11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Комуналец започна со пролетно чистење на дивите депонии

 

ЈКП,, Комуналец’’ – Прилеп, започна со пролетното чистење на диви депонии. Денеска се чистеа неколку помали диви депонии по улицата Трајко Николоски. Според планот на почеток на акцијата ќе се исчистат неколку помали диви депонии со отпад во градот, а потоа останатите диви депонии околу градот.

„И покрај повиците дека отпад може да се однесе до депонијата во Алинци и со сопствен превоз, со слободен влез за физичките лица, и понатаму во и околу градов, иако дивите депонии беа исчистени во 2022 година, повторно се затрупани со најразновиден отпад. Според проценките најмногу неконтролирано се одлага градежен шут.

Уште еднаш информираме дека за габаритен отпад и поголеми количини на зелен отпад, граѓаните треба да се обраќаат до комуналното претпријатие на телефон 048/428 992. Овој вид на отпад се собира дополнително секој четврток бесплатно.

Додека за градежен шут и отпад од градење, ,, Комуналец’’ со нарачка доставува контејнер од 5м3 по цена од 1,360,оо денари, односно, за помали количини до 2-3м3, услугата може да биде завршена и со транспорт со трактор со симболична цена од 630,оо денари. Планирано е пролетва да се исчисти и транспортира во депонијата во Алинци над 2000м3 отпад, “информираат од ЈКП Комуналец Прилеп.

Би можело да ве интересира

Богоески: Гинеколошкото одделение во Општата болница во Прилеп продолжува да функционира

Гордана Цветаноска

Невреме во прилепско со силен ветер, дожд и град

Пела Редакција

Пожар избил покрај патот Битола – Прилеп – од полицијата апелираат да не се палат стрништа

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе