Пишува Зоран Момироски
- СКАНДАЛОЗНА ОБЈАВА НА ФБ ПРОФИЛ ОД ЕДНО ПРИЛЕПСКО ДРЖАВНО СТРУЧНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ. БИБЛИОТЕКАТА ИМ СЕ ЗБОГАТИЛА ПО ДОНИРАНИ ДЕЛА ОД МЕЃУНАРОДНАТА ИЗДРАВАЧКА КУЌА ,,НОВА ЕРА“ ОД АВТОРОТ Л.РОН ХАБАРД. НА ИЗГЛЕД НИШТО СПОРНО. НО, ЗА НЕУПАТЕНИТЕ Л.РОН ХАБАРД Е ОСНОВОПОЛЖНИК НА РЕЛИГИОЗНОТО ВЕРУВАЊЕ И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ВО СКИЕНТОЛОГИЈА. ТУЃО ЗА ОВИЕ НАШИ ПРОСТОРИ. ОСПОРУВАНО ВО МНОГУ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ, БИДЕЈЌИ ЗА ЕДНИ Е ,,ОТКАЧЕНА РЕЛИЈА“, ЗА ДРУГИ ,,СЕКТА“, А ЗА ТРЕТИ Е ЦРКВА КОЈА ПРЕКУ ПОСЕБНИ ПСИХОАНАЛИЗИ ДАВА ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО – КАКО ДО СРЕЌА, КАКО ЧОВЕК ДА ГИ НАДМИНЕ ПРОБЛЕМИТЕ НА РАБОТА, ПОТОА, КОЈ ОДГОВОРИ ГИ ДАВА ДИЈАНЕТИКАТА КАКО МОДЕРНА НАУКА ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ. И, СЕТО ТОА СО ЦЕЛ ДА СОЗДАДЕ ,,СУПРЕСИВНИ“ ЛУЃЕ ПОДГОТВЕНИ НА ,,ФЕР ИГРА“ ОДНОСНО НА ОДМАЗДА. А СЕТО ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ,,СУПРЕСИВНАТА“ ЛИЧНОСТ ВО ИДНИНА НЕМА ОБВРСКА ДА ПОЧИТУВА ПРАВИЛА, ДИСЦИПЛИНА И ОСНОВНИ ЧОВЕКОВИ И СЕМЕЈНИ ВРЕДНОСТИ. ТОА БИ ЗНАЧЕЛО ДЕЦАТА ДА БИДАТ ОТТРГНАТИ ОД РОДИТЕЛИТЕ, МАЖОТ ОД ЖЕНАТА, БРАТОТ ОД БРАТОТ И СЕСТРАТА ОД СЕСТРА. ПРИТОА, ВЕРСКИТЕ СЛОБОДИ, ОПРЕДЕЛБИ КАЈ НАС СЕ ЗАШТИТЕНИ СО УСТАВОТ. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ, ВО ТОЈ КОНТЕКСТ И СКИЕНТОЛОГИЈАТА КАКО ЦРКВА ИЛИ КАКО СЕКТА. ВО КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ ПРОБЛЕМ Е КОЈ ДОЗВОЛУВА НА МАЛА ВРАТА ПОД ЗАКРИЛАТА ,,ДОНАЦИЈА“ ВАКВА ЛИТЕРАТУРА ДА ВЛЕЗЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИИШТА. КАДЕ Е ТУКА СВЕШТЕНСТВОТО, ПА ДУРИ И ПРИЛЕПСКОТО НАМЕСНИШТВО НА МПЦ-ОА. И, НА КРАЈ КОЈА Е ПЕДАГОШКАТА СМИСЛА ЗА ВАКВА ЛИТЕРАТУРА? ДАЛИ НАВИСТИНА ПОСТОЈАТ ПОЕДИНЦИ ВО ОВОЈ НАШ ОБРАЗОВАН СИСТЕМ ТОЛКУ ,,НЕУПАТЕНИ“ И БЕЗ ПЕДАГОШКИ СЕНЗ. И, НА КРАЈ, ДАЛИ ГИ ИНТЕРЕСИРА ВАКВА ПРОБЛЕМАТИКА. ОСОБЕНО ОНИЕ ШТО ГИ ПОСТАВУВААТ ЗА ДИРЕКТОРИ ВО УЧИЛИШТАТА. ИЛИ ИМ Е ВАЖНА САМО ВЕРНОСТА И ПАРТИСКАТА ПРИПАДНОСТ?!? ЈАВНО ГИ ПОВИКУВАМ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ ГЛАВНИОТ КАДРОВИК ОД ВМРО-ДПМНЕ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ДА ОДГОВОРАТ НА ОВИЕ ПРАШАЊА. НЕ ПОРАДИ МЕНЕ, ТУКУ ПОРАДИ РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА. ПОРАДИ ТОА ШТО СЕ ДЕКЛАРИРААТ И ВО ГРАДИТЕ СЕ ЧУКААТ ДЕКА СЕ ДЕМОХРИСТИЈАНИ И ГОЛЕМИ ВЕРНИЦИ ВО БОГА, ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО, ПРАВОСЛАВИЕТО И МПЦ-ОА. ОПОЗИЦИЈАТА НИТУ ПОМИСЛУВАМ ДА ЈА ПОВИКАМ ДА РЕАГИРА, БИДЕЈЌИ СУМ УБЕДЕН ДЕКА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ-ЦАКИО НИТУ ИМА ВРСКА, НИТУ СЛУШНАЛ, НИТУ ЗНАЕ ШТО Е ТОА СКИЕНТОЛОГИЈА. ЗА НЕГО ОВА Е ,,ВИША“ МАТЕМАТИКА.
- ИГОР ГУЛАБОСКИ – ГУЛАБО, ДИРЕКТОРОТ НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ,,ВЕРНАТА СЕНКА“ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ, Е ЧОВЕК ОД ЗБОР. ПРЕДИЗБОРНО ВЕТИ И ДЕНОВИВЕ ,,ПОЧЕСТИ“ НАД 1 000 КОРИСНИЦИ НА ВОДОВОД СО ,,ЖОЛТИ“ ОПОМЕНИ ПРЕД ИЗВРШУВАЊЕ И ,,ЦРВЕНИ “ ОПОМЕНИ ПРЕД ТУЖБА. СИТЕ ОВИЕ ОПОМЕНИ СПОРЕД НАШИ ИЗВОРИ СЕ ЗА НЕПЛАТЕНИ СУДСКИ ТРОШОЦИ, ЗА ПРЕСМЕТАНИ КАМАТИ И НЕПЛАТЕН ГЛАВЕН ДОЛГ. САКАМ ДА ВЕРУВАМ ДЕКА ТУКА И ОНИЕ НА КОИ ИМ Е ПРЕДИЗБОРНО ВЕТЕНО ДЕКА АКО СЕ ГЛАСА ЗА БОРЧЕ ЌЕ БИДАТ ,,ИЗБРИШАНИ“. ДЕНОВИВЕ НА ФБ ИМАШЕ МНОГУ НАГОДУВАЊА И ШЕГОВИТИ КОМЕНТАРИ НА АДРЕСА НА ГУЛАПЧЕТО, ЈАС ГО ВИКАМ ,,ПЛАЧКОТО,“ И ТОА ,,ЖОЛТА“ ЗА ОПОМЕНА ПРЕД ИЗВРШИТЕЛ ШТО ЈА ДОБИЛ ПРОФЕСОРОТ СЛОБОДАН РИСТЕСКИ – ДАСАТА. ВО СВОЈ СТИЛ, БЕЗ МНОГУ ДА ПОЛЕМИЗИРА, ТОЈ СИ ЈА ПЛАТИЛ ОБВРСКАТА И ТОА НА КАСА ПРИМИ ДА СИ НЕМА ,,ГЛАВОБОЛКА“ БИДЕЈЌИ И ТАКА ГО БОЛИ ГЛАВАТА ОД ГУЛАБИ И ГУЛАБАРИ, БИДЕЈЌИ ТАКВО МУ Е СОСЕДСТВОТО КАДЕ ШТО ЖИВЕЕ. НО, ИМА СЛУЧАЈ ВО ТОЧИЛА КАДЕ ШТО НАШ СОГРАЃАНИН КОЈ ЖИВЕЕ ВО СТРАНСТВО ДОБИЛ ,,ЦРВЕНА“ ОПОМЕНА ПРЕД ТУЖБА. И, ТОА НЕ ЗА НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ ИЛИ ЗА ГЛАВЕН ДОЛГ, ТУКУ НАД 500 ДЕНАРИ ЗА НЕПЛАТЕНА УСЛУГА – ОДРЖУВАЊЕ НА ВОДОМЕР. АЈДЕ ТОА ШТО ЧОВЕКОТ СО ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ ВО СТРАНСТВО, НЕ ТРОШЕШЕ НИ ГРАМ ВОДА, АЈДЕ И ТОА ШТО ДО ПРЕД ГОДИНА И КУСУР РЕДОВНО ОД ДАЛЕКУ СИ ГИ ПЛАЌАЛ ОБВРСКИТЕ, ТУКУ ОВАА ОБВРСКА КУТРИ ЧОВЕК НЕ ЈА ПЛАТИЛ БИДЕЈЌИ (УМРЕЛ) ПОЧИНАЛ!!! АМА, ОВИЕ ОД ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ТОА. НАПРОТИВ, ГУЛАПАЧЕТО НАЈМНОГУ ГО ИНТЕРЕСИРААТ ПАРИ. ФИРМАТА – ПРЕТПРИЈАТИЕТО МУ Е ВО ЗАГУБА И СЕКОЈ ДЕНАР МУ Е ВАЖЕН. ПА СЕГА, САКАМ ДА ГО ПРАШАМ ДИРЕКТОРОВ, КАКО ,,БИЗНИСМЕН“ И КАКО ЧОВЕК: БИДЕЈЌИ НОСИТЕЛ НА ИМОТОТ И НА ВОДОМЕРОТ Е ПОКОЈНИКОТ, ЌЕ ТРЕБА ОПОМЕНАВА ДА МУ СЕ ОДНЕСЕ НА ГРОБ??? ДА СЕ НАПРАВАТ УСИЛБИ И ПО МОЖНОСТ И ЧОВЕКОТ ДА СЕ ОЖИВЕЕ, ДА СИ ГИ ПЛАТИ ТИЕ 550 ДЕНАРИ – ПЕРИОД ОТКАКО ПОЧИНАЛ И ПАК ВО ГРОБОТ ДА СЕ СТАВИ И МИРНО ДА СИ ПОЧИВА?! ИЛИ.. !?! АМА КАКО ТРГНАЛА РАБОТАВА МИРЕН ЧОВЕК И ВО ГРОБОТ НЕМА ДА ГО ОСТАВAT НА МИРА !!!!
- ЈКП КОМУНАЛЕЦ ОД ПРИЛЕП СКЛУЧИ ДОГОВОР СО АГЕНЦИЈА ЗА ПРИВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ ВО ВРЕДНОСТ ОД 23 МИЛИОНИ И 600 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ. ВЕСТ КОЈА ПРЕДИЗВИКА ГОЛЕМИ НЕГОДУВАЊА И ИНСИНУАЦИИ ДЕКА ПРЕТПРИЈАТИЕТО ПО НАЛОГ НА ВЛАДЕЧКАТА ПАРТИЈА ВМРО-ДПМНЕ ВО ОВАА ПРЕДИЗБОРНА ГОДИНА ЌЕ ВРАБОТУВА ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ КОИ ТРЕБА ДА НЕ РАБОТАТ, А ДА НОСАТ ГЛАСОВИ. ВО ОБИД ДА ЈА ДОЗНАЕМЕ ВИСТИНАТА И ДА ДОЗНАЕМЕ КОЛКУ НОВИ ВРАБОТУВАЊА ЌЕ БИДАТ НАПРАВЕНИ ЗА 383.470 ЕВРА СО СИГУРНОСТ МОЖЕ ДА СЕ ПОТВРДИ ДЕКА ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА ВИСТИНА Е ДЕКА ДОГОВОРОТ СО АГЕНЦИЈАТА Е СКЛУЧЕН НА ТАА ВЕЌЕ НАВЕДЕНАТА СУМА, НО НИ ДЕНАР НЕМА ДА БИДАТ ПОТРОШЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 16 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. НОВИ ВРАБОТУВАЊА НЕМА. ПАРИ ЌЕ БИДАТ ПОТРОШЕНИ САМО ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОСТОЈНИТЕ ДОГОВОРИ ВО РОК ОД ЕДНА ГОДИНА. ВО ЈКП КОМУНАЛЕЦ ИМА ОКОЛУ 35 ВРЕМЕНО ВРАБОТЕНИ НА КОИ ИМ ИСТЕКУВААТ ДОГОВОРИТЕ, ТВРДИ ДИРЕКТОРОТ РУБИН АБРАШОСКИ. ТРАГЕДИЈАТА И ЧОВЕЧКИТЕ СУДБИНИ ВО ЈКП КОМУНАЛЕЦ ОД ВРЕМЕНО ВРАБОТЕНИТЕ И НЕКОИ СО ВАКОВ СТАТУС СЕ 5, ДРУГИ 8, А ГИ ИМА КОИ СО ВАКОВ ДОГОВОР РАБОТАТ И ПО 10 ГОДИНИ. ПРИТОА, ВО ОВА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ, БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ НЕМА ДА БИДЕ НАДМИНАТ ПОВЕЌЕ ОД 388. ОД КОИ, ПОЛОВИНАТА СЕ МЕТАЧИ НА УЛИЦИТЕ И ТРАТОАРИТЕ, ВОЗАЧИ, МИЈАЧИ, КОСАЧИ ПОДИГНУВАЧИ НА ЃУБРЕ И ОДРЖУВАЧИ НА ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ. НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ КАКО И ВО ДРУГИTE ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА Е ПРЕВРАБОТЕНОСТ НА АДМИНИСТРАЦИЈА.
- АКО НЕ БЕА НЕКОИ ПРИЛЕПСКИ ПОРТАЛИ НАВИСТИНА НЕМАШЕ ДА ЗНАМ НИТУ ДА ЗАБЕЛЕЖАМ, НИТУ ЈАС, НИТУ МНОГУМИНА НАШИ СОГРАЃАНИ ВО КОЛКУ УБАВ ГРАД СМЕ ЖИВЕЕЛЕ!!! ЕВРОПСКИ СОВРЕМЕН ПРИЛЕП СО ПОСЕБНА МАГИЧНОСТ НА ЦЕНТАРОТ ШТО МУ ГО ДАВААТ РАСЦВЕТЕНИТЕ ЈАПОНСКИ ЦРЕШИ. ИСТО ИЛИ ПРИБЛИЖНО ИСТО ВПЕЧАТОКОТ И ЧУСТВОТО Е КАКО ДА СМЕ ВО ЈАПОНИЈА. РЕАЛНО – КАМО ДА БЕВМЕ!!! ПРИТОА ГИ ГЛЕДАМ ЦРЕШИВЕ И ПОМИСЛУВАМ НА ЗАСАДЕНИТЕ ПАЛМИ ОД 500 ЕВРА ЗА СТЕБЛО, КОИ ЕТЕ, ЗА ЖАЛ, СЕ ИСУШИЈА. СЕДАМ ТАКА И СИ ВЕЛАМ: МИСЛАМ УШТЕ ТИЕ ДА НЕ СЕ ИСУШЕЈА, АМБИЕНТОТ ЌЕ БЕШЕ УШТЕ ПОУБАВ!!! СЕ ВРТИШ ЛЕВО ГЛЕДАШ: РАСЦВЕТАНИ ЈАПОНСКИ ЦРЕШИ, СЕ ВРТИШ ДЕСНО: РАСКОШНИ ЗЕЛЕНИ ПАЛМИ!!! ПРОСТО ЧОВЕК ДА БИДЕ ОБЗЕМЕН ОД УБАВИНА. УБАВИНА КОЈА ЈА ПОЛНИ ДУШАТА. ГЛЕДАШ ВО ПАЛМИТЕ И ЦРЕШИТЕ СЕ ОПУШТАШ И МИСЛИТЕ ТИ СЕ РАЗБИСТРУВААТ, ПА СИ ВЕЛИШ ЗА ОВИЕ МЛАДИВЕ ШТО СЕ ИСЕЛИЈА ВО ПОСЛЕДНАВА ДЕКАДА: ОВИЕ БЛИЗУ 12 ИЛЈАДИ, А МОЖЕБИ И ПОВЕЌЕ НАШИ СОГРАЃАНИ БИЛЕ ЕПТЕН ,,БУДАЛИ“!!! ПА, СИ СЕ ПРАШУВАШ – НЕ БЕ ЧОВЕК, МЛАДИ НЕ ЗНААТ ШТО Е РАКОШ И УБАВИНА. ЕДНОСТАВНО НЕ МОЖЕЛЕ ДА ЈА ЗАБЕЛЕЖАТ ОВАА УБАВИНА !?! ПА, ЕТЕ, ЗА ЖАЛ БРЗОПЛЕТО РЕШИЛЕ ДА СЕ ИСЕЛУВАТ ОД ЕДНА ВАКВА УБАВА И УРЕДЕНА СРЕДИНА. И ТОА КАДЕ !? ВО ,,ЗАПУСТЕНИ“ ЗЕМЈИ ОД ЗАПАДНА ЕВРОПА, КАДЕ ШТО ВО ПАРКОВИТЕ И ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ ИМ НЕДОСТИГААТ РАСЦВЕТАНИТЕ ЈАПОНСКИ ЦРЕШИ. И ШТО Е УШТЕ ПОВАЖНО НА ОВИЕ КОИ СЕ ИСЕЛЕНИ 100% ЌЕ ИМ НЕДОСТИГА НАШАВА НАЈАВЕНА ,,ПРОЛЕТНА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА“ КОЈА КАКО И ЈАПОНСКИТЕ ЦРЕШИ СЕ ИЗВРШУВА СО ЈАПОНСКА ПРЕЦИЗНОСТ ТОЧНОСТ И КВАЛИТЕТ КАКО ШТО ГО НУДАТ ОВИЕ УБАВИ ЦРЕШИ ОД ЈАПОНИЈА. НА КРАЈ, ПОКРАЈ МИСЛИТЕ И ПРАШАЊАТА ШТО СИ ГИ ПОСТАВУВАМ ИСКРЕНО СУМ БЕЗ ОДГОВОР НА КЛУЧНОТО ПРАШАЊЕ: УШТЕ КОЛКУ ДОЛГО ОВОЈ ВАШ ФИЛМ ЌЕ МУ ГО ПРИКАЖУВААТ ПОЕДИНЦИ, И, МЕНЕ, И, НА ОВОЈ НАРОД?!