5.6 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Јовчески: Ги исполнуваме ветувањата, започнуваме градежна офанзива!

Општина Прилеп го потпиша договорот за рехабилитација на над 60 улици на територија на општината, информираше денеска преку соопштение до јавноста градоначалникот Борче Јовчески, според кое, во градежната офанзива приоритет ќе има патната инфраструктура (улици) каде повеќе децении не било интервенирано:

 

Денес го потпишавме договорот за рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици на територија на општина Прилеп, со фирмата изведувач.
Имајќи ја во предвид состојбата во која се најдуваат голем дел од улиците, после направената анализа дадовме предност на улици на кои што не е интервенирано во последните 30-40 години.
Ги исполнуваме нашите ветувања и започнуваме една градежна офанзива која што ќе трае континуирано до крајот на оваа календарска година.
Со оваа рехабилитација на над 60 улици како што е нашиот план и подобрувањето на патната инфраструктура, дефинитивно ќе ја зголемиме безбедноста во сообраќајот а се разбира и нивото на услуги на сите граѓани корисници во сообраќајот.
Ова е само почеток на градежните активности за голем број на проекти кои што ќе се реализираат во оваа година.
Нашата цел останува иста, работиме и ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на нашите сограѓани!

Со почит,
Градоначалник на општина Прилеп
Борче Јовчески

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Јовчески на терен со секторот за урбанизам – да се уредат пешачките зони

Елизабета Филипоска

Насилството има лице, затоа: Препознаj, Блокирај, Пријави! (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Налетот на грипот допрва доаѓа

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе