9.1 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Поради штрајк на ДУЦ прашање е дали учениците ќе полагаат државна матура во предвидениот рок

Вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) , 29  лица,  од 24 април почнаа штрајк затоа што не добиле согласност од Министерството за финансии за нивниот колективен договор со кој ќе им бидат зголемени платите. А, полагањето на државна матура  е закажано на 27 мај и 10 јуни. Од штрајкот се засегнати 15.620 матуранти кои се пријавени за 27 мај и на 10 јуни да ги полагаат двата екстерни испита.

Исто така, стопирано е и меѓународното тестирање ТИМСС, со кое се мерат постигнувањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија). Тестирањето почна на 3 април и опфаќа околу 4.900 ученици во 150 основни училишта.

По ова останува отворено прашањето дали ќе се помести датумот за полагање на државна матура, и како ќе се одвива понатамошниот процес на упис на идните академци  во повисокото образование?!

Од Министерот за образование  бара од вработените до ДИЦ да продолжат со нивните барања, но да не ги доведуваат во прашање процесите . Министерот за образование на прес конференција апелираше вработените да го почекаат Општиот колективен договор кој, како што рече, можеби ќе биде подобар од сегашните услови што им ги нуди Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Членките на „Преродба„ и активистките од ВМРО ДПМНЕ вапцуваа црвени јајца и ги донираа

Елизабета Филипоска

Три дена Новогодишен базар во Прилеп

Пела Редакција

Денес се празнува Свето Благовештение Благоец – благ ден не само за луѓето туку и за птиците и за ѕверовите

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе