10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Пет лица каснати од змии во Пелагонија

За 3 недели имало пет каснати од змии во прилепско. Обично се тоа луѓето кои работат во полињата,но потребно е внимателност при движењето во поле или шума. Лицата каснати од змија не завршиле фатално, но три случаи се префрлени на клиниките во Скопје.

„Пациентите се жалаат на каснувања од инсекти. Паниката е многу поголема од здравствениот проблем. Битно е првилен одговор на лекарот. Кај пациентите каснати од змии, за среќа немаа фатални компликации. Се препраќаат на инфективното одделение, три случаи пративме на клиниките во Скопје. Беа во добра здравствена состојба, се дава серум, се снаоѓаме. Во прилепско најмногу ја има отровната змија поскок, но битно е пациентот да не паничи и да даде вистински одговори за да реагираме“, објаснува д-р Даниел Аврамовски.

За 60 отсто се зголемени интервенциите на службата за Итна медицинска помош во Прилеп и за 20 до 30 повеќе амбулантски прегледи на пациенти од вообичаеното. Во викендот интервенциите и повиците се повеќе.

prezemeno od Faktor.mk 

Би можело да ве интересира

Ќе се врши ревизија на парите потрошени за мостот кај „Сточен пазар„ и за целокупното финансиско работење на предходната локална власт

Елизабета Филипоска

По 14-ти пат се одржува манифестацијата “Медот и пчелните производи – инвестиција во вашето здравје” (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

(видео+фото) Радост донесоа и го најавија Христовото раѓање – Бадниковите поворки во Прилеп со над 300 дечиња

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе