Прилепските велосипедисти денеска пред камената бина во Прилеп и со возење низ прилепските улици, одржаа мирен протес под мотото „Утре можеш да бидеш и ти“.

Надлежните мора да сфатат дека велосипедистите се дел од сообраќајот и им е потребно да обезбедат сигурност и за нив, како и за останатите учесници во сообраќајот. Да се надеваме дека овој протест нема да биде статистика само во полициски бележници и дека ќе мора да се направи обезбедена велосипедска патека како што е пракса во сите посериозни градови. Ова лудило на нашите улици и патишта мора да престане еднаш … Не сме Безбедни повеќе, посочуваат од Здружението ВелоЧе.
Протестот велосипедистите го изразија со возење на велосипед на прилепските улици, пред зградата на локалната самоуправа Прилеп и пред Полициската станица.
