5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Јовчески ќе го донира износот од покачување на својата плата

По одлуката на Уставниот суд за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите , овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто. Со одлуката, покрај премиерот, претседателот, собранискиот спикер, уставните судии, се опфетани и сите вршители на јавни функции ,вклучително и градоначалниците. Вчерам на 25та Седница на Совет на Општина Прилеп, 25 советници, подигнаа рака и ја одобрија одлуката за покачување на платата на градоначалникот, како носител на јавна функција, која беше поставена како точка за „Одлука за промена на буџетот„.
Денеска, пак, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски, на неговата фејсбук страна истакна дека доколку дојде до покачување на неговата плата, според одлуката на Уставниот суд за зголемување на платата за носители на јавни функции, тој, износот ќе го донира во хуманитарни цели, за социјално загрозени семејства“ и секаде онаму каде што има потреба од помош“- напиша градоначалникот на Прилеп , Борче Јовчески.
Дефинитивно оваа економска и енергетска криза, верувам дека има негативно влијание кон сите наши сограѓани и дополнително ја отежнува економската ситуација во секое семејство.Како градоначалник на општина Прилеп јас секогаш настојувам да бидам прв помеѓу еднаквите, затоа уште еднаш истакнувам дека доколку се реализира одлуката за зголемување на платата за носители на јавни функции, зголемениот износ на мојата плата јас ќе го донирам за семејствата со ниски примања и ранливите категории на граѓани!„- напиша тој
Одлуката на Уставниот суд предизвика бурни реакции во јавноста. Од Владата  на став дека автоматски нема да се покачат платите на именуваните лица и дека се разгледува можноста, во законски рамки, за намалување на коефициентите за пресметка на плата.

Би можело да ве интересира

Новинарите и еколошките активисти едногласни против злупотребата на рудното богатство

Пела Редакција

Прилеп: Два нови случаи позитивни на Ковид 19, а 12 излекувани

Гордана Цветаноска

Прилеп: Нови мерки за справување со коронавирусот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе