Пишува Зоран Момироски
- ПРВОМАЈСКИОТ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ЗАВРШИ ВО НАШ ТРАДИЦИОНАЛЕН АМБИЕНТ. НЕЗАДОВОЛНИ ОД ПЕНЗИСКИТЕ РЕФОРМИ И ПЛАТИТЕ ОД ПОЛИТИКАТА НА МАКРОН БЕА ОРГАНИЗИРАНИ ГОЛЕМИ ПРВОМАЈСКИ ПРОТЕСТИ ВО ПАРИЗ ВО ЛИОН И ВО ДРУГИТЕ ФРАНЦУСКИ ГРАДОВИ ЛУЃЕТО КОИ ПРОТЕСТИРАА ВО ЗНАК НА НЕЗАДОВОЛСТВО ПАЛЕА КОНТЕНИЕРИ, ИЗЛОЗИ ОД ПРОДАВНИЦИ И АВТОМОБИЛИ. ПОРАДИ ГОЛЕМИТЕ НЕЗАДОВОЛСТВА ОД ПЛАТИТЕ, ОД ВРЕДНУВАЊЕТО НА ТРУДОТ И МОБИНГОТ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА, НЕЗАДОВОЛНИ ОД ПОЛИТИЧАРИТЕ И ОД НИВНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЗА 78% , КАЈ НАС ГОРЕА СКАРИТЕ НА СИТЕ ИЗЛЕТНИЧКИ МЕСТА ОКОЛУ ПРИЛЕП. ОХРИД БЕШЕ ПРЕПОЛН. ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА СЕ ЧЕКАШЕ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ЧАС. А, ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА НАЈРЕВОЛТИРАНИТЕ ОД СОЦИЈАЛНИОТ СТАТУС ВО МАКЕДОНИЈА, ЗАМИНАА НА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ТУРЦИЈА И НА ПРОШЕТКА НИЗ ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ. ПРИТОА НА ФБ ПРОФИЛИТЕ ВО ЗНАК НА ВАКА ГОЛЕМОТО НЕЗАДОВОЛСТВО ОД НИСКИТЕ ПЛАТИ, А ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ЖИВОТНИТЕ НАМИРНИЦИ, ИЛЈАДНИЦИ ЛАЈКОВИ НА ФОТОГРАФИИТЕ ОД ОНИЕ КОИ ПРАВЕА ТУРСТИЧКИ ПРОШЕТКИ ВО ЗЕМЈАВА И ВО СТРАНСТВО. ПОГОЛЕМО ИЗРАЗУВАЊЕ ОД ВАКВО НЕЗАДОВОЛСТВО НЕМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА.
- ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ПРЕД ПРВОМАЈСКИТЕ ПРАЗНИЦИ МНОГУ НЕ’ ИЗНЕНАДИ, А ОСОБЕНО ПРЕМНОГУ НЕ ,,ИЗРАДУВА“ ШТО ЌЕ ЗАПОЧНЕ ГОЛЕМАТА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА!!! ТАТКОТО НА ГРАДОВ, ОНАКА ВО НЕГОВ ПРЕПОЗНАТЛИВ СТИЛ, ДАВА ИЗЈАВА ВО КОЈА ТВРДИ ДЕКА КОНЕЧНО БИЛ ПОТПИШАН ДОГОВОР СО ИЗВЕДУВАЧОТ ШТО ЌЕ ЈА ЗАПОЧНЕ ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА ВО ПРИЛЕП. ЧИН ШТО ГО ОЧЕКУВААТ ПРИЛЕПЧАНИ БЕЗМАЛКУ ДВЕ ГОДИНИ ОД МАНДАТОТ НА ЈОВЧЕСКИ. КАЖУВА БОРЧЕ ДАЛИ КАЖУВА ДЕКА ФИРМАТА ЌЕ ВРШЕЛА РЕКОНСТРУКЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ОКОЛУ 60 УЛИЦИ И ТОА СПОРЕД ПЛАНОТ ДО КРАЈОТ ГОДИНА. КАЖУВА ЈОВЧЕСКИ, АМА НИКАКО ДА КАЖЕ КОЛКУ БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЌЕ ИЗДВОИ ЗА ОВАА НАМЕНА. АМА ДОБРО УПАТЕНИ НА ФБ ЈАВНО ОБЈАВИЈА, НАРЕКУВАЈЌИ ГО ,,КОМАНДАНТ БОКИ“ ШТО МИ АСОЦИРА НА ,,КОМАНДАНТ ВЕНТИЛИ“, ЗА ОВАА НАМЕНА ЌЕ ИЗДВОЕЛ ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ЕВРА. БОРЧЕ НЕ КАЖУВА НИ КОЈА Е ФИРМАТА ИЗВЕДУВАЧ СО КОЈА ГО ПОТПИШАЛ ДОГОВОРОТ. ИМЕТО НЕ СМЕЕ НИТУ ДА ГО СПОМНЕ НИТУ ДА ГО ИЗУСТИ. ЗАТОА, ПАК, ИСТИОТ ИЗВОР НА ФБ ЈАВНО ОБЈАВИЈА ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА ,,СЕРИОЗЕН“ ИЗВЕДУВАЧ ОД ПОДМОЛЈЕ, ОХРИДСКО, ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ПОСТАВУВАЊЕ НА ИНСТАЛАЦИИ ЗА КЛИМА УРЕДИ. НЕОФИЦИЈАЛНО ПОТПИШУВАЊЕТО НА ОВОЈ ДОГОВОР СЕ ОДОГОВЛЕКУВАЛО, НЕ ПОРАДИ АКТИВИРАЊЕ НА АСФАЛТНИТЕ БАЗИ КАКО ШТО ГИ УБЕДУВАШЕ ЈОВЧЕСКИ СВОИТЕ СОГРАЃАНИ, ТУКУ ПОРАДИ ТОА ШТО ОВАА ФИРМА НЕ МОЖЕЛА ДА ГИ ОБЕЗБЕДИ ПОТРЕБНИТЕ ПАРИ КАКО ГАРАНЦИЈА СПОРЕД ТЕНДЕРСКИТЕ УСЛОВИ ОБЈАВЕНИ ОД СТРАНА НА ПРИЛЕПСКАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА. И, ДОДЕКА ВМРО-ДПМНЕ НА ДРЖАВНО НИВО ПРИНЦИПИЕЛНО БАРА ДЕТАЉИ ЗА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ВЛАДАТА И КОНЗОРЦИУМОТ ,,БЕХТЕЛ И ЕНКА“ НА ЛОКАЛНО НИВО СИ ЈА ТЕРА ОНАА НАРОДНАТА:,,ДРЖИ ГО КОПИЛЕВО ЗА ДА И’ ВИКАМ НА КОПИЛЕШКАТА“!!! А, БОРЧЕ НАШ ДОБАР МАЖ, ОКО НЕ МУ ТРЕПНУВА ПРЕКУ НЕГОВАТА ПИЈАР СЛУЖБА СИ ОБЈАВУВА ФОТОГРАФИИ КАКО СВИРИ НА КЛАВИР.
- КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ПРИЛЕПСКАТА ПОШТА ПРОПАДНА. И, ТОА НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА Е ПРОБЛЕМ АКО Е ПРВ ПАТ. ДОБРО БЕ ЛУЃЕ, ИМА НЕКОЈ СО МАЛКУ ПОВЕЌЕ ПАМЕТ – ПО УПАТЕН ИЛИ ДА ЗНАЕ, КАКО ДА ГО РЕШИ ОВОЈ ПРОБЛЕМ. ТРЕТ ПАТ НА ИСТО МЕСТО ВИ ПРОПАЃА КРУЖНИОТ. ПРВО НЕ ЗНАМ СО КОЈ ПАМЕТ Е ПРОЕКТИРАН НА РЕКА-КАНАЛ ВАКОВ НЕБЕЗБЕДЕН И МНОГУ ФРЕКВЕНТЕН КРУЖЕН ТЕК. ТУКА Е ДАБНИЧКА РЕКА КОЈА Е ПРЕНАМЕНЕТА ВО КАНАЛ. ФУНДАМЕНТИТЕ НА КАНАЛОТ СЕ ОД ШЕЕСЕТИТЕ ГОДИНИ. БЕЗ ДА СЕ ОБНОВАТ, БЕЗ ДА СЕ ЗАЈАКНАТ И ДА СЕ ИЗВЕДАТ СПОРЕД СЕГАШНИ СТАНДАРДИ И НОРМИ, ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ ДОЗВОЛИ ДА СЕ НАПРАВИ ГОЛЕМ КРУЖЕН ТЕК СО МНОГУ ТЕСНИ КОЛОВОЗИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ И ИСКЛУЧУВАЊЕ. ОВА ОСОБЕНО, КОГА СЕ ЗНАЕ ДЕКА ТОЈ СЕ КОРИСТИ И КАКО ДЕЛ ОД ТРАНЗИТНИОТ ГРАДСКИ „КОРИДОР“ ЗА ТЕРЕТНИ 25 ТОНСКИ КАМИОНИ КОИ ВРШАТ ТРАНСПОРТ НА МЕРМЕРНИ БЛОКОВИ. И, НА КРАЈ, СПОРЕД ОПРАВДАНАТА РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ НАМЕСТО, ИТНА И ГОЛЕМА БЕЗ ПРЕКИН АКЦИЈА ОД 24/7 ЗА САНИРАЊЕ НА ДЕФЕКТОТ, ЕКИПИ ОД ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА РАБОТЕЛЕ ВО РАМКИ НА СВОЕТО ВООБИЧАЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ?!
- ПРЕД ПРВОМАЈСКИ ,,НАПАД“ НА ПРИЛЕП И ОКОЛНИТЕ СЕЛА НА НИКОЛОВСКИ ОД СДСМ И НИКОЛОВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ. МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ЗА ДА ИМ СООПШТИ НА ТУТУНАРИТЕ ДЕКА СЕ ИСПЛАТЕНИ РЕКОРДНИ 26 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУНОТ. НЕ БАРЕМ ТИЕ НЕЗНААТ КОЛКУ ПАРИ ИМ ,,ЛЕГНАА“ НА НИВНИТЕ СМЕТКИ. НО, И ДА ГИ ПОТСЕТИ ДЕКА ОТКУПНАТА ЦЕНА ДОСТИГНА 290 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ. И, ДЕКА ВЛАДЕАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ЕПТЕН МНОГУ ЈА ВРЕДНУВАЛЕ МАКАТА НА ТУТУНАРИТЕ. СО ШТО Е ИСПИШАНА НОВА ИСТОРИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО. ПО, НЕГО ЕВЕ ТИ ГО ПОТПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ. ДА НЕ МУ ГО РАСИПИ КЕИФОТ НА ЉУПЧО, АЛЕКСАНДАР ВО МАЛО И ГОЛЕМО КОЊАРИ И БЕРОВЦИ СО ЖИТЕЛИТЕ ОД ОВИЕ СЕЛА ГО СВРТИ МУАБЕТОТ. ЕПТЕН ,,МНОГУ“ СЕ ИНТЕРЕСИРАШЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ МЕШТАНИТЕ ОД ОВИЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА. НО, И ДА ИМ КАЖЕ КОИ СЕ АКТИВНОСТИ НА ПАРТИЈАТА. ПРИТОА ОВОЈ ВМРОВСКИОТ НИКОЛОВСКИ ТВРДИ ДЕКА ВЛАДАТА НЕ СОРАБОТУВАЛА СО НИВНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И, ГИ БЛОКИРАЛА ОБВРЗНИЦИТЕ. АМА, ЕТЕ СЕПАК ЉУБОМОРАТА НА СДСМ КОН ОНА ШТО ГО ПОСТИГНУВААТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ СОЗДАВА АНИМОЗИТЕТ КОН НИВ И ИМ ГИ КОЧИ ПРОЕКТИТЕ. ТАКОВ Е ПРИМЕРОТ И СО ПРИЛЕП. ГИ СЛУШАМ И ЕДНИОТ НИКОЛОВСКИ КОЈ ПИШУВА ИСТОРИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО, ГО СЛУШАМ И ВТОРИОТ НИКОЛОВСКИ И СЕ ПРАШУВАМ: ДАЛИ ИСКРЕНО СИ ВЕРУВААТ САМИ НА СЕБЕ ОНА ШТО ИМ ГО ЗБОРУВААТ И ГИ УБЕДУВААТ ЉУЃЕВО !??!
- ДАЛИ МАСАКРОТ ВО БЕЛГРАД ТРЕБА ДА ГО РАЗБУДИ МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО, МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ И СИТЕ ШТО СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО НЕГО?!? НО ИСТО ТАКА, ДАЛИ ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ТУКА ВО НАШАВА ЗЕМЈА ЌЕ ГО ВЛОЖАТ СВОЕТО ЗНАЕЊЕ И АВТОРИТЕТ ЗА ПРЕВЕНТИВНО ДА НЕ СЕ СЛУЧИ ВАКВА КАТАСТРОФА?! НА ОВИЕ ПРАШАЊА СЕУШТЕ НЕМА ОДГОВОР, НЕ БАРЕМ ОВА СЕ СЛУЧУВА НЕКАДЕ МНОГУ ДАЛЕКУ ОД МАКЕДОНИЈА, А ВО РАМКИТЕ НА ТОА И ОД ПРИЛЕП. МНОГУ ОД ЕКСПЕРТИТЕ, МЕЃУ ДРУГОТО, СМЕТААТ ДЕКА КЛУЧНИОТ ПРОБЛЕМ Е ВО ПЕДАГОШКИТЕ – ПСИХОЛОШКИТЕ СЛУЖБИ ВО УЧИЛИШТАТА. КОРИСТЕЈЌИ, ИСКУСТВО ОД СКАНДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ, САКАМ ДА ПОТСЕТАМ ДЕКА ТАМУ ОВИЕ УЧИЛИШНИ СЛУЖБИ ВО КОНТИНУИТЕТ ГО СЛЕДАТ СЕКОЈ УЧЕНИК. ЗА СЕКОЈ ИМА ЛИЧЕН КАРТОН ОД НЕГОВАТА СКЛОНОСТ ВО НАУКАТА, СОЦИО – ЕМОТИВНИОТ СТАТУС, ДО ТОА КАКВО Е ПОВЕДЕНИЕТО И ОДНЕСУВАЊЕТО. КАЈ НАС ТОКМУ ОВИЕ СЛУЖБИ, РОДИТЕЛИТЕ, ПА, И ПОИСКУСНИТЕ ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ ГИ СМЕТААТ ЗА ,,ЛЕГАЧИ“ КОИ ПОСТОЈАТ САМО НА ПЛАТНИОТ СПИСОК ВО УЧИЛИШТАТА. ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА, СЕГА, ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ „НАША ИДНИНА“ ВО ПРИЛЕП ВОВЕДЕНА Е ВАКВА ЕВИДЕНЦИЈА И ГРИЖА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ. НО, ГИ НЕМА ВО ОСНОВНИТЕ И ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА. А, ДОСИЕТО НА ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКА НИКОЈ НЕ ГО ПОБАРАЛ. Е, ПА ГОСПОДА, ВИЕ КОИ ПРАВИТЕ КАДРОВСКО ДИРЕКТОРСКИ РЕДЕНКИ ВО УЧИЛИШТАТА, ИТНО ОРГАНИЗИРАЈТЕ СРЕДБИ СО ДИРЕКТОРИТЕ И СО АНГАЖИРАНИТЕ ВО ОВИЕ УЧИЛИШНИ СРЕДИНИ И БАРАЈТЕ, АКО НЕ ПОВЕЌЕ, ДА СИ ГИ ЗЕМАТ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ ОНАКА КАКО ШТО НАЛАГА ВРЕМЕТО, КАКО ШТО НАЛАГА ТЕХНИЧКИОТ И ТЕХНОЛОШКИОТ НАПРЕДОК. УЧИТЕЛИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ СЕ ЗА НАСТОВНО – ВОСПИТНИТЕ ПРОГРАМИ, А НЕ ДА СЕ ЗАНИМАВАТЕ СО ПОЕДИНЕЧНИ СЛУЧАЕВИ. ЕКСПЕРТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА СЕГАШНАТА ПОСТАВЕНОСТ НА ОВИЕ ПЕДАГОШКИ СЛУЖБИ СОЗДАВААТ РЕВОЛТ И КАЈ ДЕЦАТА И КАЈ РОДИТЕЛИТЕ. ЗАТОА, ОД ВАС СЕ БАРА, И Е ПОТРЕБЕН КОНТИНУИТЕТ ВО ВАШАТА РАБОТА.
- ПРИЛЕПСКИОТ ПРВОЛИГАШ (ПО)БЕДА ОТПАДНА ОД СЕГАШНОТО ДРУШТВО НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ. АМА ЗА ОВА НЕ МУ ,,ПУКА“ НА НИКОЈ ОСВЕН НА ВИСТИНСКИТЕ ВЉУБЕНИЦИ ВО ОВОЈ НАШ ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН ГОЛЕМ СПОРТСКИ СИМБОЛ НА ГРАДОТ ПОД МАРКОВИТЕ КУЛИ. ОД КЛУБОТ СИ ЗАМИНА ТРЕНЕРОТ БАБУНСКИ.ТОЈ СЕГА Е ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР. ЗАТОА НЕГОВАТА ФУНКЦИЈА ЈА ПРЕЗЕДЕ БЛАГОЈА ДАМЕСКИ, ПОРАНЕШЕН ФУДБАЛЕР НА ПОБЕДА. ГРАДОТ ГО НАПУШТИЈА И НАЈДОБРИТЕ ИГРАЧИ БОЈАН СПИРКОСКИ И МАРИО НАУМОСКИ. СЕГА СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО: КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ОВАА СОСТОЈБА ВО КОЈА СЕ НАЈДЕ ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ ПОБЕДА? ПРИЛЕП ИМА ГРАДСКИ СТАДИОН, ИМА УСЛОВИ, АМА НЕМА УМ КАКО ДА ЗАЧУВА И ДА СОЗДАДЕ УШТЕ ПОДОБРИ УСЛОВИ, А СО ТОА И КЛУБ КОЈ ЌЕ СЛУЖИ ЗА ПРИМЕР. ПОЗНАВАЧИТЕ НА ПРИЛИКИТЕ ТВРДАТ СО УНИШТУВАЊЕТО НА ПОБЕДА СЕ УНИШТУВА И ИДНИОТ ИГРАЧКИ ПОТЕНЦИЈАЛ. БЕЗ ПАРИ И БЕЗ ДОБАР „ДИРИГЕНТ“ НЕМА ДОБРА „СВИРКА“. ПРИЛЕПЧАНИ БАРААТ ОДГОВОР, А НЕ СЕЕЊЕ НА „МАГЛА“ ОД ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ И ОД УПРАВАТА КОЈА ГО ВОДИ ОВОЈ КЛУБ. МОЈОТ СТАВ Е ДЕКА НЕМА ПОДОБРИ „МАХЕРИ“ ОД НАС САМИТЕ ДА ГО УНИШТИМЕ ТОА ШТО ГО ИМАМЕ НАМЕСТО – ДА ГО ЗАСИЛИМЕ, НАДОГРАДИМЕ И ДА ГО НАПРАВИМЕ УШТЕ ПОДОБРО!