11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (46)

Пишува Зоран Момироски

  • „ПИВОФЕСТ 2023“ НЕМА ДА ИМА!!! СЕ ОДЛОЖУВА ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА!!! ОВА Е ОФИЦИЈАЛНОТО СООПШТЕНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНОТ ФЕСТИВАЛ НА ПИВОТО И СКАРАТА. НЕЗНАМ КОЈ И СО КОЈ УМ ОЧЕКУВАШЕ ДЕКА ОВАА ЗНАЧАЈНА И ЈУБИЛЕЈНА МАНИФЕСТАЦИЈА ЗА ПРИЛЕП И ЗА МАКЕДОНИЈА, ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОД 13 ДО 16 ОВОЈ МЕСЕЦ. ВО КОЛУМНАТА БРОЈ 42 НАПИШАВ:  БИЗНИС СЕКТОРОТ  НА ЕДНА ОД СЕДНИЦИТЕ  ОД РЕГИОНАЛНАТА СТОПАНСКА КОМОРА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ „МУ УДРИ СИЛНА ШЛАКАНИЦА“!!! ПРИ РАСПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА „ПИВОФЕСТ 2023“ ТИЕ,  ЕДНОГЛАСНО МУ ОДГОВОРИЈА: ПАРИ И ПОДДРШКА ОД НИВ ЗА „ПИВОФЕСТ“ КАКОВ ШТО СЕ ОДРЖА ЛАНИ, ОВАА ГОДИНА НЕМА. ГО ПРЕДУПРЕДИЈА ДА НЕ БАРА, ДА НЕ ПЛАЧИ И ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВА, НИ ТОЈ САМИОТ СЕБЕ, НИ ЗДРУЖЕНИЕТО „ПИВОФЕСТ“ НИ ГРАЃАНИТЕ. НЕЗНАМ КАКО ОВИЕ ПОРАКИ  ГИ РАЗБРАЛ БОРЧЕ „ИКЕБАНАТА“. НЕЗНАМ КАКО ОВИЕ ПОРАКИ ГИ РАЗБРАЛ И ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ, KOГО СЛУШАМ ПОЧНАА ДА ГО ВИКААТ „МЕКЊАЧОТ ОД МАДАМ ТИСО“, И СО КОЈ ПАМЕТ ЈА СТАВИ НА ДНЕВЕН РЕД ЗА ДА  БИДЕ  УТВРДЕНА ДОБРО ПОЗНАТАТА  СТАРАТА ЛОКАЦИЈА ЗА ФЕСТИВАЛОТ -ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ. АМА ИСТОВРЕМЕНО, УШТЕ ПОВЕЌЕ, СЕ ОБИДУВАМ  ДА РАЗБЕРАМ КОЈ ГО СОВЕТУВАШЕ БОКИО – ПА ОВОЈ РЕШИ ОД ИМЕТО НА ОПШТИНАТА КАКО ПОДДРЖУВАЧ  И „ПИВОФЕСТ“ ДА  ПУШТА БАРАЊЕ : ЗА СПОНЗОРСТВО, ЗА СОРАБОТКА И ЗА  УЧЕСТВО БЕЗМАЛКУ НИЗ ЦЕЛ ГРАД. И ТОА  ОД 3.000 ДО 60.000 ДЕНАРИ. ИЛИ ЕДНОСТАВНО КАЖАНО НА НАШ ПРИЛЕПСКИ НАЧИН  – СЕКОЈ ЗАНАЕТЧИЈА, ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ, МАЛ ИЛИ ГОЛЕМ БИЗНИСМЕН И ДА НЕ НАБРОЈУВАМ УШТЕ, ДА ДАДЕ КОЈ КОЛКУ ИМА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФЕСТИВАЛОТ. ОВАА ЦРКОВНО МАНАСТИРСКА ПРАКТИКА  НАЈМНОГУ СЕ КОРИСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА МАНАСТИРИ, ЦРКВИ, КАМБАНАРИИ. И ТРАЕ СО ГОДИНИ СЕ’  ДОДЕКА ДА СЕ ИЗГРАДИ ОБЈЕКТОТ. АМА ЗА ПИВОФЕСТ  КОЛКУ СЕ СЕЌАВАМ ВАКВО „ШЕТАЊЕ СО ДИЗГОТ“ ДО СЕГА НЕМАЛО. ОВА И ОД ПРИЧИНИ ШТО САМАТА ТУРИСТИЧКО МУЗИЧКА МАНИФЕСТАЦИЈА ИМАЛА  СЕРИОЗНИ СПОНЗОРИ СО ГОЛЕМ КАПИТАЛ  И  СО МНОГУ ПАРИ. ЗА ФЕСТИВАЛОТ  КОЈ  ЗА ВОЛЈА НА  ВИСТИНАТА НИЗ ГОДИНИТЕ ГО НАПРАВИ ПРИЛЕП ПРЕПОЗНАТЛИВ И ВО МАКЕДОНИЈА И НА БАЛКАНОТ ИМА УШТЕ МНОГУ  ИНТЕРЕСНИ  ПИКАНТЕРИИ  КОИ ВЕРУВАМ СО ЗАДОВОЛСТВО ЌЕ ГИ ЧИТАТЕ ВО ИДНАТА КОЛУМНА. ЗА ТОА ДАЛИ НАВИСТИНА ОВА БАРАЊЕ Е МОЛБА ЗА СПОНЗОРСТВО НА „ПИВОФЕСТ“ ИЛИ ЧАРШИЈАТА ГО ЧУВСТВУВА КАКО ЧИСТО РЕКЕТАРСТВО. ЗА ТОА КОЈА Е „МУВАТА НАПЛУВКА“ ВО ПИВОФЕСТ. ЗА ТОА КОЈ НА КОГО МУ ЈА ТРАСНАЛ  ВРАТАТА ПРЕД НОС И ТОА ПРЕД ОФИЦИЈАЛНО ДА СЕ ОТКАЖЕ ГОДИНЕШНИОТ „ПИВОФЕСТ“!!! И ЗА ВЕТУВАЊАТА НА БОКИ ДЕКА ЕПТЕН МНОГУ  ЌЕ ГО ВРАТЕЛ АВТЕНТИЧНИОТ ЛИК, А СО ТОА И СЈАЈОТ НА „ПИВОФЕСТ“.

 

  • ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ  МЕЃУ ПРВИТЕ, АКО НЕ И ПРВ, НА СВОЈОТ ФБ ПРОФИЛ ОБЈАВИ ДЕКА СЕ ОДЛОЖУВА ГОДИНЕШНИОВ ФЕСТИВАЛ НА ПИВОТО И СКАРАТА. ПРВО ПОМИСЛИВ ДЕКА ЦАКИО ДОБИЛ УШТЕ ЕДНА ФУНКЦИЈА-ПОРТПАРОЛ НА „ПИВОФЕСТ“, ЗА ПОТОА, НА ИСТИОТ НЕГОВ ФБ ПРОФИЛ, ДА ПОЈАСНИ: „ВМРО-ДПМНЕ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ГО ДОСТИГНАА ДНОТО!!! ПРИЛЕП СЕ СРАМИ ОД ВАС “. ПА МУ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕ: „ДАЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВЧЕСКИ ЌЕ СОБЕРЕ ХРАБРОСТ, ЌЕ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА И ДАЛИ ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО СВОЈАТА ПРИВАТНА АМБУЛАНТА?!? ЈА ЧИТАМ ФБ ОБЈАВАВА ОД ЦАКИО И СЕ ПРАШУВАМ: ДАЛИ ЦАКИО ЗНАЕ ШТО Е ОДЛОЖУВАЊЕ, А ШТО ОТКАЖУВАЊЕ?!? СЕ ОБИДОВ И ТЕЛЕФОНСКИ ДА МУ ПОСТАВАМ НЕКОЛКУ ПРАШАЊА. АМА  ЦАКИО ЗНАЕ ДЕКА МНОГУ ТЕШКО МОЖЕ ДА СЕ РАЗБЕРЕ, А БИ РЕКОЛ УШТЕ ПОТЕШКО ЌЕ МУ БИДЕ ДА МИ ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊЕТО, ПА РЕШИЛ ДА НЕ СЕ ЈАВУВА. АМА  ЕВЕ, ПАК ЈАВНО ЌЕ МУ ПОСТАВАМ ПРАШАЊЕ: ДО КОГА МИСЛИШ  ЗА ВАКВИТЕ И СЛИЧНИ ПРОМАШУВАЊА НА БОКИО И НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ  ДА МОЛЧИШ, И ДА ГИ ЗАМАЈУВАШ  ЧЛЕНСТВИТЕ И ПРИВРЗАНИЦИТЕ  НА СДСМ, КАКО  И ГРАЃАНИТЕ СО ФБ ОБЈАВИ? ДА БЕШЕ СИТУАЦИЈАТА ОБРАТНА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ВЕ  РАСПНЕШЕ НА КРСТ  СО ИЗЈАВИ И СО ПРЕСОВИ. ПРИТОА, ЦАКИО, УПОРНО СО МЕСЕЦИ СИ МОЛЧИ  ЗА ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ГРАДОТ. СЕ ПРАВИ  НА „МУТАВ“ И СИ ТЕРА „МАГАРЕНЦЕТО“ ПО ТВОЈОТ ПАТ. СЕГА ВЕЌЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ СЕ СОМНЕВАМ И ГЛАСНО РАЗМИСЛУВАМ!!! АБЕ ОВОЈ ЦАКИОВ  ДА НЕ Е ПЛАТЕН ИЛИ ПРЕПЛАТЕН ОД НЕГОВИВЕ ПРИЛЕПСКИ КОЛЕГИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ОВА НЕМА ДА ГО ПРАВИ?! ЗАТОА МИСЛАМ ДЕКА КАКО ШТО БАРА НА ФБ ОСТАВКА ОД БОКИО, НАЈДОБРО Е ДА СИ ПОДНЕСЕ САМ БЕЗ ФБ ОБЈАВИ. И ТОА  ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ. ВЕРУВАМ ДЕКА ВАКВА ХРАБРА ОСТАВКА  НА ЦАКИО ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ  ЌЕ БИДЕ ПО ПЛОДОТВОРНА И ЗА ПАРТИЈАТА И ЗА ВМРО-ДПМНЕ И ЗА ДЕМОКРАТСКИ ПРИЛЕП.

 

  • НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ВО ПЕТОКОТ ПРИСУСТВУВАШЕ НА СОСТАНОКОТ НА МАКЕДОНСКО-ТУРСКАТА СТОПАНСКАТА КОМОРА ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО  ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА ГРАДОТ И ЗА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН. ОВА НАВИСТИНА Е ДОБРО И ВООПШТО НЕ Е ПРОБЛЕМ. НАПРОТИВ, СТАНУВА ЗБОР ЗА ДОБАР И КОРИСЕН  ПОТЕГ. СО  ШТО СЕ ПОТВРДУВА  ГОТОВНОСТА ДА СЕ ПРИФАТАТ  МОЖНИ ТУРСКИ  ИНВЕСТИТОРИ  ВО ПРИЛЕП И ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН. ЕДИНСТВЕН ПРОБЛЕМ Е ШТО  БОКИО НА ОВАА СЛУЖБЕНА СРЕДБА  ВО СКОПЈЕ ВО СВОЈСТВО НА ШОФЕР ГО ВОЗЕЛ  ДИРЕКТОРОТ НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ИГОР ГУЛАБОСКИ. ЛИЧНО СУМ УБЕДЕН ДЕКА НОВАТА ПРИВРЕМЕНА ДОЛЖНОСТ ГУЛАПЧЕТО ЈА ИМА ИЗВРШЕНО ЕПТЕН БЕСПРЕКОРНО. ИЛИ ТОЛКУ  ДОБРО И СИГУРНО  ГУЛАБО ГО  „ИЗВОЗИЛ“ БОКИО ДО И ОД СКОПЈЕ ШТО ПОЗНАВАЧИТЕ НА ШОФЕРСКИОТ ЗАНАЕТ  ТВРДАТ ДЕКА ПОДОБРО БИ БИЛО ИГОРЧЕ  ДА МУ БИДЕ ПОСТОЈАНО ЛИЧЕН ВОЗАЧ  НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОД КОЛКУ СЕГАШНАТА  ФУНКЦИЈАТА  – ПРВ ЧОВЕК  НА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА!?! ДА БИДЕ РАБОТАТА ПОЈАСНА: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИМА ПРАВО САМ ДА ИЗБИРА КОЈ ЌЕ ГО ВОЗИ!!! ОСОБЕНО, АКО ОПРАВДАНО  ОТСУСТВУВА НЕГОВИОТ ЛИЧЕН ШОФЕР, ИНАКУ ЧОВЕК ОД ДОВЕРБА, КОЈ НЕ  Е ПОСТОЈАНО  ВРАБОТЕН, ТУКУ, СО ДОГОВОР НА ДЕЛО. ПОКРАЈ ОВА, БОКИО ИМА ПРАВО И МОЖЕ ДА ИЗБЕРЕ  АВВТОМОБИЛ И ЕДЕН  ОД ТРОЈЦАТА  ВРАБОТЕНИ  ВОЗАЧИ ВО ОПШТИНАТА.  ПЛУС- ЕДЕН КОЈ МУ БЕШЕ ПОСТОЈАН ВОЗАЧ НА  МАРЈАН РИСТЕСКИ, А СЕГА РАСПРЕДЕЛЕН ВО ДРУГО ОДДЕЛЕНИЕ. НО, ЗА МНОГУМИНА  Е  ИНТЕРЕСНО И СИМПТОМАТИЧНО КАКО ТОА ОД СИТЕ ВРАБОТЕНИ ШОФЕРИ ВО ОПШТИНАТА , БОКИ ОДЛУЧИЛ  БАШ  ГУЛАПЧЕТО КОГО, ЈАС ГО ВИКАМ ПЛАЧКОТО, ДА МУ БИДЕ ШОФЕР НА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. КАКО ВИЦОТ СО ТРПЕ КОГА ПРДНАЛ НА ЧАС ПО МАТЕМАТИКА ТАКА И МНОГУМИНА ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ПОЧНАА ДА БАРААТ  ЛОГИКА ВО ОВОЈ ИЗБОР НА ВОЗАЧ ЗА ОВА ПАТУВАЊЕ. ЕДИНСТВЕНО ЛОГИЧНО РАЗМИСЛУВАЊЕ Е ДЕКА  БОКИО НАВИСТИНА НЕМА ВЕРБА И ДОВЕРБА КАЈ НИТУ ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА ВОЗАЧИ КОИ СЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ А, ЗЕМААТ ПЛАТА ОД ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ. АКО Е ТАКА,  ТОГАШ УШТЕ ПОЛОГИЧНО Е БАРЕМ ЕДЕН ОД ОВИЕ ОПШТИНСКИ ШОФЕРИ , СЕ РАЗБИРА АКО ИСПОЛНУВА УСЛОВИ, НЕКА ОДИ ЗА ДИРЕКТОР НА ВОДОВОД. А ИГОРЧЕ ОД ДИРЕКТОР ОД ВОДОВОД НЕКА СЕ ПРЕФРЛИ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И  НЕКА БИДЕ РЕЗЕРВЕН ВОЗАЧ ОД ВИСОКА ДОВЕРБА НА НЕГОВИОТ ДРУГАР, БОРЧЕ, НА НАШИОТ МИЛ САКАН И ПОЧИТУВАН ГРАДОНАЧАЛНИК.

 

  • ВО МИНАТИТЕ НЕКОЛКУ КОЛУМНИ НЕКОЛКУ ПАТИ ЈАВНО ПРАШАВ: ДАЛИ ОД ТИЕ СОВЕТНИЦИ КОИ ШТО ВЕТУВАА ДЕКА ЌЕ ГИ СПОНЗОРИРААТ ПАРИТЕ ОД СОВЕТНИЧКИОТ  ПАУШАЛ ОД 20.000 ДЕНАРИ НЕКОЈ СИ ОСТАНА НА ЗБОРОТ?!? ЕДИНСТВЕНО ПОТВРДА ОД ЕДНО УЧИЛИШТЕ ДОБИВ ЗА СОВЕТНИКОТ  ОРТОПЕД ДОКТОР КИРЕ ЈОНОСКИ. А ДЕНОВИВЕ ЛИЧНО И ОД ЈОНОСКИ И ТОА СПИСОК ОД БАНКА, НО СО ИМЕ ПРЕЗИМЕ И ДАТУМ, КАДЕ ОВОЈ СОВЕТНИК ДОНИРАЛ ПАРИ – ДО ДЕНАР ОД ДОСЕГА СИТЕ ЗЕМЕНИ СОВЕТНИЧКИ  ПАУШАЛ!!! ОВОЈ НАШ МЛАД ПРИЛЕПСКИ ДОКТОР СРЕДСТВАТА  ГИ ИМА ВЛОЖЕНО  КАЈ МНОГУ СЕМЕЈСТВА СО БОЛНИ ДЕЦА, КАЈ ПОЕДИНЦИ И ФАМИЛИИ  КОИ НАВИСТИНА СЕ  БОРАТ  ЗА ОСНОВНА ЕГЗИСТЕНЦИЈА. ДОНИРАНА Е ПОМОШ КАЈ СЕМЕЈСТВА НА КОИ ИМ  ИЗГОРЕЛЕ  КУЌИ И УНИШТИЛЕ ПОКУЌНИНИ. НА МЕСТА КАДЕ ШТО НАВИСТИНА БИЛА НЕОПХОДНА ПОМОШ. СО ОВА, МАЛ ФИНАНСИСКИ, НО СЕПАК  ГОЛЕМ ЧОВЕЧКИ ГЕСТ, СОВЕТНИКОТ РЕАЛИЗИРАЛ НАД 110 ДОНОАЦИИ. ГО  ГЛЕДАМ СПИСОКОТ НА РЕАЛИЗИРАНАТА ХУМАНИТАРНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ И СИ ВЕЛАМ:  АКО ОРТОПЕДОТ ДОКТОР КИРЕ ЈОНОСКИ ГО НАПРАВИЛ ОВА, ВО ОВОЈ НАШ ПРИЛЕПСКИ СОВЕТ ИМА  ДРУГИ ДОКТОРИ ?!? ЗНАМ  ДЕКА ИМА. ПО СЕ’ ИЗГЛЕДА И ДРУГИТЕ НЕГОВИ КОЛЕГИ САКААТ ДА ГО СЛЕДАТ НЕГОВИОТ ПРИМЕР, АМА ВО ЏЕБОВИТЕ ИМААТ „ЗМИЈА“!!! ВО СОВЕТОТ ИМА И БИЗНИСМЕНИ И ТОА СО ДЛАБОКИ ЏЕБОВИ. И ТИЕ САКААТ, АМА КАЈ НИВ ВО НИВНИТЕ ЏЕБОВИТЕ НАЈВЕРОЈАТНО  ИМААТ ГОЛЕМИ „КРОКОДИЛИ“. НЕКОИ НАВОДНО  ВЕТИЈА, АМА НА ЗБОРОТ НЕ СИ ДОСТОИЈА. ОТИ КАЈ НИВ ВАЖИ САМО ЕДНО ПРАВИЛО: САКАМ ДА ДАДАМ – АМА ДУША НЕ МИ ДАВА!!!!

 

  • УПИСОТ НА НОВИ СРЕДНОШКОЛЦИ ЗАВРШИ. МОЛК, НО И ГОЛЕМА  ЗАГРИЖЕНОСТ ВО  УЧИЛИШТАТА И  МЕЃУ НАСТАВНИЧКИОТ КАДАР. ИАКО ИМА СЕУШТЕ СЛОБОДНИ МЕСТА ВО ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, КАКО ШТО СЕ ОЧЕКУВАШЕ, НАЈДОБРО МИНАА ЕЛЕКТРО МАШИНСКИОТ УЧИЛИШТЕН  ЦЕНТАР   „РИСТЕ РИСТЕСКИ –РИЧКО“, СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ И СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“. ВРЕМЕТО НА КРЕМ МОМЧИЊАТА И ДЕВОЈКИТЕ ОД ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ И ЕКОНОМСКОТО УЧИЛИШТЕ „КУЗМАН ЈОСИФОСКИ-ПИТУ“ ЗАВРШИ. ВО ГИМНАЗИЈАТА СЕ ЗАПИШАНИ САМО 115 НОВИ ГИМНАЗИЈАЛЦИ, А ВО ЕКОНОМСКОТО УЧИЛИШТЕ ОКОЛУ 60 ИСКУСНИ  ПРОФЕСОРИ И НАСТАВНИЦИ, ЧАСОВИ ЌЕ ИМ ДРЖАТ НА САМО 40 НОВОЗАПИШАНИ УЧЕНИЦИ. АКО ВО ОВАА СИТУАЦИЈА СЕ ФОРМИРААТ ЧЕТИРИ КЛАСА, ТОГАШ ЕДЕН КЛАС БИ ИМАЛ НАЈМНОГУ ПО 10 УЧЕНИЦИ. ОВА ГО НЕМА НИ ВО НАЈСКАПОТО ПРИВАТНО УЧИЛИШТЕ ВО НАЈБОГАТАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ, А НЕ ВО ДРЖАВНО УЧИЛИШТЕ. ЗАТОА, САМО ПО СЕБЕ ПРОИЗЛЕГУВА ПРАШАЊЕТО – ТОЛКУ Е БОГАТА ДРЖАВАВА И ОПШТИНАВА!?! НЕКОГАШ ОВИЕ ДВЕ УЧИЛИШТА БЕА ЕЛИТНИ, НАДЕЖНИ И ПЕРСПЕКТИВНИ. НО, СЕГА Е ДРУГО ВРЕМЕ, ВО КОЕ СЕ БАРААТ НОВИ СТРУКИ, СРЕДНО СТРУЧНИ И ВО СОЗДАВАЊЕТО НА КАДРИ. НЕКОГАШ,  ОД 180 ДО НАД 190 БЕА БРОЈКИ СО КОИ ПРИ УПИСОТ НА УЧЕНИЦИ СЕ КАЛКУЛИРАШЕ ВО ГИМНАЗИЈАТА. А ОД 120 ДО 150 ВО  ЕКОНОМСКОТО УЧИЛИШТЕ. ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗАСЕГА ГИ СПАСУВА „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ И „РИСТЕ РИСТЕСКИ – РИЧКО“. НО САМИОТ ФАКТ ОД ОКОЛУ 550 ПРВАЧИЊА СПОРЕД КАПАЦИТЕТОТ НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ГРАДОТ Е АЛАРМ. ТОЈ ГИ  ПРЕДУПРЕДУВА  ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, ПОЛИТИЧАРИТЕ И НИВНИТЕ ПРИВРЗАНИЦИ – ТРГНЕТЕ ГИ РАЦЕТЕ ОД ОБРАЗОВАНИЕТО И НЕ БИДЕТЕ ТИВОК ДВИГАТЕЛ НА САМОУНИШТУВАЊЕТО! БИДЕЈЌИ, КАКО ТРГНАЛА РАБОТАТА БРЗО ДОАЃА ВРЕМЕТО КОГА НАМЕСТО 550 ВО ГРАДОВ ИЛИ ЌЕ ИМА, ИЛИ ЌЕ НЕМА, 400 ПРВООДЕЛЕНЦИ, ПА СРЕДНОШКОЛЦИ И ИДНИ  АКАДЕМСКИ КАДРИ. КОГА ВО ОВИЕ КОЛУМНИ ПИШУВАВ ЗА НАГЛОТО ИСЕЛУВАЊЕ ОСОБЕНО ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА  ЛЕТОВО, КОГА  НАД 3000 НАШИ СОГРАЃАНИ  СПАСОТ ВО ЕГЗИСТЕНЦИОНАЛНИОТ ОПСТАНОК ГО ПОБАРАА ВО ХРВАТСКА „УПАТЕНИ“ КОМЕНТИРАА: ОД КАДЕ СУМ ГИ ИЗМИСЛИЛ ТИЕ БРОЈКИ? ОД СУДОТ, ОД ОФИЦИЈАЛЕН ОРГАН, ОД КАДЕ  БЕА ДОСТАВЕНИ МНОГУ ПОВЕЌЕ БАРАЊА ОД ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗА ДА ДОБИЈАТ  ДОКУМЕНТ ЗА  НЕОСУДОВАН – ОСНОВНА ПОТВРДА ЗА  РАБОТА ВО СТРАНСТВО. СЕГА ГИ ПРАШУВАМ СИТЕ ТИЕ ШТО КОМЕНТИРАА: КАДЕ НИ СЕ ДЕЦАТА, КАДЕ НИ Е ИДНИНАТА? И НА КРАЈ, ВО ИДНИНА, ОСОБЕНО АКО ПРОДОЛЖИ ОВОЈ ТРЕНД СО ИСЕЛУВАЊЕ  ЌЕ ИМ ПРЕДАВААТ НАШИТЕ ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ  НА ПРАЗНИТЕ КЛУПИ, НА ЅИДОВИТЕ ?!?

 

  • ФЕСТИВАЛОТ НА НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ И ПЕСНИ „ПЕЦЕ АТАНАСОСКИ“ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ПРИЛЕП И ДОЛНЕНИ. ГАЈДИТЕ ЌЕ ГО ОЗНАЧАТ ПОЧЕТОКОТ НА ДВАТА ФЕСТИВАЛСКИ ДЕНОВИ. ПРИЛЕПЧАНИ ВО НАШ АВТЕНТИЧЕН МАЈТАПСКИ МАНИР ВЕЛАТ: СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ЕДЕН МОМЕНТ ДА ГИ „ОПНАТ“ ГАЈДИТЕ – МАЛКУ ЌЕ БИДЕ ДА НЕ ИСТАЖАТ И ИЗЖАЛААТ ЗА ТОА ДО КОЕ ТЕРЕЏЕ СМЕ ДОЈДЕНИ!!!

 

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп објави јавен повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипеди

Пела Редакција

Бројот на активни Ковид случаи во Прилеп изнесува 160

Елизабета Филипоска

Прогласена тридневна жалост на целата територија на Македонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе