Советот на Општина Новаци на 31 – вата седница ја разгледа и усвои Стратегијата за локален економски развој на Општина Новаци за периодот 2023-2028 година. На изготвувањето на овај стратешки документ му претходеше едногодишна работа со многубројни истражувања и собирања на податоци при што беше направена SWOT aнализа на Општина Новаци, дефинирана беше визијата за тоа каде се гледа локалната самоуправа во овој петгодишен временски период, определени се 4 стратешки цели и изготвен е акционен план со детален план на активности за секоја од целите поединечно. Вкупната финансиска вредност на Стратегијата за ЛЕР 2023-2028 за Општина Новаци изнесува 404.629.348,00 денари.
Советниците беа запознаени со постапката за формирање на меѓуопштинско ( регионално) јавно претпријатие за управување со отпад. Беше разгледана и донесена Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година како и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 година.
И оваа година беше донесена одлука за одобрување на финансиски средства за ученици запишани во прво одделение во ООУ ,,Славко Лумбарковски“-Новаци и неговите подрачни училишта. Советот на Општина Новаци го разгледа и донесен годишниот план за вработување за периодот 2023/24 година на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци, програмата за измена и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини) на територијата на Општина Новаци за 2023 год. на ЈПКД „ Комунална хигиена“ – Новаци, програмата за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2023 година, програма за управување со животна средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во Општина Новаци за 2023 година; беше разгледана и донесена Одлука за започнување на постапка за давање под закуп на недвижни ствари – деловени простории.
Советниците ја разгледаа и ја усвоија Финансиска програма за сезоната 2023/2024 год. на ЗФК „Новаци 2005“ – Новаци, а ги разгледаа и барањата од Здружение на Пелагониски културно-научни средби при Општина Новаци за финансиска помош за печатење на Зборник од Пелагониските средби одржани 2022 год.и барање од Лиле Симоновска од Скопје за ослободување од сметка од ЕВН за улично осветлување.