11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Поради топлотниот бран Општина Прилеп ги ослободи од работни обврски бремените жени и лицата над 60 години

Поради топлотниот бран, почитувајќи го Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, Општина Прилеп и ЈКП од Прилеп , како работодавци, два работни дена, ги ослободија од работни обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години кои се ангажирани во овие локални институции

„Ние како локална самоуправа, во координација со  Црвениот крст – Прилеп организирано ќе пружиме помош на стари, изнемоштени лица и бездомници. На неколку места од центарот на градот ќе бидат поставени и пунктови со вода, иако препораката за избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот ,важи за сите граѓани“ -посочи градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Воедно, поради препораките за  избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот се запираат сите активности во овој период кои се однесуваат на работата на градежните работници, вклучително и работата на работниците на патната локална инфраструктура, со цел заштита на работниците од топлотниот бран.

Мерките се од времен карактер и ќе траат  четири дена, од 13 – 16 јули, односно  следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.

Времето денеска ќе биде особено топло во целата држава, а в петок  температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ зрачањето ќе изнесува 10.

Би можело да ве интересира

Смилеска: Во најоптимални услови, утре ќе проработи системот на парно греење во болницата!

Гордана Цветаноска

Прилепските стопанственици на работна средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ

Гордана Цветаноска

Пачешкоски поставен за генерален извршен директор на Тутунски Комбинат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе