3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Завршна конференција во Рим на проектот Европско движење на експерти за ран детски развој

На 8ми и 9ти јуни 2023 претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР зедоа учество на завршната конференција на проектот Европско движење на експерти за ран детски развој, која се одржа во Рим, Италија во организација на Centro Sportivo Italiano.

Во претходните 30 месеци, Centro Sportivo Italiano во соработка со европски партнери – SCF – Италија, Iasis – Грција, SSF – Шпанија, Agro Lider – Северна Македонија, и Бест – Австрија разменуваа идеи и искуства за здравиот начин на живот кај децата во рано детство, истакнувајќи ја важноста на физичката активност со заедничка цел – грижа за децата.
На конференцијата психологот Фабио Карлеваро и техничарот Алберто Марија Николи дадоа краток осврт на спортот за физики и социјален развој на децата и младите. Проф. Симоне Ди Џенаро, професор по педагогија на Универзитетот во Касино и Јужен Лацио, ја презентираше новата врска меѓу денешните млади и новите спортови зборувајќи за спортските активности во животот, вистинските и дигиталните спортови, меѓусебните врски, подемот на е-спортот над традиционалните игри и дисциплини и сл.
Националниот координатор на одделот за обука на CSI – Бепе Басо, го стави акцентот на проектот Fiabe in Movimento, активен во десет италијански региони, во 40 градинки за над 1500 деца кои преку ад хок обучени наставници и оператори, успеваат преку јазикот во креативноста, во изразувањето, преку приказни, говори и зборови, а главно со движење за придонесат за понезависни деца во градинките, покажувајќи ја различноста и потенцијалот на телото, и задоволството од движењето.
Референтот за Политика за заштита на децата на CSI, Алесандра Пиетрини, илустрирајќи ја новата кампања, создадена од Miki Manga Sport Light – да се стремиме кон храброст, добро ги објасни процедурите и кодексот на однесување усвоен од Италијанскиот спортски центар и важноста да се осудат различните злоупотреби на малолетниците и да се промовираат политики кои ја прилагодуваат и моделираат националната политика на индивидуалните локални потреби. Заложбата на ЦСИ лежи во дисеминација, обука и поддршка во изготвувањето на Политика, во донесувањето кодекси на однесување и процедури за заштита на малолетниците.
Десет клучни зборови (забава, емоции, трпение, училиште, семејство, новина, благосостојба, едукатор, отвореност, трпение) користени од Роберто Ламборџини, раководител на Центарот за проучување и истражување SG Plus, во промовирањето на манифестот за волонтирање спорт 5.0 во рамките на Проектот Зпорт. Со дигиталната формула World Cafè, CSI има намера да ги преиспита и поддржи спортските здруженија, вклучувајќи и стимулирајќи млади луѓе под 35 години и подобро да ги разбере предизвиците и потребите на денешниот и утрешниот спорт.
Од Одделот за спорт – Претседателство на Советот на министри беше присутна Елеонора Косентино, која упатувајќи институционални поздрави до учесниците и говорниците рече: „Одделот со задоволство го поддржува овој прекрасен проект, бидејќи веруваме дека обуката е фундаментална за правилен развој на децата во раното детство на глобално ниво.
На конференцијата беа присутни студенти од додипломски и магистерските студии на Универзитетот во Касино и јужен Лацио, кои имаа можност да се запознаат со работата на Центро Спортиво Италиано и да споделат свои идеи за подобрување на политките во областа на спортот поврзани со децата и младите во Италија, и пошироко.
Овој проект е одлично искуство на ЛАГ АГРО ЛИДЕР и можност за поактивна соработка со градинките за заедничко делување за промовирање на спортот и правилниот начин на живот кај децата во рано детство.

 

Би можело да ве интересира

Вечерва започнува Макфест. Кој ќе го претставува Прилеп?

Пела Редакција

(ВИДЕО) Бараме достоинствен живот, а не сиромаштија “ – трет ден протести на прилепските пензионери

Гордана Цветаноска

Водовод ќе врши ревидирање на сметките за вода

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе