29.8 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Почна реконструкцијата на улицата „Леце Котески“

Втор ден екипа на изведувачот на градежните работи за реконструкција на влезната улица „Леце Котески“ го гребе асфалтот од почетокот на улицата после железничката пруга, кај Витаминка, кон излезот на Прилеп.

Инвестиција е преку 48 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски преку Светска банка. Предвидено е покрај рехабилитација на основниот коловоз со широчина од 6,5 м да се изгради и нова пешачка и велосипедска патека (широчина 3 м) во должина од 2,134 километри. Предвидено е поставување 72 сливници за прибирање на атмосферската вода.

Според планот реконструкцијата треба да заврши за 10 месеци.

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Kој освен медиумите денеска уште работи без пари? (oдговор на писмото од новинарските и медиумски организации напишано без новинарите и медиумите)

Тутунарите протестираат – сообраќајот на Плетвар во застој до 16 часот

Појавата на рој црни мушички во воздухот ги вознемири прилепчани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе