11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп одбележа 120 години од погибијата на Гоце Делчев и 111 години од загинувањето на Пере Тошев

Прилеп одбележа 120 годишнината од смртта на македонскиот револуционер, идеолог  и борец за македонската кауза, Гоце Делчев и 111 години од загинувањето на македонскиот револуционер, Пере Тошев, чиј што гроб се наоѓа во црквата Св.Благовештение во Прилеп .

Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, заедно со делагација од Советот на Општина Прилеп, претставници од политички партии, граѓани положија свежи цвеќиња пред спомен обележјата на македонските револуционери.

– Тука сме на вечното почивалиште на нашиот голем херој, просветен деец и револуционер, еден од основачите на македонската револуционерна организација Пере Тошев,во присуство на членови на неговото семејство, наследници, во присуство на градоначалникот на општина Прилеп и ние како советници од советот на општина Прилеп, оддаваме достојна почит за овој великан од Прилеп. Покрај Ѓорче Петров и тој еден од најважните и најзначајните ликови кои што го дал Прилеп. И како и низ целиот развој на историјата до ден денешен, Прилеп секогаш давал видни херои и борци како за слобода, така и за унапредување и напредок на оваа наша држава. Искрено сум горд што во 1996 та година од Дреновската клисура, токму овде, во дворот на најстарата црква во градот, во црквата Свето Благовештение се донесени моштите на овој, прилепски и македонски великан кој што е едно од најзначајните имиња во македонската историја, посочи Дејан Проданоски, претседател на Советот на општина Прилеп.

Прилеп денеска достојно одбележа и 120 години од загинувањето на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев со оддавање на почит пред бистата на револуционерот во основното училиште кое го носи неговото име, каде се одржа и пригодна програма.

Би можело да ве интересира

Прилеп вечерва пороен дожд и грмежи, најава за слично време и следните денови

(ГАЛЕРИЈА) Снежно Крушево полно со туристи, проодни улици во градот и селата

Гордана Цветаноска

Целосна забрана за движење во шуми – Казните се високи за непочитување на законот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе