30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Ќе се уништуваат глодарите – започнува превентивна дератизација на канализација

Во периодот од 12 ти март 2025 до 04 април 2025,  ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје – Прилеп ќе ја спроведува пролетната превентивна систематска дератизација. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци, а ќе се третираат подземниот канализационен систем во градот и градската депонија Алинци. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци (родентициди).

 „

Со цел успешно спроведување на дератизација, како и да се избегнат евентуалните несакани последици граѓаните треба да ги преземат следните мерки: 

  • Во текот на спроведувањето на дератизација да се оневозможи присп на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес. 
  • Строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци. 
  • Да се оневожможи контакт на домашните животни со родентицидните мамци.

Доколку граѓаните не се придржуваат на мерките ЦЈЗ -Прилеп се оградуваат од секаква одговорност при појава на несакани последици,“ стои во соопштението од ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје – Прилеп.  

Би можело да ве интересира

Водата не е исправна во локален водоснабдителен систем с.Алинци

Пела Редакција

(Видео)Прилеп и ООУ Гоце Делчев им оддадоа почит на македонските великани !

ДЗС: Локализирани двата пожари во крушевско

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе