12.1 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

ИЗБРИШАНИ ЗБОРОВИ ОД СПОМЕНИКОТ НА „ФЕВРУАРСКИОТ ПОХОД„

Оштетен е споменикот на Февруарскиот Поход – Богомилската Епопеја, што симполизира и потсетува на еден  од најзначајните настани за време на НОБ, поход на Народноослободителната војска на Макеоднија, која во февруари 1944 година извршила оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија за ослободување на Македонија.
За оштетување јавно пишува Левица – Прилеп,  која го осудува сквернавењето на спомен обележјата од НОБ.
„БРУСЕН СПОМЕНИКОТ НА БОГОМИЛСКАТА ЕПОПЕЈА БЛИЗУ ЈАСЕНОВО.  Споменикот гласи: “Вие, хероите од славната богомилска епопеја, во нерамната борба со БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР ги дадовте своите животи за среќната иднина на нашите млади поколенија” Избрyсено е “БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ” дел, со што доаѓаме до заклучок дека власта со полна пареа е спремна да ја промени историјата на Македонија за наводна европеизација.„  пишуваат на својата фејсбук страна од Левица и го осудуваат чинот на непочитување и оштетување на културното-историско наследство.

 

„Левица Прилеп ова сквернавење строго го осудува и најавува дека ќе излезе со кривична пријава за истото. Според Кривичниот законик на Република Македонија за оштетување на културно наследство е предвидена затворска казна од 1 до 10 години. Историјата на Македонија не е на распродажба за влез во ЕУ и Левица Прилеп ќе се залага локалните историски споменици да останат патоказ за храброста на македонските партизани за идните генерации.„- велат од партијата.

Споменик е во чест на Богомилскиот марш, дел од Февруарскиот поход и се наоѓа близу Јасеново, а секоја година Прилепските планинари, членови на сојузот на борци ,преставници од граѓански здруженија и општините се дел од Бгомилскиот или февруарскиот поход како потсетување на херојството  на партизанските одреди .

 

Би можело да ве интересира

Гром предизвика пожар на 4 куќи во Прилеп

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (68)

Пела Редакција

До каде сме со изградба на велосипедски патеки?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе