добијат пари од вложениот труд, се прават планови за семејни настани, инвестиции во образованието на децата и во домот. Во Прилеп го имаме и настариот Институт за тутун кој наредната година бележи 100 години постоење, но исто така и Музеј за тутун. Едноставно, оваа култура е белег на Прилеп и прилепско.

Комбинатот има навистина долга и богата историја и е компанија која успеала да ги помине сите премрежија и да опстои со својата дејност. Како момент на раѓање на ТКП се смета 1873 година кога е изграден првиот магацин за тутун во Прилеп, од страна на Отоманската управа на монополот. Од тогаш па сè до денес оваа стопанска дејност доживеала големи промени, подеми и падови, но никогаш не се избришала од работните навики на прилепчани и нивните семејства.Како и денес, така и порано, за населението во Прилеп тутунот имал големо економско значење, бидејќи со неговото производство до максимум се искористувале природните услови.

Во овие еден и пол век постоење, забележливи се  продуктивни и позитивни периоди за Комбинатот, но  и негативни периоди. Како гледате на опстојувањето на ТКП?

Станкоски: Сосема нормално е што во еден така долг период на постоење имало подеми и падови. ТКП од фирмирањето па во следните осум децении се занимавал со откуп и обработка на висококвалитетен ориентален тутун од типовите „прилеп“  и негова продажба на познати светски компании. Ова била примарна дејност со децении, односно сé до 1955 година од кога Комбинатот навлегува во бизнисот со цигари преку основање на претпретпријатие за производство на цигари од типот американ бленд.

По осамостојувањето на државата, т.е со  распаѓањето на СФРЈ  го снема дотогашниот единствен пазар. Комбинатот беше димензиониран за земја од 22 милиони жители, така што по осамостојувањето се појави проблемот со превработеност што во тој период неминовно повлекуваше загуби. Оваа состојба траеше две децении, што го доведе работењето и опстојувањето на ТКП да зависи од  постојана поддршка на државата преку дотации, како негов мнозински сопственик.

Во поновата историја на Комбинатот, голема улога одигра и партнерството со Филип Морис Интернешнел (ФМИ). На заедничко задоволство, нашиот потенцијал беше препознат од  светскиот гигант во тутунската индустрија, со кого во 2014 година е склучено стратешко партнерство и е формирана заедничка компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) која е дел од договорот за стратешко партнерство и претставува спој на традицијата и експертизата на двата ентитети.

Позитивните промени во ТКП се јасно видливи и изразени во изминатите години. Каков ефект имаше склучувањето на стратешкото партнерство со Филип Морис Интернешнал врз Комбинатот?

Станкоски: Бенефитот на компанијата ФМТКП не е само конкретен финансиски, туку она што за нас е многу позначајно – пренесено ни е знаење и еспертиза без кои тешко дека ќе можевме повторно да се вратиме на старите патеки и да градиме успешна економска приказна. Истовремено, многу е важна и помошта која ја добиваме околку организирање на производството и откупот на тутун со оглед на тоа што Филип Морис Интерешнл е најголем откупувач на тутун во Македонија.Благодарение на ова партнерство во Тутунски комбинат Прилеп успеавме да го стабилизирамеработењето и интензивно да се трансформираме во ефикасна и модерна фабрика за производство на цигари и тутун во земјава.

Првенствено, се направи рационализација и се реши проблемот со превработеноста и тоа без никакви поголеми потреси. ПотоаКомбинатот ги намали непродуктивните расходи, ја зголеми енергетската ефикасност во производството, ја подобри состојбата во градежните објекти, набави нова опрема неопходна за нормално одвивање на производниот процес и се ослободи од непотребните залихи, со што драстично се подобри продуктивноста на компанијата.

Партнерството со Филип Морис Интернешнл придонесе да се почне со модернизација на производството и за првпат откако е изградена фабриката, во Тутунски комбинат се изврши реновирање на производната хала со површина од над 5.000 метри квадратни. Направени се и инвестиции во производствениот процес како нови машини за производство,модернизацијата на производната хала, што резултираше со отпочнување напроизводство на зголемен број брендови од портфолиото на Филип Морис Интернешнл, меѓу кои и една од најпознатите трговски марки меѓу сите производи за широка потрошувачка и светски број еден меѓународен бренд за цигари во изминатите 50 години. Денес во ТКП се произведуваат квалитетни брендови кои на пазарот се пласираат преку заедничката компанија ФМТКП.

Во 2019 година за првпат, по две децении, покажавте позитивни финаниски резултати. Минатата година со  воениот конфликт меѓу Русија и Украина отпочна нова глобалнаенергетска криза. Како ова се одрази на ТКП?

Станкоски: Сегашната економска, пред сé енергетска, не дозволивме да се одразат негативно на ТКП. По започнувањето на добриот тек на позитивни финансиски резултати и со излегувањето од листата на загубари, нормално е дека стравувавме. Со добар план и работна стратегија успеавме и 2020 година да ја завршиме позитивно, дури и со поголема добивка од претходната 2019 година, кога таа изнесуваше половина милион евра. Во 2021 година, исто така остваривме пораст на  добивката од 2,2 милиони евра. Ланската, 2022година ја завршивме исто така со позитивни финансиски резултати, односно со остварена добивка од речиси 2,3 милиони евра и покрај зголемените оперативни расходи, највеќе изразени преку зголемените цени на енергенсите. И двете години можеме да ги оцениме како исклучително успешни бидејќи добивките ни се четирикратно зголемени во однос на 2019 и 2020 година.Ваквите резултати значат дека друштвото ги исполнува планираните параметри,со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години.

Извор: Фактор.мк

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Амбулантата за физикална медицина се поднови со 3 модерни апарати

Гордана Цветаноска

Започна расадувањето на тутунот во Пелагонија, аирлија!!!

Пела Редакција

Да ги поддржиме пациентите со цистична фиброза на протест в сабота, пред Владата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе