Со доделување на театарските награди и со претставата во чест на наградените „Последниот балкански вампир“, според текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски, а во изведба на Српското народно позориште и Центарот за развој на визуелната култура од Нови Сад, вечерва во Центарот за култура „Марко Цепенков“ завршува 57. МТФ „Војдан Чернодрински“.
Денеска, напладне жирито во состав Јанко Љумовиќ, професор на ФДУ од Цетиње, Црна Гора, Мирослав Радољиќ, директор на „Стериино позорје“ од Нови Сад и Милош Латиновиќ, директор на „Битеф“ ја соопштија одлуката за најдобрите остварувања и за најдобра претстава. За најдобра претстава на фестивалот беше преставата „ Мy name is Medeјa“ во изведба на Народен театар – Битола, НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ЦЕЛИНА СЕ ДОДЕЛУВА ОД МИЛАН РАМШАК МАРКОВИЌ, ВО РЕЖИЈА НА СЕБАСТИЈАН ХОРВАТ,а преставата освои и неколку други награди.
Наградени- во целост:
ОЦЕНУВАЧКАТА КОМИСИЈА НА 57. МАКЕДОНСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ – ПРИЛЕП, ВО СОСТАВ ЈАНКО ЉУМОВИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИТЕ МИЛОШ ЛАТИНОВИЌ И МИРОСЛАВ МИКИ РАДОЊИЌ, ГИ ДОДЕЛУВА СЛЕДНИТЕ НАГРАДИ:
1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ СЕ ДОДЕЛУВА НА САШО ИЛКОВСКИ ЗА РЕКЛАМНИОТ МАТЕРИЈАЛ ОД ПРЕТСТАВАТА „MY NAME IS MEDEJA“ ВО ИЗВЕДБА НА НАРОДЕН ТЕАТАР – БИТОЛА.
2. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА СЕ ДОДЕЛУВА НА СИМОН СИМОНОВСКИ ЗА ПРЕТСТАВАТА „ЧУДНА СЛУЧКА СО КУЧЕТО ВО НОЌТА“ ВО ПРОДУКЦИЈА НА ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ.
3. НАГРАДА ЗА МУЗИКА СЕ ДОДЕЛУВА НА ДРАГО ИВАНУША ЗА МУЗИКАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „MY NAME IS MEDEJA“ ВО ИЗВЕДБА НА НАРОДЕН ТЕАТАР – БИТОЛА.
4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА ЕЛЕНА ВАНГЕЛОВСКА И РАДЕ ВАСИЛЕВ ЗА КОСТИМИТЕ ВО ПРЕТСТАВАТА „ЧУДНА СЛУЧКА СО КУЧЕТО ВО НОЌТА“ ВО ИЗВЕДБА НА ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ.
5. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА КОНСТАНТИН ТРПЕНОСКИ ЗА СЦЕНОГРАФИЈАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „ЧУДНА СЛУЧКА СО КУЧЕТО ВО НОЌТА“ ВО ИЗВЕДБА НА ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ.
6. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА ЛИДИЈА МИТОСКА – ЃОРЃИЕВСКА ЗА ДРАМАТИЗАЦИЈАТА НА
„МИСТЕРИЈА БУФО“ СПОРЕД ДАРИО ФО, ВО ПРЕТСТАВАТА „МИСТЕРИЈА БУФО“ ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТАР „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ – ПРИЛЕП.
7. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ НЕ СЕ ДОДЕЛУВА.
8. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ СЕ ДОДЕЛУВА НА ХАКАН ДАЦИ ЗА УЛОГАТА НА КАТУРИАН ВО ПРЕТСТАВАТА „ЧОВЕК
ПЕРНИЦА“, ВО ИЗВЕДБА НА ТУРСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ, ВО КОПРОДУКЦИЈА СО МАШИНА ПРОДАКШН И ПИК ПРОДУКЦИЈА.
9. НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА СЕ ДОДЕЛУВА НА МАТЕА ЈАНКОВСКА ЗА УЛОГАТА НА РОЊА ВО ПРЕТСТАВАТА „РОЊА, ЌЕРКАТА НА ОГРАБУВАЧОТ“, ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ – СКОПЈЕ.
10. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА ЕМИЛИЈА МИЦЕВСКА ЗА УЛОГАТА НА ЏУДИ ВО ПРЕТСТАВАТА „ЧУДНА СЛУЧКА
СО КУЧЕТО ВО НОЌТА“ ВО ИЗВЕДБА НА ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ.
11. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ СЕ ДОДЕЛУВА НА ДИН ИБРАХИМ ЗА УЛОГАТА НА МИКАИЛ ВО ПРЕТСТАВАТА „ЧОВЕК ПЕРНИЦА“ ВО ИЗВЕДБА НА ТУРСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ, ВО КОПРОДУКЦИЈА СО МАШИНА ПРОДАКШН И ПИК ПРОДУКЦИЈА.
12. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА ДАМЈАН ЦВЕТАНОВСКИ ЗА УЛОГАТА НА КРИСТОФЕР БУН ВО ПРЕТСТАВАТА „ЧУДНА СЛУЧКА СО КУЧЕТО ВО НОЌТА“ ВО ИЗВЕДБА НА ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ.
13. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА ИЛИНА ЧОРЕВСКА ЗА УЛОГАТА НА МЕДЕЈА ВО ПРЕТСТАВАТА „MY NAME IS
MEDEJA“, ВО ИЗВЕДБА НА НАРОДЕН ТЕАТАР – БИТОЛА.
14. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА СЕБАСТИЈАН ХОРВАТ ЗА ПРЕТСТАВАТА „MY NAME IS MEDEJA“ ВО ИЗВЕДБА НА НАРОДЕН
ТЕАТАР – БИТОЛА.
15. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ЦЕЛИНА СЕ ДОДЕЛУВА НА ПРЕТСТАВАТА „MY NAME IS MEDEJA“ ОД МИЛАН РАМШАК
МАРКОВИЌ, ВО РЕЖИЈА НА СЕБАСТИЈАН ХОРВАТ, ВО ИЗВЕДБА НА НАРОДЕН ТЕАТАР – БИТОЛА.
Жирито ја пофали публиката, потврди дека фестивалот беше разнолик, по содржина и квалитет , нов по својата концепција, вклучително и со квалитетни актери и тетарски работници, но истакнаа дека на македонскиот театар им недостига авторски текстови.
Инаку, синоќа публиката ги виде последните две од 10-те претстави во официјалната програма: „My name is Medeja“ на битолскиот и „Несфатената цивилизација“ на анасамблот на охридскиот театар. Се одржаа и разговорите на тркалезната маса за овие претстави. Од 9 до 16 јуни Фестивалот понуди богата програма: 10 претстави во официјалната програма, пет во независната продукција, дипломски претстави, фестивалски зони, театар за деца, промоции, разговори на тркалезната маса.