14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп – избери стручност за успех!

Пет барани струки со 9 профили за деветтодделенците има на располагање за уписите во учебната 2023/24 година во СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп. Атрактивните занимања, занаети и професии на отворениот-инфо ден ова училиште како магнет ги привлече основците од завршните одделенија од регионов.

Професорите и учениците на деветтооделенците кои беа во посета им ги доближија потребните информации за секоја струка подетално на колоритните штандови специјално приготвени за таа намена. А тие имаа многу прашања:

Што значи да се работи како рударско – геолошки техничар или како фризер, што е тоа моден дизејнер, колку е барана струката техничар за обработка на дрво, или пак што ќе добијам ако еден ден станам медицинска сестра, лаборант или физиотерапевт? Какви можности поседува СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп за стекнување на теоретската, а особено за обавување на практичната настава и обука?

Струка здравство и социјална заштита се застапени профилите:

– Медицинска сестра: 4 годишно образование

– Фармацевтски лабораториски техничар: 4 годишно образование

– Физиотерапевтски техничар: 4 годишно образование

Во струката лични услуги се застапени профилите:

– Техничар за козметичка нега и убавина: 4 годишно образование  

– Фризер: 3 годишно образование

Текстил, кожа и слични производи, профили:

-Техничар за изработка на облека/техничар за моделирање на облека:

Дуална паралелка 4 годишно образование

Шумарство и обработка на дрво со профилот:

-Техничар за обработка на дрво, 4 годишно образование

Геологија, рударство и металургија со профилите:

– Геолошко рударски техничар, 4 годишно образование,

– Ракувач со рударски машини, 3 годишно образование

Под мотото „Денес ученик – утре стручњак“  СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп и овие уписни рокови ќе регрутира ученици кои се желни за знаење, за практична обука кои за младите од регионов треба да обезбедат иднина во делот на професионалната определба. 

И годинава пријавувањето за упис во средните училишта за учебната 2023/24 година е електронско:

Првото пријавување е на 20 и 21 јуни, а второто пријавување на 27 ми и 28 јуни

 

Би можело да ве интересира

Прилеп го одбележа празникот 23-ти Октомври

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО)Ковачевски: Парите ги враќаме кај граѓаните, кај земјоделците

Пела Редакција

ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА, ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКВА

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе