23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Промоција на две книги и две изложби од прилепчанката Марија Ѓорѓиоска

Синоќа во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ се одржа промоција на две стихозбирки „Животни патила“ и „Сестри“ од прилепската авторка Марија Ѓорѓиоска. Верче Исакова, беше промотор на стихозбирките, а извадоци од песните рецитираа Павлинче Чочкова и Наум Ѓорѓиески. На промоцијата настапи пејачката група на Здружението Преродба.

Многу емоции, спомени, песни, а промоцијата беше збогатена со две изложби од слики на авторката Ѓоргиоска и од фотографии. И двете стихозбирки пренесуваат длабоко емотивни ноти за семејството, за љубовта, за тагата, за посебната врска проткаена во сестринската љубов. Во стихозбирката „Сестри“ се поместени 15 песни од Трајче Зуљамоски, спомени посветени на неговата сопруга Цене Зуљамоска, една од трите сестри на Марија.

Марија Ѓорѓиоска е автор на осум романи и повеќе стихозбирки, меѓу кои “Гнило гнездо”, “Бабините бисерни обетки”, “Аманет”, “Седум години”, “Искри од душата”, “Треперење” и др. Добитник е на повеќе награди и признанија. Член е на Клубот на литературни творци – Прилеп. Освен што пишува таа и слика. Имала 12 самостојни изложби и девет групни. За творештво доби третоноемвриската награда во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Дизелот поевтинува, бензините со исти цени

Поради протест на вработените два дена Прилеп ќе нема градски превоз

Пела Редакција

Од вчера до денес – палењето гуми не е само незаконско тоа е чин на еколошко насилство

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе