11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео/Фото) Европско училиште во прилепски рамки

ООУ „Климент Охридски„ го заврши проектот “Парк за родителите и децата со посебни образовни потреби”

Директорот, Ахил Јаков се заблагодари на локалната самоуправа и Градоначалникот на Прилеп за поддршката, и напиша на својот фејсбук профил „Инспирацијата постои, но треба да ја најдеш работејќи……Секогаш изгледа невозможно додека не се заврши..„

 А, завршеното е изненадувачки импресивно, осмислено и реализирано – убаво, и, за институцијата, и за околината!

.

Паркот е тревнат, со клупи и декорации, каде може да се изведува и практична настава, со можност, ученицие да уживаат во зеленилото,убаво уредените патеки и осмислени содржини. Но, како што е и проектот, паркот и училишниот двор, вака уреден, е и за родителите, и за сите деца. А, неговото оддржување останува како грижа на сите, кои ќе сакаат да се одморат и да уживаат во парковскиот двор на основното училиште, кое сега наликува на европско, а е во Прилеп.

„Училишниот двор и спортското игралиште учениците и сите деца можат да ги користат сега секој ден од 7 часот до 19 часот. Нашата цел е сите деца да имаат одлични услови за работа,  уредено училишен и двор, да имаат квалитетно училишно катче за учење и да имаат образовна институција во која ќе минат пријатни часови во текот на денот, со квалитетни техничко – хигенски услови, и внатре , и надвор од училиштето, а пред се’ да бидат безбедни.“ велат од ООУ „Климент Охридски“, кои училиштето го направиле вистински „рај за очи“ !

Преку денот убаво, чисто и зелено ,  а навечер пријатно, хармонично осветлено – ООУ Климент Охридски Прилеп!

За почетоците и крајот на еден осмислен и реализиран проект:

 

Би можело да ве интересира

Три прилепски компании доделија стипендии за најдобрите студенти на Економскиот факултет

Гордана Цветаноска

Доделени 19 дипломи и вредносни ваучери на првенците на генерацијата прилепски основци и средношколци

Гордана Цветаноска

Св. Кирил и Методиј и личната жртва и посветеност за издигнување на словенските народи од мракот на неписменоста

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе