8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Породожува одлуката за ослободување од работа на најранливите категории граѓани-почна забраната за движење во шуми

Поради топлотниот бран што ја зафати земјава, продолжува одлуката на владата најранливите категории граѓани да бидат ослободени од работа, особено бремените жени и лицата над 60 години,  а во установите за згрижување на децата да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Препораките важат до 25 јули до следни одлуки.

Сите правни субјекти што вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници – стои во соопштението од Владата.

Од денеска важи и забраната за движење во шумите. На вчерашната седница, Владата ги задолжи оние што стопанисуваат со државните шуми, согласно со Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите.

Би можело да ве интересира

Велосипедска трка Сава Мариово тур

Пела Редакција

Прилепската касарна денес во чест на патронот Мирче Ацев

Елизабета Филипоска

Советот на општина Прилеп ја одржа 10 тата седница

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе