11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ ВО ДВИЖЕЊЕ ЗА МЛАДИНСКИ РАБОТНИЦИ

Претставници на Лаг Агро Лидер од 19 до 25  март, зедоа учество во мошне интересна, динамична и иновативна обука, во рамките на проект “Experience(d) Youth Work” во италијанскиот регион Пуглија.

Идејата, сите реализирани работилници, како и спроведени методологии беа поврзани со искуственото експериментално учење во движење. Целиот проект, осмислен како неколкудневна обука во печашење, беше реализиран  по позната историско-рекреативна тура Камино Матерано (Cammino Materano), односно сите 18 учесници и ментори, испешачија околу 80 километри за 3 дена. Попатно  беа реализирани серија на активности и обуки поврзани со искуственото учење за млади, нови методи за неформално образование, стратегии за развој на рекреативен туризам итн.

Задоволство беше да се учествува во еден комплексен, но добро осмислен и одлично организиран проект од страна на домаќините, посочија претставниците од земјите учесници во разговорите кои преку Skype врска во живо беа реализирани во програмата #радиоштосегледа Радио што се гледа на Радио Пела.

Освен градот Молфета, од каде започна ова патешествие, учесниците ги посетија градовите Гравина и  Алтамура, вкусија и подготвија многу вкусна храна заедно со локални средни училишта, локални фарми и индивидуални стопанства. При откривањето на италијанските гратчиња учесниците размислуваа и дебатираа за локалниот одржлив развој, културната инклузивна соработка и размена, животот во движење, заштитата на природата, младинската вклученост и сл. Меѓународната 5-дневна обука намената беше за младински работници кои непосредно работат со млади луѓе од групи за инклузија во неразвиените и руралните средини. Темелната обука, беше насочена кон размислување за предизвиците и можностите за работа со млади луѓе со ограничени можности, како и на споделување на практики и знаења за работа со истите. Постојаното движење го поврза физичкиот и менталниот процес на учење, ги подобри вештини за документирање на неформалното учење, при што беа реализирани, подредени и промовирани иновативни методи на младинска работа кои можат да се применуваат со инклузивни младински групи. Посебен акцент беше ставен на предизвиците со кои се соочуваат луѓето со помалку можности, имигрантите, лицата со попреченост, социјално исклучените и други групи, посочи Звонко Димоски од Лаг Агро Лидер.

Проектот е кофинансиран и имплементиран од Европската Унија во рамките на програмата Еразмус +. Лидер на проектот е AssociazioneInCo од Италија, а останатите партнери се: PatrasYouthClub (Грција), NGO “YouthMix” (Ерменија),  MTÜ NooredÜhiskonnaHeaks (Естонија), KucukcekmeceMunicipality (Турција), Inednet (Ерменија) и VzwElegast (Белгија).

Би можело да ве интересира

Митко Иваноски домаќин за Водици во с.Славеј

Гордана Цветаноска

Поголем дел од листите за пратеници потврдени од ДИК

Пела Редакција

Од утре нема одење во шума! Ќе следат казни!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе