-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

10-тина невработени лица ќе можат да бидат ангажирани за „Општинско – корисна работа“

10-тина луѓе невработени лица можат да се пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ за да бидат работно ангажирани. Пријавувањето се врши во Центар за вработување Прилеп, во периодот од 13.06.2023 год. до 19.06.2023 год., од 08:00 до 14:00 часот , а на јавниот повик можат да учестуваат сите лица кои се регистрирани како неврабтени. За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа„ се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари, бруто износ, за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Лицата ќе работата  со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно. За време на  работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ однсоно 9(девет) месеци. Статусотна невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисниците на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање,  нема да  им биде скратено претходно остварено право.

Работните позиции кои се опфатени со овој јавниот повик се однесуваат на ангажирање на: негователи/ки во ЈОУДГ „Наша Иднина“, воспитувачи/ки во ЈОУДГ „Наша Иднина„, неговател/ка во Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“, неговател/ка во Дневен центар за лица со церебрална парализа и фасилитатор за поддршка на социјални услуги за Роми повратници.

       За условите и критериумите од ЈАВНИОТ ПОВИК повеќе на следниот ЛИНК:

https://www.prilep.gov.mk/j-a-v-e-n-p-o-v-i-k-do-evidentirani-nevraboteni-lica-za-vkluchuvanje-vo-programata-opshtinsko-korisna-rabota/

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Земјоделците ги очекува уште една тешка година, треба навреме да го заштитат производството

Пела Редакција

Прилеп борец, херој хуманитарец – хуманитарен концерт за лицата со цистична фиброза (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Прилепскиот уметник Марјан Стојаноски со самостојна изложба во Тирана

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе