СОУ Ристе Ристески – Ричко – Прилеп пред идните средношколци ги претстави стручните сектори и спортската гимназија. Едно од најстарите и најбараните стручни училишта во Прилеп СОУ Ристе Ристески – Ричко, Прилеп го посетија над 300 деветтоодделенците , од повеќе основни училишта од Општина Прилеп и соседните општини, каде на лице место беа промовирани можностите за теоретска и практична настава.
Четирите сектори вклучуваат по неколку квалификации и спортската гимназија, ова средно училиште го прават атрактивно при уписот на идните мајстори на својата професија и спортисти. На отворениот ден, при посетата, учениците имаа можност да научат и да се запознаат со што се одликуваат поедините сектори, какви можности нудат поедини квалификации, по што се разликуваат наставните програми за секој од секторите пооделно, како се одвива практичната настава во и вон училиштето.
На располагање се: Сектор ЕЛЕКТРОТЕХНИКА со 6 квалификации, меѓу кои и квалификација за дуално стручно образование по германски и македонски модел, при што учениците имаат избор за три или четири годишен образовен процес. Сектор МАШИНСТВО на располагање се 6 квалификации, меѓу кои и квалификација за дуално стручно образование по германски и македонски модел, со избор за три или четири годишно образование. Сектор СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ кој што содржи 3 квалификации со времетраење на образовниот процес од 4 години. Сектор ГРАФИЧАРСТВО во кој што се вклучени 2 квалификации за 4 годишно образование и СПОРТСКА ГИМНАЗИЈА со 4 годишно образование. СОУ Ристе Ристески – Ричко Прилеп поседува одлични услови за професионална едукација и надградба на учениците. На располагање се специјализираните кабинети за практична настава .
Овој средношколски центар, вклучуваа дуалното образование по германски модел во одредени квалификации во секторите ЕЛЕКТРОТЕХНИКА (техничар за индустриска мехатроника) и МАШИНСТВО (техничар за производно машинство) каде учениците имаат можност да бидат платени за практичната работа во одредени компании.
Првото пријавување кое се реализира електронски на 20 и 21 јуни, доставување на потребнта документација е на 22 и 23 јуни, и на 28, 29 и 30 јуни.