26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

ВНИМАТЕЛНО:Топлотниот бран ја зголемува опасноста од пожар на отворено

Територијалната противпожарна единица Прилеп апелира до граѓаните на Прилеп, Кривогаштани, Долнени и до жителите од сите населените места да се однесуваат одговорно при  движење во природа да не предизвикаaт пожар, особено во овој период кога Пелагонија е во портокалова зона.

„Со зголемени високи температури се зголемува и опасноста од пожари на отворен простор. Aпелираме до сите граѓани да се однесуваат одговорно и при своето движење во природа да внимаваат да не предизвикаaт пожар. Доколку забележите пожар, веднаш пријавете на броевите 193 и 112 . Дадете точни информации за локацијата на пожарот и неговата големина, за полесно итервенирање на ТППЕ. Загубите од пожарите на отворен простор се многу големи и многу тешко надоместливи, да ја сочуваме природата да го сочуваме нашето шумско богатство – нашите бели дробови“-апелираат од ТППЕ – Прилеп

Времето денеска ќе биде особено топло во целата држава, а в петок  температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ зрачањето ќе изнесува 10.

Би можело да ве интересира

Општинскиот кризен штаб заседаваше, активни 2 пожари во прилепско

За 6 месеци 134 дилери на дрога уапси полицијата од СВР Битола

Жељко Јоксимовиќ на третата вечер од Пивофест

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе