7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем!(45)

Пишува Зоран Момироски

  • УЧЕБНАТА ГОДИНА ЗАВРШИ, А РОДИТЕЛСКАТА  И НАСТАВНИЧКАТА БИТКА ПРОДОЛЖИ. ПРВАТА ВОЈНА ЗА ПОДОБАР УСПЕХ ИЛИ ДА СЕ ПОПРАВАТ ЕДИНИЦИТЕ  ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ  ПРВАТА ПОПРАВНА СЕСИЈА НЕ E ЗАВРШЕНА, А СО ТОА И  ,,ПАЗАРOT“  РОДИТЕЛ-НАСТАВНИК  НЕ  Е ЗАТВОРЕН. СЕ’ ЗАВИСИ КОЈ КОЛКУ ПРИЈАТЕЛИ ЌЕ ФАТИ ИЛИ ЌЕ ПЛАТИ. ВТОРАТА БИТКА Е ОБРАТНА – НАСТАВНИЦИ СО РОДИТЕЛИ. ОВАА БИТКА Е ЗА ДА СЕ ДАДЕ ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО: ВО КОЕ ОСНОВНО И СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ДА СЕ ЗАПИШАТ НИВНИТЕ  ДЕЦА?!? ВО ПРИЛЕПСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА  ИМА ПОВЕЌЕ ОД   550  МЕСТА. И, ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. МЕСТА  И НАСТАВНИЧКИ КАДАР ИМА. АМА НЕМА ДЕЦА. НАРОД РЕШИЛ И СЕ ИСЕЛУВА ВО СТРАНСТВО. ТОКМУ ПОРАДИ ТОА ГОДИНАВА ЌЕ БИДАТ ЗАПИШАНИ ОКОЛУ 480 ОСНОВЦИ. ИСТА ИЛИ СЛИЧНА Е СОСТОЈБАТА И ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА. ЗА СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ И ГОДИНАВА ,,ЗИМА“ НЕМА, ОТИ, АКО НЕМА ПАРТИЈА ИЛИ МЕНЏМЕНТ ВО ОВОЈ НАШ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ ДА ГИ ВРАБОТИ, ВО ЕУ, ОСОБЕНО ГЕРМАНИЈА, ВРАТИТЕ ШИРУМ ИМ СЕ ОТВОРЕНИ. ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ИМ СОЗДАДЕ СИГУРНОСТ И ЗА УЧЕНИЦИ И НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ,,РИСТЕ РИСТЕСКИ –РИЧКО“ И НА ,,ОРДЕ ЧОПЕЛА“. ДРУГИТЕ ДВЕ, КОЈ ПАМАЛКУ, КОЈ ПОВЕЌЕ , ТРЕБА ДА  МУ ЈА МИСЛАТ. ОТИ КАКО ТРГНАЛА РАБОТАТА, ПОКРАЈ РАБОТНИЦИ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ УВЕЗУВААТ И ДЕЦА. БАРЕМ ЗА ДА ОПСТАНИ ОВОЈ НАШ  ПРИЛЕПСКИ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ. ВО СПРОТИВНО, НАСТАВНИЦИ И ПРОФЕСОРИ ЌЕ БИДАТ ПРИНУДЕНИ  ДА ШЕТКААТ  ПО УЛИЦИ ИЛИ ДА СЕ ПРЕКВАЛИФИКУВААТ  ЗА  ДРУГИ  РАБОТНИ МЕСТА. ЗА НЕДОСТИГОТ НА УЧЕБНИЦИ И УЧИЛИШНИ ПОМАГАЛА ДА НЕ СПОМЕНУВАМ,  БИДЕЈЌИ Е СРАМОТА  ВО 21 ВЕК, ОСОБЕНО КОГА НА ПОЧЕТОК БЕЗ ПАРДОН  НА ГОЛЕМА ВРАТА  ВЛЕГУВА  ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА. И, НА КРАЈОТ, ЗА НАЈОПАСНАТА И НЕСООДВЕТНА ПОМОДАРСКА БИТКА. ЗА АВТЕНТИЧНИОТ НЕЕСНАФСКИ РОДИТЕЛСКИ ПРЕСТИЖ. ЗА ЗАВРШЕНА  ЧЕТВРТ  МАТУРА – ПОДАРОК  СКАП И УБАВ  ВЕЛОСИПЕД!!! ЗА ПОЛУМАТУРА – ТОП МОТОР !!! А,  ПОДАРОК  ЗА ЗАВРШЕНА МАТУРА, ШТО Е МОЖНО ШТО ПОПОЗНАТА МАШИНА – АВТОМОБИЛ. ТРАКТОР, ЌЕ ИМА ЗА ДИПЛОМИРАНИТЕ, МАГИСТРИРАНИТЕ ИЛИ ДОКТОРАНТИТЕ. ОТИ СПОРЕД РЕАКЦИИТЕ  НА НАСТАВНИЦИ И ПРОФЕСОРИ  ТИ ИМАЛО  ,,ЗАГРИЖЕНИ РОДИТЕЛИ“ КОИ СО СКАПИ КОЛИ ИЛИ ЏИПОВИ ГИ НОСЕЛЕ СВОИТЕ ДЕЦА ДО ВЛЕЗНАТА ВРАТА  ВО УЧИЛИШТАТА А, НЕ ПРЕД УЧИЛИШТЕ, БИДЕЈЌИ НЕ САКАЛЕ НИВНОТО МИЛЕНИЧЕ ПО ТРАТОАРОТ И НИЗ  УЧИЛИШНИОТ ДВОР ДА ОДИ ПЕШ  МЕЃУ И СО ДРУГИТЕ  УЧИЛИШНИ ДЕЦА И ДРУГАРЧИЊА.

 

  • ДЕКА ДОАЃА НОВА ГЕНЕРАЦИЈА СО НОВ ПРИСТАП ВО РАБОТАТА, НО И СО  ХРАБРИ БАРАЊА  ЗА  РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА ГО ПОТВРДУВА СЛУЧАЈОТ СО ЕДНА ПРИЛЕПСКА КОНФЕКЦИСКА КОМПАНИЈА. ИМЕТО НЕ ГО СПОМЕНУВАМ, НЕ ПОРАДИ СТРАВ, ТУКУ ОБВРСКАТА КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД ЗАКОНСКИОТ (СКРИЕНА РЕКЛАМА ). Е, ВО ТАА ФИРМА ОД СТАРИОТ ГАЗДА,  ПО ПОТЕКЛО ОД СЕЛОТО СЛАВЕЈ, А НАСЛЕДЕНА ОД СИНОВИТЕ, ИНАКУ ЕТАБЛИРАНИ  ВО БИЗНИСОТ И ПОЛИТИКАТА,  ПО БАРАЊЕ НА ,,ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ“ ТИ ВЛЕГЛА СООДВЕТНА ИНСПЕКЦИЈА ЗА ВОНРЕДЕН СПЕЦИЈАЛЕН НАДЗОР. КОГА ВЛЕГЛЕ ИНСПЕКТОРИТЕ ,,ИМ СЕ ДИГНАЛА КОСАТА НА ГЛАВАТА“!!! ПРИТОА,  УТВРДИЛЕ ПОВЕЌЕ  НЕПРАВИЛНОСТИ ВО РАБОТАТА, КОИ ВО СЕГАШНИ УСЛОВИ И ВРЕМЕ НЕ СЕ ПОЗНАТИ НИ ВО НАЈЗАОСТАНАТА ЗЕМЈА ВО АФРИКА,  А  НЕ ВО ПРИЛЕП, ВО МАКЕДОНИЈА, НА БАЛКАНОТ, ВО ЗЕМЈА КАНДИДАТ ЗА ЕУ. ФИРМАТА ИМАЛА 120 ВРАБОТЕНИ. ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ВРАБОТЕНИТЕ  СО ГОДИНИ СЕ ДРЖЕЛЕ БЕЗ ДА ИМ БИДЕ ТРАНСФОРМИРАН СТАТУСОТ, ОД ОПРЕДЕЛЕН НА НЕОПРЕДЕЛЕН РАБОТЕН ОДНОС . И, ПОКРАЈ ТОА ШТО ТИЕ  ГИ ИСПОЛНУВАЛЕ СИТЕ УСЛОВИ, НА РАБОТНИЦИТЕ  НЕ ИМ БИЛО ОВОЗМОЖЕНО ДА ГО КОРИСТАТ ЗАГАРАНТИРАНИОТ РАБОТЕН ОДМОР!!! К15  ГО ДОБИВАЛЕ НА РАТИ ОД  СЕПТЕМВРИ ДО НОВА ГОДИНА. НО, ПРОПУСТИ ИМАЛО И ВО  ИСПЛАТА НА ПРЕКУВРЕМЕНИ РАБОТНИ  ЧАСА. ОВАА ИНСПЕКЦИСКА АКЦИЈА  НА ПОЧЕТОК МИ ЗАЛИЧНИ НА НАЈАВУВАНАТА НЕСЕЛЕКТИВНОСТ  НА ВЛАДАТА, КОН СИТЕ ШТО СЕ ОГРЕШИЛЕ КОН ЗАКОНОТ. АМА СЕПАК, ОСТАВАМ  РЕЗЕРВА, ПА СИ ВЕЛАМ,  ОВИЕ  ГАЗДИВЕ ДА НЕ ,,АЗДИСАЛЕ“ И ДА ПОЧНАЛЕ ДА БАРААТ ПРЕКУ ЛЕБ ПОГАЧА?!  ТУКА Е И ОДГОВОРОТ НА ПРАШАЊЕТО: ЗОШТО  МЛАДИТЕ БЕГААТ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА?!? ЗОШТО ОВИЕ ОД ВЛАДEAЧКОТО МНОЗИНСТВО РЕШИЛЕ  ДА НОСАТ  ЕВТИНА РАБОТНА РАКА ОД АЗИСКИ, МАЛОАЗИСКИ И АФРИКАНСКИ ДРЖАВИ. ПРИТОА, НАВИСТИНА  НИКОЈ НЕ ЗАБЕЛЕЖУВА, ИЛИ СЕ ПРАВИ ,,НА ЧУКНАТ“ ДЕКА ПРЕКУ ОВОЈ, И СЛИЧНИ  НА ОВОЈ ПРИМЕР,  РАБОТАТА  Е ПРОСТА И ЕДНОСТАВНА-КАКО ,,ГРАВ“.

 

  • А ПРОСТА ТИ БИЛА И РАБОТАТА И ПО ОБЈАВЕНИОТ СКАНДАЛ НА ДИРЕКТОРОТ НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА , ИГОР ГУЛАБОСКИ ДЕКА ПРИЛЕП ВО 21 ВЕК ПИЕ ВОДА ОД ВОДОВОДНА МРЕЖА, КОЈА ЗА ЖАЛ ПОЛОВИНА  Е ОД АЗБЕСТНИ ЦЕВКИ. И, ИНДИРЕКТНО ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ  ВРЗ ДВАЈЦАТА ПОРАНЕШНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ДИРЕКТОРИ НА ОВА ЈКП!!! ЕДЕН ОД ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ – МАРЈАН  РИСТЕСКИ, КОЈ НАЈВЕРОЈАТНО СЕ ПРЕПОЗНАЛ ВО ИЗЈАВАТА НА ГУЛАБОСКИ, ОСТРО  РЕАГИРА СО НЕГОВИ КОНТРА – АРГУМЕНТИ.  МАЦИО ПРВО МУ ПОРАЧУВА НА ГУЛАБЧЕТО ДА НЕ ПЛАЧИ И ДА НЕ КУКА ЗА ЗАГУБИТЕ НА ВОДА. НО, И ЗА СОСТОЈБАТА СО ГРАДСКАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА,  ТУКУ ДА СЕ ЗАФАТИ СО РАБОТА. И МУ ПОРАЧУВА ДА РАБОТИ  И ДА ПОДГОТВИ ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТИ КОИ НА ГРАДОТ И ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ЌЕ МУ ДОНЕСАТ  БЕНЕФИТ. „САМО ПРЕД ОСУМ ГОДИНИ“, ВЕЛИ  РИСТЕСКИ,  „СО 146 ВРАБОТЕНИ ОПШТИНАТА И ОВА ЈКП РЕАЛИЗИРАА ПРОЕКТИ ОД  50 МИЛИОНИ ЕВРА  И ТОА НАЈГОЛЕМ ДЕЛ НЕ ПОВРАТНИ  ЕВРОПСКИ ПАРИ. А,  ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА-ПРИЛЕП  БЕШЕ МЕЃУ 100 НАЈУСПЕШНИ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА. СЕГА, СО 240 ВРАБОТЕНИ,  ОД КОИ  НАЈМАЛКУ ГИ ИМА  И ТОА СПОРЕД  ПОТРЕБИТЕ  НА ТЕХНИЧКАТА СЛУЖБА, НО И  СО ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИ НА ВОДАТА, ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА Е ВО ЗАГУБА. СТРАМ ЗА ПРИЛЕП И ФИРМАТА!!!“ „ОВОЈ ПРОЦЕС,“ ВЕЛИ РИСТЕСКИ, „Е ФАКТ ДЕКА  ЗАПОЧНА ОД ПРЕТХОДНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ И МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ,  НО НАМЕСТО ДА СЕ СТОПИРА, ТОЈ  ПРОДОЛЖИ СО ОВИЕ НАШИВЕ“, ВЕЛИ ТОЈ. МАЦИО ТВРДИ ДЕКА ОД НАД 300 КИЛОМЕТРИ ВОДОВОДНА МРЕЖА СО ПАРИТЕ ОД КФВ БАНКАТА БЕА ЗАМЕНЕТИ  МЕЃУ 180  И 200 КИЛОМЕТРИ АЗБЕСТНИ СО ЕКО ЦЕКВИ, СЕ ДОБИ НОВА АДМИНИСТРАТИВНА ЗГРАДА И ОПРЕМА. “ЗАТОА  ГО ДОБИВМЕ ПРОЕКТОТ  ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА 27 МИЛИОНИ ЕВРА, А НЕ ДЕКА БЕВМЕ МНОГУ ЛИЧНИ, ТУКУ ДЕКА БЕВМЕ УСПЕШНИ. СО ОВА ЗАГУБИТЕ  НА ВОДА, ОД  84% СЕ НАМАЛИЈА НА 50%. A ПОСТОЈАТ ДОКУМЕНТИ СО КОИ ПРЕД ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА И БУНДЕСТАГОТ СЕ ОБВРЗАВМЕ  ГОДИШНО СО НАШИ ПАРИ,  ДА ОБНОВУВАМЕ  ПО 10 КИЛОМЕТРИ ЕКОЛОШКИ НАМЕСТО АЗБЕСТНИ ЦЕВКИ. АКО ТОА СЕ ПОЧИТУВАШЕ, ДО ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА БИДАТ  ОБНОВЕНИ  ОД  70 ДО 80 КИЛОМЕТРИ. А, ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ ДЕКА ЈКП ВОДОВОД  И КАНАЛИЗАЦИЈА И ОПШТИНАТА СЕ ОБВРЗАНИ ЗАГУБИТЕ НА ВОДА  ДА ГИ НАМАЛАТ ДО 42 % ИЛИ 12 % НАД ЕВРОПСКИОТ ПРОСЕК. АКО НА  МОЈОТ НАСЛЕДНИК,  МУЦЕТО, И НА НЕГОВОТ ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ИМ БЕА ПРИОРИТЕТ НАСОКИТЕ ОД ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА, НЕМАШЕ ДА ЗАМЕНАТ (И, АКО НАВИСТИНА, А НЕ САМО НА ХАРТИЈА СЕ  ЗАМЕНЕТИ )  20 КИЛОМЕТРИ, ТУКУ ЌЕ БЕА ЗАМЕНЕТИ НАД 40 КИЛОМЕТРИ ОД АЗБЕСТНАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА. ОЧЕКУВАМ ОД  СЕГАШНИОТ МЕНАЏМЕНТ,  АКО НЕ ПОВЕЌЕ, ЗА ДВЕ ГОДИНИ ДА ЗАМЕНИ БАРЕМ  20 КИЛОМЕТРИ, ЗА ЧЕТИРИ, 40 КИЛОМЕТРИ, А НЕ КАКО ШТО НЕОФИЦИЈАЛНО, ДОСЕГА НЕКОИ ТВРДАТ, ДЕКА  СЕ ЗАМЕНЕТИ  САМО  ОКОЛУ  2 КИЛОМЕТРИ“ ПОРАЧУВА  МАЦИО.

 

  • САКАМ ОТВОРЕНО ДА ЈА ПРАШАМ ТАЈФАВА ОД СДСМ  ВО ПРИЛЕП. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, СЕГА И ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ -ЦАКИО, ПА ПОТОА  ОВОЈ ПРАТЕНИКОТ  МИЛЕ, ПА ОВАА ИВОНЧЕ БОМБОНЧЕ ОД ЦО НА СДСМ: ИМАТЕ  БЕ  ВИЕ ,,ЈАЈЦА“ ДА МУ ТРОПНИТЕ НА МАСА НА ВАШИТЕ ГАЗДИ ВО СКОПЈЕ ИЛИ КАКО ,,ПУТКИ“ ПОД КОШУЛИ МОЛЧИТЕ . АБЕ, ОТВОРЕНО ПРАШАЈТЕ: ЗОШТО  ГРАДОВ Е СТАВЕН  ВО ОТПИШАНИТЕ?!? СО КОЕ ПРАВО ГО МАРГИНАЛИЗИРАТЕ?!? ИЛИ КАКО МИЛУВАТЕ ДА КАЖЕТЕ, ЗА ПРОВИНЦИЈАВА ВООПШТО НЕ ВИ ПУКА.  АКО Е НАВИСТИНА ТАКА, ТОГАШ ОТВОРЕНО НА ТИЕ ЛУЃЕ – САМОБЕНДИСАНИ,  ТРЕБА ДА ИМ СЕ КАЖЕ ДЕКА  НЕМА ШТО ВО ГРАДОТ ПОД МАРКОВИТЕ КУЛИ ДА БАРААТ. СТРАМОТА Е ДА НЕМА НИТУ ЕДНА ФУНКЦИЈА ВО ВЛАДА  ОД ОВА НАШЕ ДРЖАВИЧЕ. АЈДЕ СТАНЕТЕ И КАЖЕ ИМ ДЕКА СЕ БЛИЖАТ  ИЗБОРИ. ПРЕДУПРЕДЕТЕ ГИ ДЕКА НАЈДОБРО ЌЕ БИДЕ ТИЕ  РЕДОВНО ДА СИ ДОАЃААТ  ВО ГРАДОВ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ВО ОПШТИНАВА И ДА СИ ТЕРААТ  КАМПАЊА. А НЕ ВИЕ, КАКО ДО СЕГА, СИ  МОЛЧИТЕ И СИ ОДИТЕ КАЈ ,,КАДИЈАТА“ СО НАВЕДНАТИ  ГЛАВИ. КЛИМАТЕ СО ГЛАВИТЕ  И КУБУРОТ ГО ЧУВАТЕ ЗА ЗЛОВРЕМЕ. ПРИТОА, ЗНАЕТЕ ДЕКА НЕМА ДА ЈА БИДЕ РАБОТАТА,  АМА И НАТАМУ ИМ  ВЕТУВАТЕ И  ПЛАНИНИ И ПОЛИЊА. СЕ’ МИ СЕ ЧИНИ ДЕКА АКО СЕ ПРОДОЛЖИ ВАКА РАЗЛИКАТА ОД 7.500 ГЛАСОВИ ЌЕ БИДЕ ,,ПЕСНА“ ВО СПОРЕДБА СО ОНАА ШТО ВЕ ОЧЕКУВА НА СЛЕДНИТЕ  ПАРЛАМЕНТАРНИ  ИЗБОРИ. ЏАБЕ СЕ МОТКАТЕ  И МУ ГО ТРОШИТЕ ВРЕМЕТО НА ЛУЃЕТО СО ОВИЕ МААЛСКИ СРЕДБИ ,,РАМО ДО РАМО“!!!

 

  • ИЗМЕНИ НА ГЛАВНИОТ  И ТРИ ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИ НА ГРАДСКИОТ ДУП  НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ПРИЛЕП  ПОМИНАА КАКО ДУП-Е. ПОРАДИ СТРАВ ОД МОЖНО  КРИВИЧНО ДЕЛО ПРЕДЛАГАЧИТЕ: ПУП, ГРАДОНАЧАЛНИОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ,  ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ,  КОЈ ПАТЕМ СИ ВОДИ ТИВКА БИТКА ЗА ПРАТЕНИК, РЕШИЛЕ ОВИЕ ТОЧКИ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД ДНЕВЕН РЕД. МОЗОКОТ ИМ  ГО ПОМАТИЛА ,,МАШТЕНИЦАТА“!!! ОДНОСНО, ЛОКАЦИЈАТА КАДЕ ШТО СЕГА СЕ НАОЃААТ СТАРИТЕ СИЛОСИ ОД ЖИТО ПРИЛЕП.  ВЕДНАШ НАСПРОТИ  НОВАТА АВТОБУСКА СТАНИЦА, НА  РАСКРСНИЦАТА КАДЕ ЗАВРШУВА БУЛЕВАРОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ. А, ЗАПОЧНУВА ОБИКОЛНИЦАТА КАРПАЛАК И ВЛЕЗОТ ЗА ТОЧИЛА, ПОЧЕТОКОТ НА УЛИЦАТА БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ. НА ОВА МЕСТО НЕКОЈ РЕШИЛ ДА СИ ГРАДИ ЗГРАДА ВИСОКА 14 КАТА. ДА БИДЕ НАЈВИСОКА ВО ПРИЛЕП, А ОКОЛУ НЕА СИТЕ ДРУГИ ПАРЦЕЛИ ЗА ГРАДБА СЕ ПРИЗЕМЈЕ СО ДВА СПРАТА. ГАЗДИТЕ СЕ ПОЗНАТИ ,,ПРЕМАТАРИ“ СО НЕДВИЖНИНИ И СО ПРОИЗВОДСТВО  НА СУВОМЕСНИ ПРОИЗВОДИ.

 

  • СОВЕТНИЦИТЕ НА ОПШТИНАТА, ВО ГРАДОВ ТИ КРЕНАЛЕ УКИ-БУКИ И ЗА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДРШКА НА СПОРТОТ ВО ПРИЛЕП. ЌЕ БИДАТ РАСПРЕДЕЛЕНИ  4.000.000 ДЕНАРИ, ОД КОИ САМО 250.000 ДЕНАРИ ЗА ФК ПОБЕДА. ПРЕД ДВЕ, ТРИ ГОДИНИ  ЕПТЕН ГОЛЕМИ ПОДДРЖУВАЧИ  НА СПОРТОТ ВИКАА КУКАА И ПЛУКАА  ПО ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ – МУЦЕТО ДЕКА НЕ ДАВАЛ ПАРИ ОД ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ ЗА СПОРТОТ. ДЕКА БИЛ АНТИ ТАЛЕНТ И ДИЛЕТАНТ ЗА КЛУБОВИТЕ И СПОРТСКИТЕ ЕКИПИ ВО ПРИЛЕП. ТОГАШ ГИ ПОДДРЖУВАВ И ГО ОСУДУВАВ ВАКВИОТ ОДНОС НА ГРАДСКИТЕ  ВЛАСТИ. ИСТИОТ СТАВ И МИСЛЕЊЕТО ГО ИМАМ И СЕГА. ПАРИ ЗА СПОРТОТ МОРА ДА ИМА БАРЕМ ПЕТПАТИ ПОВЕЌЕ ОД СЕГА. И ЈАВНО ГО КАЖУВАМ. АМА ИСТИТЕ ТИЕ ВИКАЧИ И ПЛУКАЧИ, ПИШУВАЧИ НА ПОРТАЛИ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ,  СЕГА МОЛЧАТ. СЕ ПРАВАТ НА МУТАВИ. МИСЛИШ  СКЛЕРОЗА  ГИ ИМА ФАТЕНО. НИВНОТО ,,ЧЕДО“ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ БИЛ ВО ПРАШАЊЕ. СЕГА ДЕНОТ  ГО ГЛЕДААТ НОЌ, А НОЌТА -ДЕН.  ПА ДУРИ БЕЗ ГРАМ СРАМ ВЕЛАТ ДЕКА НЕ ПАМЕТАТ ДЕКА КУКАЛЕ И ПЛУКАЛЕ, ИАКО И ТОГАШ И СЕГА ОПШТИНАТА ДАВА САМО  4.000.000 ДЕНАРИ ЗА СПОРТ. ДА БИДАТ РАБОТИТЕ УШТЕ ПОЈАСНИ: ОПШТИНА КАВАДАРЦИ  ЗА ОВАА НАМЕНА ГОДИШНО ИЗДВОЈУВА 30.000.000 ДЕНАРИ – ШЕСТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ПРИЛЕП. А ОПШТИНА БИТОЛА 60.000.000 ДЕНАРИ .

 

  •  „ПИВОФЕСТ – 2023“ СЕПАК ЌЕ ГО БИДЕ. АКО НЕ КАКО МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ И ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПИВОТО И СКАРАТА ТОГАШ КАКО ,,СВАДБА “ БЕЗ НЕВЕСТА И МУЗИКА. КОЛКУ СВАТОВИ  ЌЕ ДОЈДАТ  НИКОЈ НЕ ЗНАЕ!!! ОТИ СИТЕ КОИ САКААТ ЌЕ БИДАТ ДОБРЕДОЈДЕНИ.  И ЛОКАЦИЈАТА СЕ ЗНАЕ, ТАА НЕ СЕ МЕНУВА- ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП. ВАКВА ОДЛУКА Е ДОНЕСЕНА НА СОВЕТОТ ОД ГРАДОВ. ТРИ НЕДЕЛИ ПРЕД ,,ПИВОФЕСТ“ ОФИЦИЈАЛНО ОРГАНИЗАТОРОТ НЕ Е ПОЗНАТ?!? АМА ДЕНОВИВЕ ЕКСПРЕСНО ЌЕ БИДЕ ИЗВАДЕН KAKO ,,ЏОКЕР“ ОД ЏЕБ. ТОА ТАКА БИДУВА!!!! СЕ ШПЕКУЛИРА: АКО  СЕ НАЈДАТ ПАРИ, ДЕКА ВПЕЧАТОКОТ ОД ЛАНСКИОТ „ВАШАР“ ГОДИНАВА ЌЕ ГО ПОПРАВЕЛА КАРЛЕУША!!! ЗА ДА БИДЕ АТРАКЦИЈАВА ГОЛЕМА, А ВОСХИТОТ УШТЕ ПОГОЛЕМ,  ПРАШАВ ДАЛИ МОЖЕБИ  КАРЛЕУША ПЛАНИРА ДА СЛЕТА СО НЕЈЗИНОТО ПРИВАТНО АВИОНЧЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО МАЛО КОЊАРИ. ОДГОВОР НЕ ДОБИВ. АМА РЕКОА ДЕКА  ,,СВАДБАВА“  ПИВОФЕСТ  2023,  ГОРЕ –  ДОЛУ, НЕОФИЦИЈАЛНО ЌЕ ЧИНЕЛА ОКОЛУ 180.000 ЕВРА.

 

 

 

 

 

 

 

       

 

 

 

Би можело да ве интересира

58 МТФ „ Војдан Чернодрински“ со 11 претстави во натпреварувачката програма

Костоски од Левица: „До кога планирате да бидете слепи за дрвократците во Прилеп?„

Елизабета Филипоска

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (39)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе